fbpx

ШТО ВЕ МОТИВИРА?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

„ШТО ВЕ МОТИВИРА?” – тоа e клучното прашање кога сакате да го смените животниот стил. Одговорот на ова прашање е КАМЕНОТ ТЕМЕЛНИК на секој процес на промената на навиките и стекнувањето подобро здравје. Постојат две фази.   ПРВАТА е да седнете и да размислите што НАВИСТИНА ве мотивира? Ова не е лесно прашање, не очекувајте туку така да ви падне вистинскиот одговор. Дали е да сте здрави за да бидете со вашите деца или внуци? Дали сакате да смените нешто за да изгледате подобро? Дали сакате да направите промени заради да се чувствувате подобро? Или едноставно, сакате да изгледате подобро од некого, и тоа е валидна мотивација за некого 🙂 Пресудно за успехот е да го најдете ТОЧНИОТ одговор бидејќи кога ќе има кризи (А СИГУРНО ЌЕ ГИ ИМА!) – ЕДИНСТВЕНОТО кое ќе ви помогне во тие моменти е ако се сетите на вашата мотивација. Пример, нема да ви се пешачи баш тој ден, ќе дојдете во криза за некоја сосема нездрава храна… ќе издржите САМО ако сте ја нашле вистинската мотивација. Честопати кај мене доаѓаат загрижени мајки, сопруги, баби – со желба да им се помогне на нивните најблиски. НО, ако самиот човек одбива да му се помогне и да ги смени навиките – веројатноста за успех е мала. ВТОРАТА фаза, откако сте се нашле што ве мотивира, е да се ИЗЛОЖУВАТЕ редовно на вашата мотивација, да се потсетувате. Свесно и редовно изложувајте се на тоа што ве мотивира. Пример, ако сакате да смените навики за подобар изглед, тогаш застанувајте почесто пред огледало. Соочувајте се со проблемот и со мотивацијата. Самата непријатност и ќе ве мотивира. Ќе биде непријатно, пак повторувам, но таа енергија ќе ја трансформирате во волја за промени. Најлошото е ако се замижува пред проблемот или ако се самозалажуваме. Затоа, пред да се нафатите на било каков обид за промена на начинот на исхрана или физичка активност – ПРВО РАСЧИСТЕТЕ СО СЕБЕ: ЗОШТО сакате да смените нешто? Без добра мотивација – секој труд ќе биде залуден. Затоа, да почнеме: ШТО ВЕ МОТИВИРА? 🙂

Fibro Gel
Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X