fbpx

Што кажува ИЗГЛЕДОТ на изметот за вашето здравје?

tonus

Дигестивното здравје е особено значаен елемент за квалитетот на животот. Тоа не само што директно и индиректно влијае врз повеќе други здравствени аспекти, туку се вбројува и помеѓу најчестите нарушувања кои ги измачуваат луѓето – на пример констипацијата (запекот) и различните облици на дијареа.

[Поврзано: Што треба да знаете за дијареата?; Запек – нередовна и тврда столица – како да си помогнете?]

Веројатно досега немате слушнато, но постои еден интересен и доста корисен индикатор за дигестивното здравје – т.н. Бристолска скала. Оваа скала го евалуира фецесот според одредени критериуми.

"“Online”/

Фецесот може да се разликува според обојувањето, текстурата, количеството и мирисот. Разликите кои се јавуваат знаат да изгледаат загрижувачки, но најчесто брзо поминуваат. Сепак, некогаш промените во столицата можат да укажат на посериозни здравствени состојби.

Што е Бристолска скала?

Бристолска скала на изметот (BSS) е критериум за проценка на столицата и претставува дијагностичка медицинска алатка дизајнирана за класифицирање на човечкиот фецес во 7 категории.

Таа е дизајнирана од еден британски доктор и нејзината примарна цел е да биде прв индикатор за здравјето на човековите црева. Критериумите на оваа скала се користат во клиничките и експериментални области на медицината, а од најголема помош им се на самите пациенти во полесното објаснување на своите тегоби со цревата. Докторите преку оваа скала можат многу полесно и на стандардизиран начин да ги опишат дијареата и запекот, но и полесно да забележат некое посериозно заболување.

Што сè може да се подразбира под нормална столица?


Кои работи во врска со празнењето се нормални и не треба да ви предизвикаат загриженост:

• Умерено, до темно кафено обојување – поради пигментот билирубин, што се формира со распаѓањето на еритроцитите (црвени крвни клетки).

• Бојата на фецесот може да варира во зависност од консумираната храна или некои медикаменти–
зелена, бело-сивкаста, црвена, жолта. Сепак, ако не знаете дека не сте консумирале некаква пигментирана храна или специфични лекови, можно е да се работи за некаков здравствен проблем, особено ако столицата е обоена подолг период:

црно обојување: ретко претставува проблем, но ако трае подолг период, може да индицира посериозни проблеми (некакво внатрешно крварење), особено ако потсетува на бојата на кафето.

црвено обојување: може да укаже на одредено гастроинтестинално крварење, најверојатно поради хемороидите.

бледо (бело, сиво или жотеникаво) обојување: може да индицира некакви проблеми со црниот дроб, панкреасот или жолчното кесе. Лошата дигестија на мастите исто така може да биде причина.

зеленкасто обојување – потенцијални проблеми со дигестијата, како на пример недоволно лачење на жолчни киселини, но и Кронова болест, целијакија итн.

портокалово обојување – проблеми со жолчката.
                                                                
• Силна непријатна миризба
– поради присутните бактерии кои продуцираат гасови со непријатен мирис. Сепак, во некои ситуации непријатниот мирис, особено ако се јави нагло или придружен со промени во обликот и бојата, може да укажува на некаков здравствен проблем, како: Кронова болест, лактозна интолеранција, алергија на храна, но и на некои опасни инфекции. Ако забележите вакви промени, консултирајте се со вашиот лекар.

• Нормален притисок при празнење – празнењето на здравиот дигестивен систем не подразбира болки ниту преголем напор.

• Помека и столица со нешто потврда конзистенција

• Вршење нужда неколку пати во денот – повеќето луѓе имаат голема нужда еднаш дневно, но и повеќе од тоа не е ненормална состојба. Помалку од 3-4 пати неделно, веќе е загрижувачки.


Како изгледа претходно споменатата ,,скала”


Бристолската скала се базира на конзистенцијата и обликот на фецесот, па според тоа има 7 класификации:



Нашиот измет или подобро кажано фецес (столица) е рефлексија на процесот на варење кој се одвива во нашиот цревен систем, на нивото на физичка активност кое го имаме, начинот на исхрана, како и целокупно здравје.

Значи, покрај нашиот животен стил и дигестивно здравје (констипација, дијареа, Кронова болест, синдром на нервозни црева итн.), промените во обликот, обојувањето, па и мирисот на фецесот можат да укажат и на заболувања на тироидната жлезда, тешки бактериски, вирусни и паразитски инфекции, па дури и некои посериозни заболувања, како малигните.

За среќа, Бристолската скала може значително да би помогне во навременото  дијагностицирање на одредени заболувања, односно во пораното препознавање на некои состојби и навременото барање помош од стручни лица.

Што поточно значат броевите од Бристолската скала?

Броевите 1 и 2 означуваат состојба на констипација или запек. Кога го имате овој проблем фецесот останува подолг период во телото (дури и до неколку недели), односно во цревниот систем, па поголема е веројатноста од негово сушење и уништување на корисната бактериска микрофлора.

При ваков тип на фецес кој често се повторува или трае подолго, треба да побарате медицинска помош. Долготрајниот запек може да упатува на понатамошни проблеми, како ректално крварење, болки, хемороиди, хернии итн. Причините за ваквите проблеми најчесто лежат во неправилниот начин на исхрана, особено поради конзистентното намалено внесување на растителните влакна, но и физичката неактинвост или ,,седечкиот начин на живот”. Повеќе околу проблемите и решенијата за запекот, прочитајте тука.

[Поврзано: 5 практични совети за олеснување при ХЕМОРОИДИ]

Броевите од 3 до 5 укажуваат на нормален фецес, иако некогаш 3 може да значи запек, а 5 дијареа. Факторите како исхрана, хидрирање и физичка активност се главни во ,,одлучувањето” во кој дел од нормалните вредности на Бристолската скала ќе се најдете (помеѓу 3-5).

Броевите 6 и 7 упатуваат на проблеми со дијареа. Обликот кој го подразбира бројот 6 може да биде предизвикан од стрес (вклучително напорни активности) или нагли промени во начинот на исхрана. При овој случај столицата не останува доволно долго во дигестивниот систем, па телото не е во можност да ги апсорбира нутриентите,ниту течноста. При бројот 7 веќе станува збор за загрижувачки степен на дијареа. Во оваа состојба можна е силна дехидрираност. Одредени симптоми укажуваат на итна потреба од посета на стручно лице:

◦ дијареа што трае повеќе од 2 дена
◦ дијареа придружена со повишена температура/ повраќање/ силни болки во стомакот/ необични болки во ректумот
◦ крвава столица
◦ видливи знаци на дехидрираност – сува уста, слабост, збунетост, палпитации итн.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор