fbpx

Што може да најавуваат топлите бранови?

tonus

Ако сте жена на возраст од 45 до 65 години, огромни се шансите дека ви се случуваат т.н. топли бранови. Ако тие се со умерен интензитет и нередовни, не се причина за особена загриженост, но доколку се чести и поинтензивни, новите студии велат дека е најпаметно да направите превентивен преглед кај вашиот лекар.

Топлите бранови можат да бидат повеќе од симптом на менопауза

Истражувачите обрнуваат сé повеќе внимание на ризик-факторите за кардиоваскуларни заболувања кои се уникатни за жените, како што е раната менопауза (под 40 годишна возраст) и одредени компликации при бременост. Во последно време пак, вниманието е насочено кон најчестиот симптом на менопаузата – топлите бранови.

Иако во секој случај тие се непријатни, пристигнуваат сé поголем број на научни податоци според кои поинтензивните топли бранови можат да укажат на одредени кардиоваскуларни проблеми, вклучително срцев и мозочен удар, кои би се јавиле понатаму во животот на жената. Сепак, треба да се спомене- ова не значи дека сите жени кои имаат топли бранови, имаат зголемен ризик од срцеви заболувања.

"“Online”/

Индикатор на ,,затскриен” проблем


Топлите бранови се кратки епизоди во кои се јавува чувствуво на неконтролирано загревање на телото. Тие можат да траат неколку секунди, но и до неколку минути. Во текот на жешкиот бран, можно е вцрвенување на кожата и поинтензивно потење. По завршувањето на ваквите бранови, се појавува чувство на ладно и непријатност.

Ваквите бранови најчесто се јавуваат неколку месеци пред или по менопаузата, а кај некои жените тие можат да останат дури и со години. Зачестеноста на овие жешки бранови е навистина многу индивидуална. Кај некои жените тие се појавуваат и до неколку пати дневно, додека кај други може да се јават неколку пати годишно.

Сé уште не е целосно јасно што ги предизвикува, но експертите сметаат дека топлите бранови се резултат на намалените нивоа на естроген што делува на многу значаен дел од мозокот наречен хипоталамус. Покрај многуте други функции, хипоталамусот делува и како ,,термостат” на телото.

Кога хипоталамусот ќе забележи дека телото е презатоплено, ги поттикнува механизмите за ладење. Како дел од овие механизми, крвните садови се шират за да ослободат што е можно повеќе топлина. Експертите заклучуваат дека најверојатно постои нешто различно кај жените со почести и поинтензивни топли бранови, во однос на тоа како нивните крвни садови регираат на ,,наредбите” од хипоталамусот.

Што велат броевите на една американска студија?

Една студија од 2019 година објавена на конференција на Американсата заедница на жени во менопауза, вели дека честите и интензивни топли бранови (или медицински кажано вазомоторни симптоми) во периодот на менопауза се поврзани со зголемениот ризик од некакви кардиоваскуларни заболувања во текот на следните 20 години од животот на жената.

Студијата имала 3300 волонтерки и траела повеќе од 20 години . Жените имале од 42 до 52 години и биле пред влегување или во менопауза. Во периодот од 20 години, жените биле детално следени, а анализирано било и каква е поврзаноста на жешките бранови со кардиоваскуларните болести кои се појавиле кај некои жени во текот на студијата.

Анализата на оваа студија покажува дека жените кои имале почести и поинтензивни топли бранови, имале за 50% поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања, вклучително срцев и мозочен удар, во однос на оние кои немале вакви бранови или имале највеќе еден во две недели. Дополнително, утврдено било дека дури 80% од жените со интензивни и чести жешки бранови ќе страдаат од некакво срцево заболување во следните 20 години од животот, во споредба со оние кои немаат редовни вакви бранови.

Исто така, многу е важно да се каже дека ваквиот значително зголемен ризик не бил поврзан со стандардните ризик-фактори за кардиоваскуларни заболувања, како дијабет, гојазност или високи маснотии и крвен притисок. Споменатите броеви се посебен фактор кој сé уште е без конкретна објаснета причинско-последична врска.

Студијата се смета за доста релевантна бидејќи траела долг временски период, испитувани биле повеќе параметри, а застапени биле повеќе нации и раси.

Дали третирањето на жешките бранови може да го намали ризикот од срцеви заболувања?

Бидејќи сé уште не постојат директни докази за причинско-последичната врска помеѓу топлите бранови и срцевите болести, така не може да има препорака за нивен третман со намерата за превенција од споменатите заболувања. Значи, третирањето на овој  симптом на менопаузата засега останува само заради непријатноста. Повеќе за нехормонското третирање на симптомите од менопаузата прочитајте тука.

Краток заклучок


За експертите е евидентно дека постои одредена причинско-последична врска помеѓу интензивните топлински бранови и срцевото здравје, но потребни се уште доста истражувања.

Иако 50% зголемен ризик звучи доста страшно, генерално ризикот за срцеви заболувања од топлинските бранови останува релативно низок. Па што можеме всушност да извадиме како заклучок од новата студија?

Според експертите од студијата, пораката која може да се извлече од истражувањето е дека срцевото здравје треба да се сфаќа доста посериозно и периодот на менопаузата да биде период на преиспитување и заклучување на сите можни ризик-фактори (висок притисок, висок шеќер и холестерол во крвта итн) кои може да ги има една индивидуа за развој кардиоваскуларни болести. Ако имате чести и интензивни топлински бранови, обратете се за совет кај вашиот лекар.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор