fbpx

Што точно му прават ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ на вашето тело? Од глава до петици

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Покрај пандемијата со коронавирусот, светот од поодамна се соочува со уште еден проблем од пандемски размери: гојазност. Сите сме донекаде свесни за зголемените ризици по здравјето од прекумерната и повишена телесна тежина. Но, кои сè ризици со себе ги носи вишокот килограми?

Кои здравствени проблеми се директно поврзани со повишената и прекумерна телесна тежина?


Вишокот килограми го зголемува ризикот од долга листа на здравствени проблеми, вклучително:

Дијабет тип 2
Висок крвен притисок
Кардиоваскуларни заболувања, вкучително срцев и мозочен удар
Одредени малигни заболувања
Спиечка апнеа
Остеоартритис
Замастен црн дроб
Бубрежни заболувања
Здравствени проблеми во текот на бременоста (повишен крвен притисок, шеќер, зголемен ризик од царски рез)

"“Online”/

Како да знаеме кога нашата тежина е прекумерна?

Неколку килограми плус не треба да ве загрижат, но доколку константно имате неправилна исхрана и лоши животни навики, со текот на времето килограмите можат да се наталожат без да забележите. Гојазноста на ниедна возраст не може да се смета за нормална појава.

Два најзначајни параметри кои можат да се пресметаат на различен начин, ни кажуваат дали и колку треба да слабееме и колку калории треба да внесуваме, тоа се:

  • BMI (индексот на телесна маса) и
    • BMR (базален метаболизам)

    Kако што видовме, овие параметри се многу важен индикатор и за здравствената состојба. Вредностите за индексот на телесна масани се добра мерка за тоа колку и дали пациентот е гојазен или неухранет. Што повисок број за овој параметар, тоа поголем ризик од повеќето хронични заболувања.

    Формулата за пресметување на индекс на телесна маса прв пат била поставена во далечната 1832 година, од еден белгиски математичар, Адолф Кутел. Таа гласи: тежината (килограми)/ висината (метри2) = kg/m2.

Ако резлутатот биде под 18,5, индивидуата се смета за неухранета, ако биде помеѓу 18,5-24,9 телесната тежина се смета за нормална, а се над 30 се смета за гојазност.

Повеќе за врската помеѓу калориите, BMR и BMI со слабеењето, прочитајте тука.

 

Базалниот метаболизам пак, ни укажува колку минимум калории треба да внесеме за да се одвиваат виталните и останти функции на организмот. Дополнително, нивото на физичка активност треба исто така да влезе во равенката за пресметување на BMR. Значи, што поголема физичка активност, толку треба и бројот на внесени калории да е поголем.

Постои уште еден значаен параметар кога станува збор за проценувањето на телесната тежина – обем на струк. Мажите со струк поголем од 90cm и жените со поголем струк од 100cm, имаат зголемен ризик од развивање на некакви здравствени проблеми поврзани со телесната тежина.

[Поврзано: Кои масни наслаги се поопасни – на струкот или бутовите?]

Броеви кои се важен здравствен индикатор?

Нормални вредности:

18,5 – 24,9 – BMI
помалку од 90cm за жени и 100cm за мажи – обем на струк
120/80 mm Hg – крвен притисок
под 100mg/dl – LDL холестерол
40-50mg/dl – HDL холестерол
под 150mg/dl – триглицериди (масти)
под 100mg/dl – глукоза (на гладно)

[Поврзано: Липиден статус, или народски кажано – МАСНОТИИ во крвта]

Дијабет тип 2

Дијабет тип 2 е најчестиот тип дијабетес. Повеќе од 87% од возрасните лица со дијагностициран дијабет, имаат зголемена или прекумерна телесна тежина.

Се смета дека лицата кои имаат зголемена телесна тежина се поподложни на развивање дијабет поради тоа што во нивните клетки се случуваат одредени промени кои ги прават резистентни на хормонот инсулин. Кога некој има инсулинска резистентност, тоа всушност значи дека неговите клетки многу потешко ја искористуваат глукозата, односно потешко ја внесуваат од крвотокот во клетките, што резултира со повишени глукозни нивоа во крвта. На тој начин, најпрво може да дојде до предијабетична состојба, а потоа и до развој на дијабет тип 2.

Намалувањето на телесната тежина во просек за 13%, го намалува ризикот од развој на дијабет тип 2 кај гојазните лица за неверојатни 40%, но значително го намалува и ризикот од другите потенцијални компликации поврзани со обезноста.

Дополнително, умереното намалување на килограмите се поврзува и со намален ризик од други многу чести и проблематични нарушувања, како: хипертенизија или висок крвен притисок (за 18-25%), нарушен липиден профил/масти во крвта (за 20-22%) и спиечка апнеа за (22-27%).

Ова се вели во едно неодамна спроведено истражување од дански научници, со податоци од Велика Британија. Истражувачите заклучуваат дека ваквите резултати треба да ги охрабрат луѓето и да им укажат дека губењето макар и на само неколку килограми ПРАВИ РАЗЛИКА.

Повеќе на тема дијабет, прочитајте тука.

 

Висок крвен притисок

Повишениот крвен притисок на неколку начини е поврзан со телесната тежина. Физички поголемото тело го зголемува крвниот притисокот, бидејќи срцето треба да работи со поголем напор, за да ги снабди сите клетки со хранливи материи преку крвотокот. Вишокот телесна тежина исто така може да доведе до оштетување на бубрезите, многу важни органи за регулација на крвниот притисок.

Покрај контролирањето на телесната тежина, за нормален крвен притисок е добро: да ги откажете цигарите, да бидете редовно физички активни, да ја намалите употребата на сол итн. Повеќе на оваа тема, прочитајте тука.


Кардиоваскуларни заболувања


Имајќи предвид дека повишената телесна тежина е огромен ризик фактор за нарушување на најважните параметри за срцевото здравје, логично е да се заклучи дека таа ќе влијае негативно на срцевото здравје. Кои се тие параметри? Претходно споменатиот висок крвен притисок, повишените масти и холестерол во крвта, повишениот шеќер и поголемиот напор на срцето.

Губењето на само 5-10% од телесната тежина, значајно го намалува ризикот од срцевите заболувања. Секој килограм е важен и се брои!

Малигни заболувања

Малигните заболувања настануваат кога клетките на одредени ткива ќе почнат да се делат неконтролирано поради најразлични причини. Кога промените се малигни, вака размножените клетки можат преку крвотокот да се прошират и во различни делови од телото.

Истражувањата утврдуваат дека зголемената телесна тежина е поврзана со зголемување на ризикот од одредени типови канцер, дури и ако зголемувањето е во помал обем, односно според  BMI не се дефинира како гојазност. Се работи за рак на дојка по менопауза, рак на дебело црево и ректум, ендометријален канцер, рак на бубрезите и рак на жолчката.

Точните причини зошто повишената тежина се поврзува со некои типови на канцер сè уште не се познати, но се претпоставува дека масните клетки ослободуваат хормони кои можат негативно да се одразат на растот на клетките, водејќи до неправилни делења и канцер.

Здравата исхрана и редовната физичка активност, покрај останатото, можат да го намалат ризикот од споменатите типови на канцер. Повеќе на тема превенција од малигни заболувања, прочитајте тука.

Спиечка апнеа

Спиечка апнеа претставува состојба во која пациентот има една или повеќе паузи во дишењето додека спие. Луѓето кои се соочуваат со ова нарушување можат да имаат проблеми и со несоница, концентрација, па дури и некои физички симптоми.

Гојазноста е еден од најзначајните ризик факори за спиечката апнеа. Гојазните лица имаат повеќе масни наслаги складирани во пределот на вратот, што може да делува на стеснување на дишните патишта. Така, можни се проблеми со хрчењето и запирања во дишењето со различно траење.  Дополнително, зголемите масни наслаги продуцираат проинфламаторни компоненти кои исто така се ризик фактор за развивање спиечка апнеа.

Намалувањето на телесната тежина ќе ги намали масните наслаги на вратот, но ќе ја намали и инфламацијата во телото.

Остеоартритис

Чест проблем, особено кај повозрасната популација, кој предизвикува болки и вкочанетост на зголобовите.

Гојазноста го зголемува ризикот од остеоартритис. Вишокот килограми го зголемува притисокот на коските и зглобовите и на тој начин се зголемува и ризикот од нивни оштетувања. Дополнително, како што веќе рековме, зголемите масни наслаги продуцираат повеќе проинфламаторни компоненти. Тоа ја зголемува хроничната инфламација во организмот, друг ризик-фактор за развој на остеоартритис.

Замастен црн дроб

Еден од најсилните ризик фактори за развој на оваа состојба е гојазноста. Повеќе на темата, прочитајте тука.

Поврзани теми:

Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?

Fibro Gel

ПРОГРАМ ЗА ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ на Д-р Митов

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X