fbpx

Што треба да внесуваме за здравјето на ОЧИТЕ?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Витамините претставуваат комплексни органски соединенија кои природно се наоѓаат во растителниот и животинскиот свет и се неопходни во мали количини за правилно одвивање на метаболичките процеси во организмот. Човечкиот организам не може да синтетизира ниеден витамин (освен витаминот D), па така неопходно е овие есенцијални нутриенти да се внесуваат преку исхраната за негово правилно функционирање.

Така, витамините, но и другите микронутриенти, како минерали, антиоксиданти и останати фитохемикалии се клучни и за правилното функционирање на органите и органските системи. На пример, недостатокот од одредени микронутриенти, може да води кон зголемен ризик од очни болести, како катаракта, глауком, макуларна деградација итн.

Во продолжение, најважните витамини, но и дополнителни хранливи компоненти, кои се клучни за добар вид и за превенирање од повеќето очни заболувања, како и нивни извори во храната.

"“Online”/

1) Витамин А и бета каротен


Витаминот А е есенцијален за добриот вид. Тој е компонента на протеинот родопсин, кој им овозможува на очите да гледаат и при намалена светлина. Според релевантните здравствени институции, дефицитот од овој витамин води кон ноќно слепило.

Исто така, овој витамин ја поддржува функцијата на рожницата, која е всушност заштитниот слој на очите. Луѓето кои имаат недостаток од витамин А имаат проблем и со суви очи, односно очите продуцираат премалку влага за да се ,,подмачкаат”.

Бета каротенот е примарниот извор на витамин А во човековата исхрана. Тоа е всушност провитамин А, односно пигмент кој се наоѓа во повеќе растенија, а при внесувањето во организмот се претвора во витамин А.

Студиите недвосмислено потврдуваат дека исхраната со доволно витамин А се поврзува со намален ризик од катаракта и најчестата болест која доаѓа со стареењето на очите и може да води кон целосно слепило – макуларна деградација.

Fibro Gel

2) Витамин Е

Алфа токоферол е форма на витаминот Е која поседува многу моќни антиоксидативни карактеристики.

Антиоксидативните компоненти се ,,борат” со слободните радикали кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад. Ваквите слободни радикали можат да предизвикаат оштетувања или оксидативни стрес на различни делови од телото, меѓу кои и на протеините во очите. Ваквите оштетувања можат да резултираат со формирање на бели области на очната леќа, наречени катаракти.

Една студија од 2014-та година го испитувала превентивното дејство на витаминот Е врз катарактата. Заклучокот бил дека леќите биле ,,почисти” кај луѓето кои суплементирале витамин Е, но и дека се потребни повеќе студии за да се потврдат ваквите резултати.

3) Витамин Ц


Витаминот Ц е исто така моќен антиоксидант кој нé заштитува од оксидативни оштетувања.

Оксидативните оштетувања се клучен фактор за две од најчестите типови катаракта (перде) кои се поврзани со стареењето: кортикална и нуклеарна катаракта.

Една студија од 2016-та година утврдува дека лицата кои консумираат доволно витамин Ц, имаат за дури 33% помал ризик од развивање на катаракта, но имале и почисти леќи, општо земено.


4) Витамини од Б групата

Едно истражување од 2009 утврдува дека суплементацијата со комбинација од витамините Б6, Б9 и Б12 може да го намали ризикот од макуларна деградација (дегенеративна очна болест која доаѓа со стареењето и го нарушува видот, а може да доведе и до негово целосно губење) кај жените.

Други студии пак, даваат слични податоци според кои оваа комбинација од витамини може да го намали ризикот од макуларна деградација преку намалувањето на нивоата на хомоцистеинот, протеин кој се поврзува и со воспалителните процеси во очите.

Витаминот В2 (рибофлавин) истражувањата исто така го поврзуваат со здравјето на очите. Како антиоксидант, овој витамин има потенцијал да го намали оксидативниот стрес во организмот, па и во ткивото на очите.

Според една студија, волонтерите кои го употребувале рибофлавин во количества од 1,6-2,2mg дневно, го намалиле ризикот од катаракта за дури 30-50%, во однос на оние кои внесувале витамин В2 во количества до 1mg дневно.

5) Омега 3 масни киселини


Мрежницата на окото содржи висока концентрација на омега 3 масни киселини. Овие масни киселини помагаат во заштитата на мрежницата од оштетувања и дегенерација.

Омега 3 масните киселини го намалуваат ,,натрупувањето” на масните депозити во крвните садови, вклучително и во крвните садови на мрежницата. Одредени експерти сметаат дека и натрупувањето на маснотиите во споменатите крвни садови, може да води кон макуларна деградација.

Дополнително, постојат и одредени податоци според кои зголемените количества на внесени омега 3 масни киселини, може да го намали и ризикот од суви очи.

6) Лутеин и зеаксантин


Лутеинот и зеаксантинот се каротеноиди кои се наоѓаат во големи количества во зелениот лиснат зеленчук.

Во организмот, можат да стигнат во леќите и мрежницата (која помага во филтрирањето на потенцијалните штетни бранови должини светлина) од окото каде што делуваат на значително намалување на оксидативниот стрес. Одредени истражувања покажуваат дека околу 6mg дневно од овие моќни антиоксидативни компоненти значително го намалува ризикот од развивање на макуларна деградација.


7) Цинк


Цинкот е минерал кој помага и за одржување на здравјето на ретината, клеточните мембрани и протеинските структури на очите.

Цинкот му овозможува на витаминот А да ,,патува” од црниот дроб до мрежницата (ретината) и да продуцира меланин. Меланинот е пигмент кој ги заштитува очите од штетната ултравиолетова светлина.

Според American Optometric Association, суплементирањето со цинк може да им помогне на пациентите со макуларна деградација или на оние кои се во ризик да го развијат ова заболување. Според едно истражување, земањето на 40-80mg суплементи на цинк, секој ден, во комбинација со одредени антиоксиданти, може да ја успори макуларната деградација и губењето на видот за 25% и 19%, соодветно.

Како да внесуваме доволни количества од наведените компоненти?

Сите од наведените компоненти можеме да ги внесеме во доволни количества доколку имаме здрава, правилна и балансирана исхрана. И суплементирањето е добро решение, но само во консултација со вашиот лекар заради индивидуалното дозирање и можните несакани ефекти.

Богати хранливи извори:

◦ витамин А – моркови, зелен лиснат зеленчук, сладок компир, тикви, пиперки итн.

витамин Е – бадеми, сончоглед, кикирики, аспарагус, авокадо, сонголедово масло итн.

витамин Ц – пиперки, цитрусно овошје, брокули, бобести овошки (јагоди, малини, капини, шипинки, боровинки) итн.

витамини од Б групата – полнозрнасти житарки, јатки, мешунки, семиња итн.

омега 3 масни киселини – ореви, чиа семе, риба, ленено семе

лутеин и зеаксантин – брокули, марула, пченка, грашок, прокељ, спанаќ итн.

Fibro Gel

цинк – наут, јатки, семки од тиква, полнозрнасти житарки, мешунки итн.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X