fbpx

Што треба да знаете за ги разберете основните параметри на вашата КРВНА СЛИКА?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Да се разберат основните параметри на крвната слика е дел од здравствената едукација и култура која секој би требало да ја има.

Крвната слика е добар и брз скрининг метод кој дава индикации за моменталното здравје, а неретко ни открива и некои несимптоматски или т.н. скриени заболувања.

Целта на секој лабораториски тест е резултат кој може да се смета за релевантен што потоа ќе овозможи реална анализа на параметрите од страна на медицинско лице.

"“Online”/

Анализата на параметрите се движи во насока на утврдување дали настанале некакви промени во физиолошките функции и процеси на организмот. Подоцна, врз основа на овој тест можат да се препорачаат и други видови испитувања.

Во продолжение ќе се обидеме да ви помогнеме самите да можете да ги прочитате основните резлутати од рутинскиот тест на крвта. Но, текстов е од информативен карактер, секако дека резултатите од сите тестирање треба да бидат протолкувани од медицинско лице кое и најчесто ве упатува на тестирање.

Колку често треба да правите крвна слика?

Генерално ова зависи највеќе од возраста и генералната здравствена состојба.

Fibro Gel

Рутинската, односно превентивната проверка на крвта, треба да ја правите барем еднаш во годината доколку сте млади и здрави, а со текот на годините ваквите проверки добро е и да зачестат (и до неколку пати во текот на годината), по упат од лекар.

Што треба да знаете за својата крвна слика?

Лабораториските испитувања на крвта подразбираат две видови на анализа:

• хематолошка анализа (испитување на видот, бројот, односот и изгледот на клеточните елементи на крвта)
биохемиска анализа (испитување на биохемискиот состав на крвта и врз основа на тоа, утврдување на работата или состојбата на поедини органи и ткива)

За да се прочита една комплетна крвна слика, потребно е да знаете што означуваат ,,кодовите” или крвните константи и сите останати параметри. Исто така, треба да ги знаете референтните граници, односно кои се нормалните граници во кои треба да се движат вредностите за поедините параметри.

Комплетна крвна слика

Комплетната крвна слика се прави заради проценка на општата здравствена состојба и откривање на повеќе здравствени нарушувања како анемија, различни инфекции, состојбата на ухранетост, изложеноста на токсини итн.

Оваа крвна слика го вклучува бројот на еритроцитите, леукоцитите, тромбоцитите, еритроцитните константи (MCV, MCH,MCHC,RDW), тромбоцитните константи (MPV,PDW), диференцијална крвна слика (подвидовите леукоцити: неутрофили, еозинофили, базофили, моноцити, лимфоцити), хемоглобин и хематокрит.

 

Еритроцити, еритроцитни константи и седиментација на еритроцитите

Еритроцитите – црвените крвни клетки (RBC) се најзастапените клетки на крвта и имаат транспортна улога, односно го пренесуваат кислородот до сите ткива во телото и обратно, јаглеродниот диоксид од ткивата, до белите дробови. Референтните вредности се од 3,8 до 5,8х1012/L. Намалените вредности најчесто се знак на анемија или губиток на крв заради некакво акутно крварење. Од друга страна, повишените вредности можат да бидат при состојби на хемоконцентрација, кај полицитемија, но понекогаш и кај здрави луѓе.

MCV (mean cell volume) – ни дава информации за големината на еритроцитите – (реф. вредност: 81-99fl)

MCH (mean cell hemoglobin) – ни дава информации за просечната количина на хемоглобин во еритроцитите – (29-32,9pg)

MCHC (mean cell hemoglobin concentration) – просечна концентрација на хемоглобин на литар еритроцити – (310-350g/L)

RDW (red cell distribution width) – ни дава информации за варијабилноста на големината на црвените крвни клетки – (11,5-16,5%)

Промена на вредностите на поедини еритроцитни константи , особено MCV има дијагностичко значење за класификација на типот на анемијата, но секогаш се разгледува во корелација со бројот на еритроцитите и концентрацијата на хемоглобинот.

Зголемено МСV може да се најде кај мегалобластна анемија (недостаток на витамин Б12 или Б9), хроничен бронхитис, алкохолизам, цироза и кај заболувања на тироидната жлезда (хипертироидизам).
Зголемено MCHC може да се утврди при тешки облици на дехидрација.

 

Седиментација

Седиментацијата на еритроцитите претставува брзината со која крвните клетки се издвојуваат од серумот. Ако крвта која содржи антикоагулнас се наоѓа во исправена епрувета, за некое време еритроцитите ќе почнат да се таложат на дното од епруветата.

Нормалните вредности за овој параметар се 2-12mm/h. Сепак, ваквите вредности не исклучуваат евентуално постоење на некое заболување, но забрзаната седиментација може да биде своевиден индикатор за понатамошни испитувања.

Забрзаната седиментација може да биде резултат на инфекции, разградување на клетките, труења, бременост, ревматски заболувања, инфаркт, повеќе видови на шок, малигни заболувања, заболувања на црниот дроб итн.
Успорената седиментација пак, се јавува кај новороденчињата, полицитемија, при алергиски реакции, кај некои анемии итн.

Хемоглобин


Хемоглобинот (HGB) е составен елемент на црвените крвни клетки (еритроцитите). Тој има улога да го врзува и пренесува кислородот од белите дробови до ткивата и јаглеродниот диоксид, од ткивата, до белите дробови. Така се формира еден вид на циклус (врзување на кислород, ослободување, потоа врзување на јаглерод диоксид..). Нормалната концентрација е од 100-180g/L. Намалениот хемоглобин значи анемија, повишениот хемоконцентрации или полицитемија.

Хематокрит

Хематокрит (HCT) претставува волумен на еритроцитите во единица крв. Нормалните вредности за овој параметар се од 0,356 – 0,470L/L кај жените и 0,41 – 053L/L, кај мажите. Намален е при анемии, бременост, но се смалува и со текот на стареењето, зголемена работа на тиродина(штитна) жлезда, цироза, изгореници и инфекции. Повишени вредности има при дехидратација и ситуации на шок.


Леукоцити и типови на леукоцити

 

Леукоцитите – белите крвни клетки (WBC) се создаваат во коскената срцевина и имаат заштитна улога при инфекции, односно учествуваат во имуниот одговор на организмот.
Референтните вредности се од 3,9 – 10х109/L.

Кога имаме повишени вредности на леукоцитите, тоа би требало да означува дека имаме одредена инфекција од патогени, па организмот ги создал за да се справи со неа. Некогаш, за жал, неконтролираниот раст на леукоцитите е и симптом на малигна мутација – состојба на леукемија. Нивниот пад пак, може да се должи на различни состојби, како стрес, компромитиран имунитет, радиотерапија, употреба на одредени лекарства итн.

Постојат 5 различни типа на леукоцити и тоа:

Неутрофилни гранулоцити (NEU) – најзастапените фагоцитни леукоцити. Неутрофилните гранулоцити се ,,зрели” клетки кои можат да напаѓаат и разоруваат бактерии и вируси дури и во циркулацијата (реф. вред. од 40-70%)

Моноцити (MONO) – фагоцити со помала способност за борба, но кога ќе навлезат во ткивата, бабрат и стануваат макрофаги кои се извонредно способни да се борат со инфективните агенси. (реф. вред. 1-10%)

Еозинофилни гранулоцити (EOS) – учествуваат во одбраната од алергиски агенси и паразити. (реф.вред. 0-6%)

Лимфоцити (LYM) – популација лимфоцити која се дели на Т-лимфоцити(клеточен имунитет) и Б-лимфоцити (хуморален имунитет). (реф.вред. 20-50%)

Базофилни гранулоцити (BASO) – намлкубројната популација на леукоцити застапена во периферните крвни садови, учествуваат во одговорот на алергиски агенси. (реф.вред. 0-1%)


Тромбоцити

Тромбоцитите (PLT) се крвни клетки кои учествуваат во коагулацијата или згрутчувањето на крвта. Нормалните вредности се движат од 140-450х109/L. Намалените вредности на тромбоцитите (тромбоцитопенија) предизвикува склоност кон крварења. Причините за снижените вредности на тромбоцитите можат да бида хемотерапија, хепатитис Ц итн. Вишокот на тромбоцити може да биде дури и поопасен поради тоа што може да предизвика згрутчување на крвта во крвните садови на кардиоваскуларниот систем.

Тромбоцитни константи:

PDW (распоред на тромбоцитите според волумен) – реф.вред. 16-25

◦ MPV
(просечен волумен на тромбоцитите) – реф.вред. 7,8-12fl


Биохемиска анализа на крвта


Железо

Железото е еден од есенцијалните елементи на крвта. Составен дел е од хемоглобинот, миоглобинот и многу ензими. Серумското железо заедно со еритроцитите и хемоглобинот, даваат слика за состојбата на коскената срцевина, односно дали има анемија и за каков тип на анемија се работи. Важно е да се знае дека одредување само на железо без останатите параметри, не дава никаква основа за поставување на дијагнозата анемија.

Референтни вредности на железо: од 8,9 до 30 umol/l.

 

Глукоза (шеќер во крвта)

Шеќерот или глукозата во крвта се одржува во некакви нормални граници преку сложен хормонски систем .Постојат бројни фактори кои можат да влијаат на шеќерот и бројни здравствени состојби кои можат да доведат до зголемување на шеќерот во крвта (хиперглиемија(дијабет)), односно намалено ниво на шеќер во крвта односно хипогликемија.

Референтни вредности на глукоза: од 3,5 до 6,1 mmol/L

Липиди (масти)

Состојбата на липидите во серумот се одредува преку одредување на триглицеридите и вкупниот холестерол, односно LDL и HDL.

Холестерол

Концентрацијата на холестеролот во крвта е директно поврзана со метаболизмот на мастите во организмот, а може да зависи од многу други фактори: исхрана, генетика, лачење на хормони, присуство на други заболувања и слично.

Референтни вредности на холестерол: од 3,10 до 5,5 mmol/L.

-HDL холестерол, 20% од вкупниот холстеролот во крвта. Што поголеми вредности на HDL во крвта, тоа ризикот за кардиоваскуларни заболувања како резултат на запушувања на артериите е помал. Овој холестерол е познат како холестерол чистач на крвните садови. Референтни вредности: 1,03-1,55 mmol/l.

-LDL холестерол, овој холестерол е спротивен од претходниот, односно неговата зголемена вредност означува поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања. Референтни вредности: 1,55-4,53.


Триглицериди

Триглицеридите како и вкупниот холестерол, се важен параметар за одредување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Зголемување на триглицеридите најчесто е предизвикано од современот начин на живот, односно јадење брза храна, прекумерен стрес, заболувања на црниот дроб, прекумерно пиење алкохол и некои метаболни заболувања. Намалени триглицериди немаат голема дијагностичка вредност, некогаш можат да значат малнутриција(неухранетост), хипотиреоза, неапсорпција во цревата и слично.

Референтни вредности на триглицеридите се: од 0,46 до 2,28 mmol/l.

  • Креатинин

Концентрацијата на креатинин во серумот зависи првенствено од гломеруларната филтрација, па затоа слободно креатининот можеме да го наречеме индикатор за рано откривање на бубрежни дисфункции. Зголемен е при акутна и хронична бубрежна инсуфициенција. При акутна бубрежна инсуфициенција, може да биде зголемен неколкукратно над референтните вредности. Тој е важен превентивен дијагностички индикатор, бидејќи покажува бубрежни дисфункции и пред да се појават првите симптоми. Намеалена конентрација нема голема дијагностичка вредност, често се среќава кај трудници и жени воопшто.

Референтни вредности на креатинин се: од 53 до 124 ummol/l.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X