fbpx

Јадењето риба може да го заштити мозокот од загадениот воздух

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Според една неодамна објавена студија во научното списание Neurology, повозрасните жени кои јадат печена (во рерна или тава) или конзервирана риба, неколку пати неделно, можно е да внесуваат омега 3 масни киселини во количества кои би биле доволни за намалување на штетното дејство на загадениот воздух врз мозокот. Овие податоци се особено интересни за нас, бидејќи во зимскиот период живееме токму во ваква средина.

Истражувачите испитувале повозрасни жени кои живеат во региони со загаден воздух. По анализите, евидентно било дека волонтерките со утврдени најниски нивоа на омега 3 масни киселини во крвта, имале и најголемо атрофирање на мозокот или поголема загуба на мозочните клетки – неврони, во споредба со оние со повисоки омега 3 крвни нивоа.

Зошто токму омега 3 масните киселини се причината?

Рибата е одличен извор на омега 3 масните киселини и е лесна за додавање во исхраната.

"“Online”/

Овој тип на масни киселини има антивоспалително дејство, го заштитува мозокот од оксидативно оштетување и на тој начин ја одржува постојана неговата структура со текот на стареењето.

Дополнително, омега 3 масните киселини можат да го заштитат мозокот и од невротоксините, како што се оловото и живата. Токму овој факт ги поттикнал научниците од споменатата студија да истражуваат во насока – Дали омега 3 киселините можат да придонесат и за заштитно дејство на мозокот од некои други невротоксини, како оние кои можат да се најдат во загадениот воздух, на пример?

Нешто повеќе околу студијата

Студијата вклучувала 1.315 жени, со просечна возраст од 70 години, без дијгностицирана деменција пред почетокот на истражувањето. Испитаничките пополнувале прашалници во врска со нивната исхрана, физичка активност и медицинска историја.

Fibro Gel

Истражувачкиот тим ги употребил податоците од прашалниците за пресметување на просечното количество риба кое една испитаничка го консумира секоја недела, вклучително печена риба (во рерна или директно на тава, со малку масло), конзервирана туна, различни туна салати итн. Пржената риба не била вклучена, бидејќи според истражувањата, пржењето како начин на приготвување значително ги оштетува омега 3 масните киселини.

Потоа, правени биле крвни тестови на сите испитанички. Мерено било нивото на омега 3 масни киселини во црвените крвни клетки и потоа врз основа на тоа, жените биле поделени во четири групи или категории.

Во следната фаза, се утврдувала просечната изложеност на загаден воздух на секоја од испитаничките. За таа цел употребени биле податоците за нивните живеалиштата и проценувана била просечната изложеност во последните 3 години. Правени биле и скенирања на мозокот со магнетна резонанца, со што мерени биле различни параметрите и испитувани биле два мозочни ,,региони” – белата маса (составена од нервни влакна аксони, кои праќаат сигнали низ мозочното ткиво) и хипокампусот (дел од мозокот поврзан со меморијата).

Крајните резултати и заклучоци

Земајќи ги предвид и точната возраст, степенот на образование, пушењето и некои други фактори кои можат да влијаат на мозочно атрофирање (смалување, губење на невроните), истражувачите утврдиле дека жените со највисоки омега 3 нивоа во крвта, имаат најголем волумен на бела мозочна маса, во споредба со оние со најниските нивоа.

Оние испитанички со највисоки омега 3 нивоа, имале просечно 410cm3 бела мозочна маса, додека оние со најниски – 403cm3. Научниците откриле и дека со зголемувањето на загадувањето, кај испитаничките со ниски омега 3 нивоа, волуменот на белата маса се намалувал во просек за 11,5cm3, додека кај оние со повисоките омега 3 нивоа, само за 0,12cm3 во просек.

Жените со највисоки омега 3 нивоа во крвта, исто така имале и најдобар волумен на хипокампус.

Според истражувачите, пронајдена била јасна врска помеѓу јадењето риба и волуменот на мозокот, но сé уште не е најдена и директната причинско-последична врска. Исто така, важно да се каже е дека некои типови риба содржат токсини кои ги ,,собрале” од својата животна средина (реки, мориња, езера), па значајно е и потеклото на рибата која се јаде.
Некои понатамошни студии треба да го испитуваат и ефектот на повеќе различни типови риби.

Друг недостаток на студијата е тоа што сите испитанички биле од слична возрасна група, па резултатите не можат целосно да се генерализираат на останатиот дел од населението. Но, оваа група на луѓе е во особен ризик, па информациите се од особена важност. Заклучокот е значаен – повозрасните луѓе треба почесто да јадат риба и заради здравјето на мозокот.

Дополнително, испитуван бил ефектот на загадувањето само во подоцнежните години од животот, а не во средните или во раната возраст. Студиите во иднина треба да го отворат и ова прашање.

Извор:

“Erythrocyte omega-3 index, ambient fine particle exposure and brain aging”. by Cheng Chen, View ORCID ProfilePengcheng Xun, View ORCID ProfileJoel D. Kaufman, Kathleen M. Hayden, Mark A. Espeland, Eric A. Whitsel, Marc L. Serre, William Vizuete, Tonya Orchard, William S. Harris, Xinhui Wang, Helena C. Chui, Jiu-Chiuan Chen, Ka He. Nagelhus. Neurology

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X