fbpx

Ако досега не сте имале навика да користите ШИПКА – прочитајте и ќе се предомислите!

tonus

Шипките се мали зрнести, јадливи плодови кои растат под листовите на грмушестите растенија, наречени диви рози (најчесто од видот Rosa rugosa). Овие билки се карактеристични за северната земјина хемисфера, односно регионите кои имаат умерени климатски услови. Така, тие се застапени и кај нас во Македонија.

Шипките постојат во различни бои, облици и големини, а најчесто се со црвенкасто до темно портокалово обојување и имаат благо конусовиден, топчест облик. Се користат како свежи, суви, за подготовка на различни чаеви, џемови, сирупи, есенцијални масла, па дури и за правење вино.

Имале широка примена во традиционалната медицина, во третманот на најразлични заболувања (воспаленија, различни болки итн.), а денешните истражувања потврдуваат низа корисни ефекти од овие билки. Во продолжение, нешто повеќе околу тоа.

"“Online”/

Нутритивно сконцентрирана храна

Во 30 грама шипки се содржат околу 50 калории, 11g јаглехидрати (7g фибер и околу 1g шеќери), 1g протеини и незначителна количина маснотии. Вистинската вредност на шипките, како и на останатата свежа храна е нивната исклучителна микронутритивност
(во 30g):

• 200% од Дневните Потреби за витамин Ц
• 30% од ДП за витаминот А
• 15% од ДП за манган
• 10% од ДП за витамин К
• 9% од ДП за витамин Е
• 6% од ДП за калциум
• 5% од ДП за магнезиум
• 4% од ДП за калиум

Дополнително, шипките се одличен извор на антиоксидативни компоненти, како ликопен и бета каротени – пигмети кои го даваат специфичното обојување, но и елагична киселина, кверцетин и споменатиот витамин Ц.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Вредно да се каже е тоа дека нутритивноста на шипките зависи од почвата, начинот на одлгедување и техниките на процесирање, па така свежите планински шипки имаат значително поголема концентрација на витамин Ц, во однос на комерцијално добиените шипки.

Семето на шипките содржи и гликозиди, цијанидини, кои можат да бидат токсични за човекот. Впрочем, цијанидини содржат и семињата од доста други овошки од истото семјество, како јаболките, кајсиите итн. Сепак, во помали количества, ова семе не може да нѝ создаде никакви проблеми, дополнително, најчесто семињата тешко се дигестираат и апсорбираат, ако не се соодветно искршени.

1) Шипките стимулираат подобар имунитет


Ова е сосема логично да се заклучи, имајќи предвид дека шипките се еден од најбогатите природни извори на витаминот Ц. Само неколку свежи зрна од шипките, можат да ги задоволат дневните потреби на еден возрасен човек од овој витамин.

Истражувањата велат дека витаминот Ц (аскорбинската киселина) е есенцијален за стимулирање на имуниот одговор, со што се зголемува способноста на организмот да се брани од најразличните закани. Дополнително, витминот Ц важи и за моќен антиоксидант кој ги супресира хроничните воспалителни процеси.

Храната богата со витамин Ц (свежата храна), треба повеќе да ја внесуваме, особено во периодите на настинки и грипови кои се пред нас. Шипките и нивните производи се одличен избор ако сакаме да внесеме повеќе витамин Ц.

2) Го забавуваат стареењето

Витаминот Ц е исто така многу важен за здравјето на кожата. Имено, тој е еден од клучните елементи во метаболизмот на синтеза на колаген – најзастапениот протеин во човекото тело. Овој протеин е клучен за здравјето на кожата, но и за коските. Витаминот К со којшто исто така се богати шипките, исто така допринесува за поздрави коски.

Витаминот Ц ја заштитува кожата и преку своето антиоксидативно и антивоспалително дејство, заедно со останатите антиоксидативни компоненти од шипките.

Дополнително, шипките содржат (семето) и полинезаситени масни киселини кои можат да допринесат за поздрава кожа, односно да ја заштитат од проинфламаторните компоненти, како UV зраците, чадот од цигарите, загадувањето итн. Една студија покажува дека употребата на пудра на база на шипки, може видливо да ги намали брчките на кожата и да ја зголеми нејзината еластичност и влажност.

3) Шипките можат многу да помогнат при артритис

Ова е можеби најпознатиот корисен ефект на шипките.

Редовната употреба на овие плодови може да ги олесни симптомите на артритис, како болки, вкочанетост, воспаленија итн. Се смета дека тоа е резултат на способноста на шипките да ја блокираат активноста на одредени протеини во ‘рскавичните клетки кои се главен причинител за деградацијата на зглобните ткива.

Антиоксидативното и антиинфламаторното дејство на шипките, исто така можат да го намали хемотаксисот, односно транспортот или пренесувањето на имуните клетки во зглобните ткива.

Одредени испитувања покажуваат дека редовната употреба на одредени суплементи од шипка, може да ја зголеми мобилноста или подвижноста на луѓето со ревматоиден артритис за дури 25%.

4) Подобро кардиоваскуларно здравје

Јадењето шипки може да го подобри здравјето на срцето преку намалувањето на крвниот притисок и холестеролните нивоа.

Една студија со над 30 волонтери, покажува дека пиењето пијалаци на база на шипки, може да го намали крвниот притисок и вкупниот холестерол. Дополнително, таквите пијалаци, а и самите плодови се богати и со растителни влакна и низа антиоксиданти, компоненти кои исто така се поврзуваат со подобро кардиоваскуларно здравје.

 

 5) Потенцијален антиканцероген ефект


Некои лабораториски студии покажуваат антиканцероген ефект на шипките.

На пример, една таква студија од 2015 година, објавена во списанието Cancer, вели дека третирањето на малигните клетки со екстракт од шипки, се покажало како особено успешно во запирањето и успорувањето на нивниот раст. Овој екстракт успеал селективно да ги намали специфичните MAPK и AKT, ензими кои се одговорни за поттикнување на растотот на малигните ќелии кај канцерот на дојка.

Начини на употреба


Како што веќе споменавме, шипките можат да се консумираат како свежи, суви, како чај или пак да се употребуваат суплементи на нивна база. Свежите се најдобри за јадење кога се помеки.

Стандардната препорачана доза е околу 10g на ден, консумирани на двапати.Над 40g дневно, шипките можат да предизвикаат несакани ефекти, како дигестивни непријатности.

Чајот може да се направи и од свежите и од сувите шипинки и е одличен начин да се искористи нивната нутритивност.

Можете и самите да ги исушите шипките и потоа убаво да ги измелете.
Сувиот прав потоа можете да го употребувате за најразлични примени, како на пример за подготвување чај.

На 1 чаша вода, се употребува околу 1 супена лажица прав од шипки. Пијте го чајот со лимон и мед за подобар вкус.

Околу суплементите на шипката, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор