fbpx

Без КАЛИУМ нема здраво срце. Како да го внесеме доволно секој ден?

tonus

Калиумот е еден од седумте есенцијани макроминерали или минерали кои треба да се внесуваат секојдневно, во релативно високи количества – најмалку 100mg дневно.

Микроминералите од друга страна, како железото или цинкот на пример, се исто така многу важни, но тие треба да се внесуваат во значително помали количини.

Калиумот е електролит кој е многу значаен за нервниот систем, а учествува и во регулирањето на мускулните контракции, заедно со натриумот.  

Ефектот на овој минерал во однос на мускулите е особено важен за срцевиот мускул, кој е особено сензитивен на минералите.

"“Online”/


Ефектот на калиумот врз кардиоваскуларното здравје


Како што рековме, калиумот е многу важен за здравјето на срцето. Не само што учествува во регулирањето на правилниот срцев пулс, тој го ,,неутрализира” негативниот ефект на натриумот во однос на повишениот крвен притисок. Колку поголеми количества калиум се внесува преку исхраната, толку повеќе натриум се излачува преку урината.

Калиумот помага и во балансирањето на течностите и минералите кои минуваат во и надвор од клетките, на тој начин одржувајќи го нормалниот крвен притисок. Дополнително, тој ги релаксира крвните садови, што исто така делува на намалување на притисокот. Луѓето кои имаат исхрана богата со калиум, имаат помал ризик од исхемичен мозочен удар. Ваков ефект не е утрврден кај суплементирањето.


Ефектот на коските и дигестивното здравје


Една неодамна објавена студија утврдува позитивен ефект на калиумот врз здравјето на коските. Всушност, утврдени биле значително намалените процеси на коскена ресорпција (процес во кој коските се разградуваат) при исхрана богата со калиумот. Се смета дека овој ефект се должи на намаленото излачување на калциумот преку урината при доволно внесување на калиум од исхраната.

Според експертите ова би значело дека регулрањето на pH во организмот е олеснето, со оглед на тоа што во телото останува поголема достапна минерална содржина која би ја неутрализирала киселата средина.

Поврзаноста помеѓу калиумот и здравјето на бубрезите

Бубрезите ја имаат одговорноста за одржувањето на соодветните нивоа на калиум во организмот. Така, бубрежната функција може многу лесно да биде причина за позитивен или негативен ефект врз нивото на калиум во организмот.

На пример, ако пациентот има одредено хронично бубрежно заболување, можно е да има нарушена способност за отстранување на вишокот калиум од крвта, што може да води до хиперкалиемија. Симптомите на хиперкалиемија вклучуваат трнење во екстремитетите, мускулна слабост, а посериозните форми на оваа состојба можат да водат и кон парализа, аритимија, па дури и срцев удар.

Симптоми на дефицит

Многу почесто се случува луѓето да имаат недостаток од овој минерал, отколку да го имаат во вишок. Ваквата состојба се нарекува хипокалиемија и се случува при исхрана без доволно калиум. Таа може да води кон мускулна слабост, грчеви во мускулите кои се постојани, а неретко и доста болни. Ова се случува заради тоа што при нормални нивоа, калиумот овозможува електричните сигнали во телото да не бидат пребрзо испраќани до мускулите.

Аритимијата исто така може да биде симптом на калиумов дефицит, бидејќи во ваква состојба мускулните клетки на срцето можат да контрахираат ,,порано’’ од нормалното, што понатаму резултира со зголемен или намален срцев ритам.

Луѓето кои редовно пушат, често консумираат поголеми количества алкохол, земаат одредени диуретични медикаменти или имаат некакви дигестивни нарушувања, се во поголем ризик од хипокалиемија.

Храна која е богат извор на калиум


Постои широк спектар на храна богата со овој минерал, односно продукти со кои можеме редовно да ги задоволуваме нашите потреби од овој минерал. Во исто време, ваквите продукти се и здрава храна, богата со други есенцијални компоненти. Затоа, суплементирањето ретко е неопходно и треба да го применувате исклучиво во консултација со лекар.

Храна богата со калиум:

◦ Зелен лиснат зеленчук

Овошки – портокали, кајсии, банани, домати (доматно пире, кечап, доматен сок) итн.

Полнозрнасти житарки – пченица

Киноа семе

Коренест зеленчук – моркови, компири

Мешунки – грашок, грав, соја

Јаткасти плодови

Печурки

Авокадо

Тиква

Одредени типови риба како туна

Интегрален ориз

Ленено семе

 

Дневен препорачан внес


Релевантните медицински институции, како на пример Американската национална академија за медицина, препорачуваат дневен внес на калиум, за возрасните лица, од  4700mg. Овие количества би имале ефект на намалување на сензитивноста на солта (натриумот), намалување на крвниот притисок и минимизирање на ризикот од камчиња во бубрезите.

Со крвен тест можат да се утврдат нивоата на калиум, а за нормални се сметаат оние помеѓу 2,5 и 5,0. Нивоата над 6,0 се сметаат за опасни.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор