fbpx

Болести типични за возрасни, сега се јавуваат и кај деца. Единствена причина: ВИШОК КИЛОГРАМИ.

tonus

Покрај пандемијата со новиот коронавирус, светотот од поодамна се соочува и со еден друг проблем од пандемски размери – зголемената или прекумерна телесна тежина.

Помалку или повеќе, сите сме свесни дека гојазноста е проблем од здравствен аспект, но таа се одразува негативно и во социолошка, психолошка смисла итн. Затоа, потребен е сериозен пристап, односно никогаш да не се потценува постоечкиот проблем, како што често е случај во реалноста. Можеби уште поважно е сериозно да се сфатат и едукацијата и превенцијата, особено во најраниот период, односно периодите на детството и адолесценцијата. Зошто е тоа толку битно?

Генерално гледано, во суштината на проблемот со телесната тежина се неправлиниот начин на исхрана, но и лошите животни навики, во целина. Многу значаен фактор во формирањето на навиките е едукцираноста. Знаеме дека повеќето важни навики се формираат уште во најраната возраст, а многу од нив остануваат трајно. Помеѓу таквите навики се и оние лошите во однос на исхраната.

"“Online”/

Заради овие причини, од исклучителна важност е како ние ќе им влијаеме на своите деца, покрај останатите аспекти, и во однос на навиките за исхрана.

Здравствените ризици од прекумерната тежина за децата се можеби поголеми од тоа што претходно сме сметале


Една студија објавена во The British Medical Journal, вели дека гојазноста кај децата има значаен ефект врз нивното здравје, но и врз здравјето кое ќе го имаат во иднина.

Прекумерната телесна тежина кај возрасните луѓе значи и многу поголем ризик од срцеви заболувања. Ефектот кај децата сé уште не е целосно јасен, но расте бројот на докази кои укажуваат на слична релација и кај нив.

Заради овие причини, истражувачиот тим од Оксфорд се обидува да ја испита јачината или степенот на релација (поврзаноста) помеѓу телесната тежина и ризик-факторите за срцеви заболувања кај децата.

Анализирани биле резултатите од 63 претходно спроведени студии, со над 49 илјади волонтери, односно здрави деца на возраст помеѓу 5 и 15 години. Анализираните студии биле со волонтери од развиените земји, а биле спроведувани и објавувани помеѓу 1990 и 2011 година.

Темите на истражувањата биле телесната тежина и нејзината релација со еден или повеќе ризик-фактори за срцеви заболувања (покачен притисок, холестерол итн.).

За повишена телесна тежина, се сметале вредностите на BMI помеѓу 25 и 30, а за гојазност, над 30.

Резултати и заклучоци

Истражувачите од Универзитетот Оксфорд со својата работа на оваа студија покажале дека гојазните деца и адолесцентите, имаат зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, како што е атеросклерозата.

Во споредба со децата кои имаат нормална телесна тежина, кај гојазните деца потврден бил покачен крвен притисок и нарушен липиден профил (повишени маснотии во крвта). Мета-анализата утврдува и значително зголемување на левата ветрикуларна маса (задебелување на срцевиот мускул), кај поголемиот дел од гојазните деца, што е исто така ризик-фактор за кардиоваскуларни заболувања.

Децата со зголемена телесна тежина, исто така имале зголемени ризик-фактори за срцеви заболувања, но во помал обем во однос на гојазните.

Дополнително, нивоата на инсулин при гладување и инсулинската резистентност (најзначајните ризик-фактори за дијабет), исто така биле значително поголеми кај гојазните деца, но не и кај оние со зголемена телесна тежина. Тоа значи и зголемен ризик од дијабет.

Студијата предупредува дека ако им се дозволи ,,развивање” на споменатите ризик-фактори со текот на времето (со растењето), овие деца со прекумерна телесна тежина ќе имаат значително повисок ризик (30-40%) од мозочен удар и срцеви заболувања, кога ќе бидат возрасни луѓе, споредено со оние кои немале такво ,,развивање”, односно имале телесна тежина во рамки на нормалата подолг период.

Други ризици од повишената телесна тежина и гојазноста кај децата

Постојат и повеќе други студии кои пронаоѓаат одреден степен на релација помеѓу зголемената телесна тежина и ризикот од некои заболувања или состојби. На пример:

• Зголемен ризик од гојазност подоцна во живототголем процент од гојазните деца, стануваат и возрасни со повишена или прекумерна телесна тежина.

• Зголемен ризик од анксиозност и депресијанајчесто поради проблемите со социјализацијата, намалената самодоверба и исклученоста од средината. Фактори кои се поврзани.

Метаболен синдромкластер или збир од повеќе метаболитички нарушувања (ризик-фактори), кои се појавуваат заедно, зголемувајќи го ризикот од кардиоваскуларни заболувања и дијбетес тип 2. Децата со повишена телесна тежина, имаат поголем ризик за метаболитички нарушувања. Од 25 до 40% од ваквите деца, го имаат овој синдром.

• Проблеми со црниот дроб
гојазните поединци имаат зголемен ризик од неалкохолно замастен црн дроб.

• Астма – огромен број на деца кои се гојазни имаат астма.

• Нарушена навика за спиењегојазните деца имаат зголемен ризик од развој на обструктивна спиечка апнеа. Нарушениот сон може да е ризик за дополнително зголемување на телесната тежина. Повеќе околу поврзаноста помеѓу нарушениот сон и телесната тежина, прочитајте тука.

Камчиња во жолчкатакамчињата во жолчката се значително позастапени кај гојазните деца, во однос на останатите.

• Менструални проблемигојазноста го зголемува ризикот од предвремен влез во пубертет кај девојчињата. Прекумерната телесна тежина може да придонесе и за нерегуларни циклуси подоцна во животот.

• Проблеми со зглобовите

Киселински рефлукс


Потребна е акција!


Проблемот со прекумерната и зголемена телесна тежина веќе е епидемиски и кај нас во Македонија. Затоа, треба да расте и свесноста за овој проблем, но и едукацијата за она што се подразбира под здрава исхрана и животни навики. Само на тој начин, значително ќе се допринесе во решавањето и превенцирањето на проблемот со телесна тежина кај децата (и кај возрасните) и наведените проблеми поврзани со него.

Во таа насока, повеќе мерки треба да превзема и државниот здравствен и образовен систем. Детството и адолесценцијата се период во кој се формираат повеќето животни навики, па затоа посвесните и поедуцирани родители се можеби клучна алка за подоброто јавно здравје.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор