fbpx

БОЛКА ВО ГРАДИТЕ – Срцев удар или само киселини? Како да препознаеме?

tonus

Киселините се навистина многу чест проблем помеѓу населението, а за жал симптомите на оваа состојба некогаш можат да се помешаат со оние на срцевиот удар, особено ако првпат ви се случува да имате проблем со жиговина. Симптомот кој ги ,,обединува” овие два здравствени проблеми е болката во градите.

[Поврзано: ,,Киселини” – што може сами да направите за олеснување и кога да се побара стручна помош?]

Срцевиот удар често пати знае да биде живото-загрозувачка состојба, па затоа од голема важност е да се препознаат и разликуваат неговите симптоми во однос на оние почестите, слични симптоми кај киселините. Токму ова ќе биде и тема на денешната статија: Како да ја разликуваме симптомите на киселините од оние на срцевиот удар?

"“Online”/

[Поврзано: 4 симптоми кои НЕ СМЕАТ да бидат игнорирани!
 Како треба да живеете ПОСЛЕ преживеан срцев удар?]

 

Срцев удар vs. ,,киселини”

 

За да се разбере како овие две состојби можат да предизвикаат болки во градите, потребно е да разгледаме како тие всушност функционираат.

 

Срцев удар

 

Срцев удар се случува кога главна артерија на срцето е спречена да пренесува нормално количество крв. Како резултат на ова, срцевите ткива и клетки не можат да добијат доволно од неопходните хранливи материи и кислородот на крвта. Докторите ја нарекуваат ова состојба исхемија.

За полесно да ја разбереме оваа состојба, размислите околу следниов пример: Ако од потполно мирување, одеднаш станете и трчате спринт со цела сила, ќе почувствувате чувство на стеснување или горење во градите. Ова се симптоми на микро кратка исхемија, која се подобрува со намалување на брзината на трчањето, во споменатитот пример. Сепак, кога станува збор за срцевиот удар, работата на срцето затајува и не може да овозможи доволен проток на крв, што резултира со болки во градите (во различен обем), но и со некои други симптоми. Многу повеќе за овие симптоми, прочитајте тука.

Различни артерии, снабдуваат различни срцеви ткива со крв, па така симптомите на срцевиот удар можат да варираат во однос на тоа која артерија била блокирана. Симптомите можат да варираат и од човек до човек, бидејќи не сите организми реагираат исто на недостатокот од кислород и хранливи материи во ткивата на важните органи.

Што претставуваат познатите ,,киселини”, уште нарекувани и  жиговина?

 

Жиговината се јавува кога желудочната киселина ќе почне да се искачува по езофагустот (хранопроводот). Некогаш, оваа киселина стигнува и до усната празнина. Во суштина, улогата на желудочната киселина е во дигестијата, односно е неопходна за варењето на храната и разградување на нејзините хранливи материи. Внатрешната обвивка на желудникот е природно отпорна на оваа киселина, освен ако не страдате од гастритис.

Хранопроводот е ,,цевката” која ја поврзува усната празнина со желудникот, а минува во пределот на градите. Неговите внатрешни ткива, за разлика од оние на желудникот, не се отпорни на киселината, па нејзиното присуство во езофагусот создава чувство на горење, болки и чувство на силна непријатност во пределот на градите.

Споредба на симптомите

Срцев удар

 

Болката во градите е најчестиот симптом на срцевиот удар, но таа е далеку од единствен симптом. Другите симптоми кои можат да се појават:

 

  • Чувство на збунетост
  • Вртоглавица
  • Мачнина и повраќање
  • Болка во градите која ,,преминува” и во пределот на вратот, вилицата и грбот
  • Недостаток од здив
  • Потење, некогаш опишувано и како ,,ладна” пот
  • Необјасниво чувство на замор

Ако почувствувате некој или комбинација од претходните симптоми, заедно со болките во градите, веднаш треба да побарате медицинска стручна помош.

,,Киселини”

Симптомите на овој проблем можат да бидат навистина непријатни, а чувството на горење и болки во градите, за разлика од болките во градите при срцевиот удар:

  • се појавува после јадење, особено после пообилни оброци.
  • често се јавува при хоризонтална позиција или лежење.
  • се појавува заедно со чувство на киселост во устата.

 

[Поврзано: Жени, дали сте под ризик за срцев удар?]

 

4 прашања за поуспешно разликување на болката во градите

 

Ако не сте сигурни од што ви се предизвикани болките во градите, искористете ги следните 4 прашања за да си помогнете:

 

1.Што допринесува за вашите симптоми да се подобрат?

 

При киселини, најчесто симптомите можат многу лесно да се избегнат со користење на соодветни лекови или сода бикарбона, а лежењето, посебно во целосна хоризонтала, значително ги влошува симптомите.

 

При срцев удар, споменатите лекови нема да можат да помогнат, ниту пак вертикалното позиционирање. Исто така, физичката активност може да ги влоши симптомите.

 

2.Кога јадевте последен пат?

При киселини, симптомите најчесто се јавуваат неколку часа по оброкот. Што подолого време не сте јаделе, тоа е помала веројатноста болките во градите да ви се резултат на ,,враќањето” на желудочните киселини.

Кај срцевиот удар, симптомите не се поврзани со тоа дали, во кој обем и колку скоро и сте јаделе.

 

3. Каде се ,,движи” болката?

 

Кај киселинскиот рефлукс, болката може да ја почувствувате до грлото, додека при срцев удар, болката неретко се движи и до вилиците, грбот, па дури и долу до рацете (едната рака или двете раце).

 

4. Дали чувствувате тешкотии при дишењето и се потите?

 

При киселини, симптомите не би требало да се волку тешки, како што тоа може често пати да биде  случај кај срцевиот удар.

 

Други поретки причини за болки во градите:


Киселините и срцевиот удар дефинитивно се помеѓу најчестите причини за болки во градите, но далеку од тоа дека се и единствни. Други потенцијални причини за болки во градите, често можат да бидат и:

 

  • Различни типови на вирусни и бактериски инфекции

 

  • Напади на анксиозност – интензивно чувство на страв, паника, недостаток од здив и стегање во градите.
  • Грчење на мускулите на хранопроводот

 

  • Болки во жолчното ќесе

  • Инфламација на ткивата во пределот на градите заради различни причини

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор