fbpx

БОЈАТА на урината кажува многу за вашето здравје!

tonus

Урината е добар индикатор или мерка за општото здравје. Можеби ќе се изненадите, но тоа не е така само заради нејзиниот состав, туку и заради различното обојување кое може да го има.

Хидратацијата, односно доволното количество на вода во телото, е клучна за поголемиот дел од физиолошките процеси, од оние поврзани со физичкото здравје, дигестивното, сексуалното, итн, па се до менталното здравје.

Ова покажува колку всушност е важно да се пие вода. За среќа, постои добар индикатор според кој и самите можеме да заклучиме во која насока се движиме кога станува збор за пиењето вода. Тоа е токму урината, односно нејзиното обојување.

"“Online”/


Преку обојувањето на урината, самите можете да заклучите дали доволно хидрирате

Веројатно сте забележале дека бојата на урината често се менува, некогаш и во период од само неколку часа. Па, кое обојување е оптимално, а кое обојување треба да ве натера да превземете нешто? Во продолжение, подетално околу ова.

Транспарентна или проѕирна урина – Знак дека сте прехидрирани и треба да го намалите внесот на вода.

• Жолта боја, слична на лимон – Ова е оптимумот што го барате. Продолжете со внесот на вода кој го имате.

• Темножолто обојување – Хидратацијата е сé уште добра и доволна.

• Портокалова нијанса – Нема потреба од загриженост, но пијте повеќе вода и јадете повеќе свежа храна, можеби сте слабо дехидрирани.

• Темно портокалова до кафена – Дефинитивно сте дехидрирани. Пијте поголеми количества вода и внесувајте електролити.


Целосно проѕирна урина

Пиењето вода е особено важно на секојдневно ниво, но лесно е можно и да се претера. Ако уринирате целосно транспарентна урина, најверојатно пиете повеќе вода од што ви е навистина потребно.

Мокрењето од 4 -10 пати дневно, се смета за нормално, но сé над ова, најверојатно е резултат на преголем внес вода. Зошто е ова лошо?

Ова може да биде проблем, пред сé, заради тоа што вишокот вода раствора се повеќе електролити кои му се потребни на организмот. Иако ретко, ваквата ситуација може да води и кон токсикација со вода.

Значи, поголемиот дел од луѓето не треба да се посебно загрижени заради поголемиот внес на вода, но обезбоената урина треба да биде знак да се намали со количините.

Жолта до темножолта урина

Ова е оптималниот интервал на обојување и значи дека треба да се продолжи со количествата на вода кои се внесуваат.

Но, хидрирањето не е само пиењето вода. За подобро хидрирање, особено во летните периоди кои ни следуваат, многу е важна свежата храна – овошките и зеленчукот.

Содржината на вода во свежата храна е огромна. Процентот на слободна вода во било која свежа храна, најчесто се движи над 85% .

Помеѓу свежата храна најбогата со вода се: доматите, краставиците, јагодите, лубеницата, марулата, тиквичките итн.


Портокалова нијанса

Ваквото обојување, како што споменавме, не треба да нé загрижи, но треба да ни укаже дека е време малку повеќе да пиеме вода и да јадеме свежа храна.

Кога организмот губи повеќе вода од онаа што ја внесуваме, тој почнува да се потпира на веќе пристната вода за сите процеси. Така, телото ,,штеди вода”. Со помалите количества на вода за растворање на урината, нејзината содржина станува поконцентрирана и добива сосема темни обојувања.

Темнопортокалова до кафена боја

При уринирањето на вакво обојување, време е да обрнете поголемо внимание, бидејќи се работи за потежок облик на дехидрираност.

Чести причини за потешка дехидрираност се повраќањето, дијареата и високата телесна температура. При вакви состојби телото губи доста вода, па со зачестеното пиење треба да го надоместиме загубеното. При вакви ситуации на дехидрираност, но и општо, кога важни да се споменат се и електролитите, односно минералите, кои исто така се есенцијални.

Иако флашираната вода содржи одредени концентрации на електролити, при дихидратацијата, подобро е да се пие водата од чешма со повисока минерална содржина или пак да се внесуваат пијалаци збогатени со електролити.

Кратки совети за подобро хидрирање:

постојано покрај себе имајте шишенце или чаша со вода
ограничете го внесот на кофеин и алкохол
◦ пијте повеќе вода, особено пред некаква физичка активност
ограничете го внесот на храна богата со шеќери и сол
◦ додадете лимон или друг вид на цитрусно овошје, ако тоа ја прави водата попривлечна за вас

Треба да се спомене дека и одредени типови храна, но и некои заболувања можат да допринесат за ваквото темно обојување, тоа не мора да е исклучиво причинето од дехидрираност. Такви се:

• некои видови на обоена храна или пијалаци
• алое вера
• одредени лиснати билки
• одредено бобесто овошје
• бубрежни заболувања
• заболувања на црниот дроб
• некои ретки генетски заболувања на крвта

Други можни обојувања

Поретки, но можни се и некои други нијанси на обојувања. Тие најчесто се причинети од одредени типови храна, некои медикаменти или некакви заболувања. На пример:

Сино синозеленкасто обојување – медикаменти за уринарни инфекции, но и аспарагус.

Виолетова нијанса – одредена храна со вештачки бои, но и одредени инфективни заболувања, високо алкална урина или некои ретки метаболни нарушувања.

Розе, до црвена нијанса – цвекло, бобести овошки, медикаменти за инфекции на простата, мочниот меур или бубрезите. Некаква внатрешна повреда, тумори.

Интензивно портокалова нијанса – моркови или сок од моркови, проблеми со црниот дроб или жолчното ќесе.

Матна урина – црвено месо, големи количини млечни производи, сексуално преносливи инфекции, камчиња во бубрезите, инфекции на вагината и простатитис.

Кога да побарате помош од лекар?

Доколку и покрај доволното пиење вода имате темна урина или имате некое од споменатите други обојувања, а не ја знаете точната причина, време е да посетите лекар.

Дополнително, веднаш треба да посетите лекар доколку покрај променетата боја, чувствувате и други дополнителни симптоми, како:

◦ болки во стомакот
треска, повишена телесна температура
замор и збунетност
остар мириси или мирис на расипана риба

Ваквите симптоми можеби укажуваат на некои посериозни процеси кои се одвиваат во организмот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор