fbpx

БРЗИНАТА со која одите – можен показател за долговечност?

tonus

Како што е општо познато, пешачењето може да биде одлична физичка активност за согорување на наталожените масни наслаги. Сепак, постојат различни типови, односно брзина и темпо на одење. Не сите делуваат исто на топењето масно ткиво.

Било кој тип на одење или физичка активност троши одредено ниво на калории, но забрзаното одење, поттикнува поголемо ,,ангажирање” на масните наслаги или складираните маснотии. Тоа е особено добро за согорување на длабоките масни наслаги на стомакот и струкот, наречени висцерални маснотии. Ваквите маснотии не само што додаваат на тежина, туку се и посебен ризик-фактори за дијабет и кардиоваскуларни заболувања.

Покрај ова, според едно истражување, побрзото одење кај повозрасните лица, може да биде добар индикатор дека пред нив се уште многу години.

"“Online”/

 

Брзината на одење може да биде индикатор за долговечност?

 

Една пообемна мета-студија ги анализирала податоците на 9 претходни истражувања, поврзани со природната просечна брзината на пешачење кај над 34 илјади испитаници, со возраст од над 65 години. Податоците биле собирани во текот на повеќе од една декада, период во кој повеќе од половиина од испитаниците починале.

Она што е интересно – утврдена била силна релација помеѓу должината на животниот век и брзината на одењето:

 

  • Оние кои природно пешачеле со брзина од 3,5km/h (околу 1m во секунда) или побрзо, живееле подолго од просекот очекуван за нивната возраст и пол.

 

  • Оние што имале природно темпо на движење нешто под 3km/h (0,8m во секнуда) живееле во рамките на просечно очекуваниот век за возраста и полот.

 

  • Оние со природно темпо на движење од околу 2km/h (0,6m во секунда), имале зголемен ризик од т.н. предвремена смртност.


Во суштина, што побрз просек на темпото за пешачење, толку помал бил ризикот од предвремена смртност кај повозрасните испитаници.

 

Истражувањето имало навистина добар примерок, односно огромен број на лица со различна возраст, пол, етничка припадност и останати фактори. Сепак, многу е важно да се нагласи дека самиот факт што некој оди доста поспоро, не мора да значи дека нема да има нормален век на живеење. Тоа зависи од индивидуата и многу останати фактори. Споменатата студија наоѓа само релација, а не причинско-последична врска.

 

Како што се одвива процесот на стареење, што ја определува брзината на пешачење?

 

Причините зошто луѓето се движат поспоро во поодминатата возраст можат да бидат најразлични. Самото движење на телото претставува една комплексна активност која неминовно е под влијание на бројните промени кои се одиваат со стареењето на организмот.

Можеби веднаш на памет ви паѓа артритисот и неговите хронични болки, но за да се движите безгрижно и лесно, работата на белите дробови и срцето треба да биде оптимална, мозокот и нервниот ситетем мораат доволно брзо да ги пренесуваат информациите до мускулите, кои потоа мораат да работатат координирано и балансирано. За оваа цел, тие претходно мораат да имаат и минимална цврстина.

Различните заболувања, особено хроничните, секако дека си имаат свое влијание. Но, тоа не смее да ни биде оправдување за седечкиот начин на живот. Редовната активност е од особена важност и кај поворзрасните лица. Покрај тоа што го намалува ризикот од речиси сите хронични заболувања, таа ги зацврстува коските и мускулите, па на тој начин влијае и на подобрената координација и стабилност – многу важни елементи во поодминатите години.

 

[Поврзано: Имате хронични болки? Губењето килограми може значително да Ви помогне!; 5 правила за самопомош кога сме соочени со ХРОНИЧНИ БОЛКИ]

 

Спорото одење многу често значи и дека пешачите доста ретко и воопшто, имате премалку физичка активност. Без редовна физичка активност, сосема е нормално да имате и помалку кондиција – така логично е да се заклучи дека со текот на времето, што помалку се движите тоа станувате и поспори. Зошто е од особена важност за повозрастните лица да бидат постојано активни, прочитајте во една од нашите претходни статии.

 

Може ли навистина побрзото одење да ви го продолжи животот?

Како што веќе кажавме, претходно споменатата мета-студија не ни обезбедува информации за причинско-последична врска помеѓу продолжениот живот век и брзината на пешачење, туку само силна релација. Но, најверојатно зад ваквата релација стојат и силни причини.

Како и да е, едно е јасно: подобрената физичка подготвеност е директно поврзана со подоброто здравје во целина, а на тој начин и со долговечноста. Дополнително, покрај должината на животот, редовната активност придонесува и за самиот квалитет на живеење. На пример, слабеењето кое го поттикнува редовната активност, директно влијае врз намалување на непријатните хронични болки од било кој тип.

Секој чекор е значаен!

Брзото одење не е нужност за подобрување на физичката подготвеност, секоја активност е добродојдена и ќе ни помогне во оваа насока. Единствениот услов е таа да биде редовна.

Важно е да се забележи дека не е природно и ,,нормално” повозрасните лица да не можат да се движат и постојано да ,,одмораат”, напротив тие треба да се активираат (имаат и повеќе време!) поради навистина многу причини, а претохдно наведената студија е само причина плус.  Дополнително, особено ако не е дијагностицирано никакво  хронично заболување, се препорачуваат и нешто побрзи прошетки од вообичаеното темпо. Подетално околу бенефитите од ваквите вежби, прочитајте во една од нашите претоходни статии.

 

За лицата кои имаат одредени заболувања, се препорачува консултација со лекарот кој треба да ви препорача активности кои се прифатливи за вашата состојба. Речиси при секоја состојба, постојат повеќе можности за активирање, макар биле тоа и минимални. Секој чекор е вреден!

Извор:

,,Gait Speed and Survival in Older Adults” by Stephanie Studenski, MD, MPH; Subashan Perera, PhD; Kushang Patel, PhD;

 

Поврзани статии и видеа:

10 совети како да слабеете преку пешачењето

Што треба да знаете за вежбите со тежина?

Придобивки од физичката активност

Физичка активност и срцеви заболувања

Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта

Кој начин на пешачење најбрзо ги согорува мастите?

5 изненадувачки придобивки од пешачењето!

ПАНДЕМИЈАТА како мотив за промена на навиките кон подобро!

 

Физичка активност – 5 предоности од вежбањето со партнер

 

Остеопороза – колку е значајна физичката активност?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор