fbpx

Брзо, едноставно и здраво – ТАБУЛЕ – специјалитет од либанската кујна

tonus

Табуле е традиционална салата од либанската кујна, а многу често се јаде низ целиот арабски свет. Сепак, сите состојки се типични и за нашето поднебје, па лесно, брзо и ефтино можеме да подготвиме табуле во домашни услови.

Оваа здрава салата совршено одговара со фалафел ќофтињата, хумусот, а може да ја искомбинирате и со повеќе типови на главни јадења.

Таа е сосема хранлива, па и самата може да служи како оброк! Табуле салатата е лесна храна, но може да ве засити. Особено е погодна за  жешките периоди кои се пред нас.

"“Online”/

Кус-кусот (бунгур) или издробената пченица (традиционална за арабскиот свет) е главната состојка која ни обезбедува низа на корисни дејства за организмот: антиоксидативно и антиканцерогено (богат извор на селен), имуностимулирачко дејство, а исто така е и добар извор на протеини.
За здравствените бенефити на другите компоненти на табуле, како магдоносот, краставиците, домати, можете да прочитате во некоја од претходните наши статии.

Рецептот за табуле

Рецептите за табуле ко се наоѓаат низ интернет просторот можат малку да се разликуваат, а и вие можете да ги измените по вашиот вкус, но за типичната табуле салата, ќе ви бидат потребни:

1 чаша кус-кус (бунгур)
1 китка магдонос
1 свеж домат
1 свежа краставица
1 лимон
•  главичка црвен кромид и лукче, по вкус
•  ладно цедено маслиново масло
•  сол

Подготовка:

◦ Кус-кусот потопете го во млака вода за да омекне. Додадете му половина исцеден лимон и оставете да стои најмалку еден до два часа. За тоа време кус-кусот ќе ја впие течноста и ќе набабри. (бунгурот не мора целосно да ја впие течноста)

◦ Измијте го магдоносот и многу ситно исецкајте го.

◦ Ситно исецкајте ги и краставицата и доматот.

◦ Измешајте го сецканиот зеленчук со кус-кусот. Убаво исцедете ја содржината од вишокот течност.

◦ Пред да ја послужите салатата, посипете ја со сок од преостанатиот половина лимон и ладно цеденото маслиново масло.

*Во некои рецепти може да се најде и ситно сецкана главица црвен кромид.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор