fbpx

Брз сладолед од јагоди и банана

tonus

Иако календарски пред нас не ни остануваат премногу денови од ова лето, сепак температурите сè уште често го надминуваат 30-тиот степен.

Така, секој од нас бара начин да се разлади. Ладните пијалаци и свежата храна се еден од начините за разладување.

 

[Поврзано: МИНЕРАЛНА вода – кои се придобивките за здравјето?]

"“Online”/

 

Најразличните видови вкусни сладоледи со разладувачко ,,дејство” се синоним за летниот период, но тие најчесто се вбројуваат во особено нездрава храна. Зошто?

Сладоледите како по правило се високо-калорична храна со слаба хранлива вредност, односно масни (заситени маснотии) производи со значителни количества додадени шеќери (празни калории), а од друга страна сосема сиромашни со микронутриенти (витамини, минерали). Дополнително, не е само ладната храна онаа која може да нè  освежи во летниот период. Нешто повеќе околу ова, прочитајте тука.

Се поставува прашањето: Дали постои соодветна замена/и за сладоледот, односно вкусни, освежителни продукти кои се истовремено и здрави? Одговорот е ДА, а во продолжение ќе дадеме и конкретен, вкусен пример.

Пред да преминеме на рецептoт, многу е важно да се каже дека сепак најдобрата опција за здраво освежување во летниот жежок период е антиоксидативната свежа храна која е типична токму за овој период. Oсвен шеќерите и антиоксидантите, свежата храна за разлика од било која друга храна содржи многу повеќе витамини, минерали, поголеми количества растителни влакна и најразлични фитохемикалии.

Заради овие причини, секојдневно јадете што е можно повеќе свежи јаболки, портокали, праски, лубеници, дињи итн. Неколку пати во неделата консумирајте и оброци слични на овој што ќе ви го предложиме денес:

 

Брз сладолед од јагоди и банана



За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 4 замрзнати банани, со средна големина (соодветно иситнети пред да се стават за смрзнување)
  • 2 лажици путер од јатки (кикирики, лешници, бадеми..)
  • 1,5 чашка сечкани јаготки (смрзнати или свежи)
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • Малку чоколадни трошки, бобести овошки и/или некои јатки – за декорирање и дополнителен вкус

Начин на подготовка:

 

  1. Комбинирајте ги бананите заедно со путерот од јатките што ќе го изберете, во процесор за храна и блендирајте додека не се добие сосема хомогенизирана, кремасто вискозна течност.

    2. Додајте ги јагодите, заедно со екстрактот од ванила. ,,Пулсирајте” со блендерот за смесата добро да се промеша, оставајќи и по некое покрупно парче јагода низ неа.

    3. Префрлете ја фината кремаста содржина во сад по ваша желба (чаша, чаша за сладолед и слично), па додадете ја во замрзнувач 30-тина минути за да добие малку на цврстина или час до 2 часа ако сакате поцврст сладолед. Ако сладоледот ви излезе претврд, оставете го 10-15 минути на собна температура пред да го јадете.

  2. Сладоледот можете да го комбинирате со свежи бобести овошки или рендани јатки, како на пример со ф’стаци.
  • Oвој оброк прави околу 3-4 порции

Нутритивна вредност:


(на една порција, без јатките и додатоците)

Калории: 200 Јаглехидрати: 38g од кои растителни влакна: 5,3g и шеќери: 20g;  Протеини: 4g; Масти: 5,6g од кои заситени масти: 1,2g и омега-3: 0,1g; Витамин Б2: 0,1mg; Витамин Б3: 2,5mg; Витамин Б5: 0,6 mg; Витамин Б6: 0,6mg; Витамин Б9: 50µg; Витамин Ц: 50mg; Витамин Е: 1,2mg; Селен: 2µg; Железо: 0,8mg; Магнезиум: 100mg; Манган: 0,8mg; Цинк: 0,5mg; Калиум: 700mg; Калциум: 100mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор