fbpx

Витаминот Д поврзан со подобар исход кај рак на дојка

tonus

Повисоките нивоа на витамин Д во крвта се поврзани со подобар исход (или медицински кажано, подобро преживување) кај ракот на дојка. Ова особено важи за жени пред менопауза. – Вака гласи генералниот заклучок на значајна научна студија која беше објавена минатата година во Journal of American Medical Association Oncology. Научниците следеле 1666 испитанички во период од 7 години, го мереле нивото на витамин Д и ја барале евентуалната врска со исходот од ракот на дојка. Жените со повисоки нивоа на витамин Д, за разлика од оние со пониски, имале за 28% поголема веројатност за преживување, без оглед на останатите фактори (дури и карактеристиките на карциномот). Кај жените пред менопауза овој ефект бил уште посилен: повисокото ниво на витамин Д значело и 55% поголема веројатност за преживување. Инаку, витаминот Д во други студии е поврзан и со помала веројатност на појава на одредени видови рак, а исто така е поврзан и со подобро преживување кај рак на дебело црево. Значи, ова не е единствена студија која на некој начин го поврзува витаминот Д со канцер. Линк до студијата: https://jamanetwork.com/journals/jamaoncology/fullarticle/2580715 Мој совет до пациентите:

  • Немате никаква штета ако витаминот Д го одржувате во природните физиолошки нивоа, поблиску до горната одошто до долната граница, имате само потенцијален огромен бенефит!
  • Лесно се мери и обврзно измерете витамин Д во крв пред да почнете со земање суплементи,
  • За дозата Ви треба совет од стручно лице,
  • Витаминот Д е меѓу најевтините и најбезбедните суплементи!
Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор