fbpx

Вкусот на летото – брзи и едноставни бамји на медитерански начин!

tonus

Кога последен пат сте зготвиле бамји? Тие можеби и не се омилена храна за многумина, но доколку се зготватат како што треба, знаат да бидат врвен специјалитет.

Бамјите се специјалитет на арапските и медитеранската кујна, но често се застапени и во нашата традиционална македонска кујна.

Нивната широка примена се должи на специфичниот вкус и конзистенција, но и фактот што се вбројуваат во здравите намирници или здрава храна. Бамјите важат за ваква храна заради тоа што се нутритивно сконцентрирана, односно храна со малку калории,а од богата со микронутриенти (витамини и минерали), антиоксиданти и разлини други фитохемикалии.

"“Online”/

Во продолжение, предлог за вкусен, брз, лесен и здрав оброк од бамји.

Вкусот на летото – брз и едноставен рецепт за бамји во медитерански стил!

За овој рецепт ќе ви бидат потребни:
(за 4 лица)

  • маслиново масло
  • 1 мал кромид
  • 4 чешниња лук
  • 2 мали чили пиперки/халапењо пиперки
  • 500g бамји (смрзнати или свежи), исечени на кругови
  • сол и бибер
  • ½ лажичка коријандер
  • ½ лажичка црвен пипер
  • 200g пире од домати
  • ½ шолја вода
  • 1 домат, исечен на кругови
  • половина зелен лимон

Начин на подготовка:

 

  1. Ситно исецкајте ги кромидот, лукот и пиперките.
  2. Загрејте го маслиновото масло (додадете малку од маслото) во големо тенџере со капак (можете да користите и тавче, сѐ додека има капак).
  3. Додадете ги кромидот, лукот и пиперките во загреаното масло и пропржете ги 4-5 минути, внимавајќи да не загори лукот.
  4. Во тенџерето додадете ги претходно исецканите бамји и запржете ги 5 до 7 минути.
  5. Додадете ги зачините, пирето од домати, водата и добро промешајте.
  6. Ставете го исечениот домат на површината, оставете ја манџата да зоврие, а потоа намалете ја температурата и поклопете го тенџерето речиси целосно, оставајќи малку простор за да може да испарува. Бамјите треба да крчкаат околу 20-25 минути.
  7. По 25 минути, тргнете го тенџерето од оган и додадете го сокот од зелениот лимон за вистински медитерански вкус.

Овој рецепт оди одлично со ориз или со топло пита лепче.

 

Нутритивна вредност:
(една порција)

Калории: 111, Јаглехидрати: 18.3g, Протеини: 4.3g, Масти: 4.2g, Заситени масти: 0.6g, Натриум: 132.3mg, Калиум: 707.2mg, Растителни влакна: 6.2g, Шеќери: 6.8g, Витамин Ц: 48.3mg, Калциум: 135.7mg, Железо: 2.1mg

 

Зошто треба почесто да јадеме бамји?


Бамјите треба почесто да се наоѓаат на нашите трпези поради тоа што се богат нутритивен или хранлив извор (витамин К, фолна киселина, калиум, магнезиум итн.)  и антиоксидативен извор (полифенолни, флавоноидни антиоксиданти, витамин А, Ц итн.).

Поради ниската калориска вредност и високиот процент на растителните влакна, бамјата е одлична за процесот на слабеење.

Поради овој богат и специфичен хранлив состав, бамјата е добра и за дијабетичарите поради нискиот гликемиски индекс, за здравјето на срцето поради антиоксидантите и одредени специфични растителни влакна, но и за здравјето на коските, поради витаминот К, но и минералниот состав.

Многу подетално околу корисните здравствени дејства на бамјите прочитајте во една од нашите претходни статии: БАМЈА – ако сакате да го збогатите јадењето и со здравје, и со вкус!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор