fbpx

Во Италија ја нарекуваат Чамбота, a ние поинаку! – РЕЦЕПТ

tonus

Чамбота е популарен специјалитет кој потекнува од Јужна Италија, а се прави со пиперки, домати, модри патлиџани, тиквички, компири и други зеленчуци кои се сосема типични за Медитеранот. Оваа манџа е најубава сама по себе, но може да се комбинира и со јајца или некаков вид риба. Чамботата е всушност една друга верзија на рататуи, француско јадење направено од свежи, летни зеленчуци, a се служи со ориз, киноа, паста, или пак со парче топол, крцкав леб.


Повеќе шаренило значи повеќе здравје

Токму разновидноста на бои во италијанската чамбота укажува на тоа дека ова јадење изобилува со многу микро, макронутриенти, но и разлини фитохемикалии, благодарение на различните зеленчуци кои имаат уникатен состав и нудат бројни бенефити за нашето здравје.

За модриот патлиџан зборувавме во повеќе статии, но вреди да се повтори дека тој е преполн со растителни влакна, антиоксидативни компоненти, а содржи и повеќе витамини од Б-групата, кои му се потребни на организмот за енергија и за чување на здравјето на клетките. Неговата модро-виолетова боја покажува дека тој е одличен извор на антиоксиданси кои помагаат во штитење на мозочните клетки, како и во контролирањето на нивото на маснотии во крвта.

"“Online”/

Од друга страна пак, доматите имаат навистина долга листа на хранливи материи, вклучувајќи ги витамините А, Ц и К. Црвената боја доматите ја добиваат од антиоксидантот ликопен, кој помага против разни воспаленија, го намалува холестеролот и е многу важен за правилна работа на срцето. Тиквичките се добри за здравјето на очите, срцето, коските и простатата и имаат антиканцерогено дејство, додека пак бабурите изобилуваат со витамин Ц антиоксиданти, а доброто количество на калиум во нивниот состав ги прави добри и за кардиоваскуларното здравје.

Имајќи го сето претходно наведено во предвид, нималку не е неочекувано комбинацијата од сите овие здрави компоненти да даде особено здрав оброк. Затоа, пробајте италијанска чамбота уште денес.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

  • 2 модри патлиџани, исечкани на крупни коцки
  • 2 зелени тиквички, исечкани на крупни коцки
  • 3 црвени бабури, исечкани на крупни коцки
  • 5 цврсти домати, исечкани на крупни коцки
  • 5 средни компири, исечкани на крупни коцки
  • 1 голема лута пиперка, ситно исечкана (по желба, може и блага)
  • 1 среден кромид, ситно исечкан
  • 3 чешниња лук, ситно исечкани
  • свеж или сушен босилок
  • 6-7 супени лажици маслиново масло
  • 1 кафена лажичка сол
  • ½ кафена лажичка бибер

Начин на подготовка:

  1. Почнете со подготвување на доматите така што ќе ги зовриете неколку минути (4-5), па ќе ги тргнете од оган и ќе ги излупите. На овој начин, лупењето е полесно. Дури потоа можете да ги исечкате на коцки.
  2. Сите останати состојки измијте и исечкајте ги на начинот објаснет погоре, за готвењето да ви оди побрзо.
  3. Во големо тенџере или тавче со капак, загрејте малку маслиново масло и во него додадете ги кромидот и лукот. Мешајте околу 2-3 минути, па додадете ги доматите, бабурите, тиквичките и модрите патлиџани. Сето тоа гответе го десетина минути со повремено мешање.
  4. Додадете сол и бибер и додадете го свежиот босилок. Промешајте, намалете го огнот и поклопете го тенџерето, но не целосно. Оставете го јадењето да се готви 40-тина минути, но не заборавајте да промешате повремено. Чамботата е готова кога сите зеленчуци се меки и сите вкусови се соединети. Пред да тргнете од оган, пробајте за да видите дали има доволно зачини.
  5. По 40 минути, тргнете ја чамботата од оган и служете со пита лепче/потпечен ФИБРОГЕЛ леб.

* Овој рецепт прави 6 порции.

 

Нутритивна вредност:
(на една порција)

Калории: 245 Јаглехидрати: 28g од кои растителни влакна: 8.4g и шеќери: 13g;  Протеини: 4.5g; Масти: 16g од кои заситени масти: 2.3g; Железо: 1.4mg

Ова јадење содржи и низа други микронутриенти и фитохемикалии.

 

Заштита од настинки и грипови и поуспешно слабеење

Сите зеленчуци што ќе ги додадете во чамботата (особено тиквичките, пиперките и модрите патлиџани) се исклучително добри за здравјето бидејќи обезбедуваат огромна количина на витамини и хранливи својства за зајакнување на самиот имунолошки систем, а со тоа помагаат во спречување на разни болести – нешто што во моментов на сите нас треба да нѝ е приоритет. Дури и во минатото, италијанската чамбота била познат рецепт за спречување на настинката и грипот!

Дополнително, нутритивната сконцентрираност на сите компоненти од кои се прави ова јадење, ја прават чамботата одличен избор при процесот на слабеење. Компонентите се богати со вода, растителни влакна, витамини, минерали, антиоксиданти, сложени јаглехидрати, здрави масти итн., а сиромашни со енергетска вредноста или калории.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор