fbpx

Врнежливото време придонесува за покачување на килограмите?

tonus

Многумина тврдат дека наглата промена на временските услови им предизвикува појава или интензивирање на веќе постоечките болки, особено во коските и зглобовите,  предизвикани од артритис или некои други ревматски заболувања.

[Поврзано: Ревматоиден артрит и исхраната]

Луѓето пак, кои страдаат од мигрена, исто така неретко ги обвинуваат временски услови за појавата на болките, односно симптомите на мигрената. Во една од нашите претходни статии дознајте која е научната поткрепеност за т.н. состојба на метеоропатија, а во продолжение повеќе околу тоа како ни делува дождот во однос на раположението и апетитот.

"“Online”/


Есен – сезона на нагли промени

Доаѓањето на есента неретко носи сосема нагли промени на временските услови. Тоа е случај и годинава. Веќе подолг период секојдневно имаме променливо време и дождови.

Во продолжение, како дождот придонесува кон потешко контролирање на килограмите и што можеме да направиме за да си помогнеме.


Врнежливото време може да придонесе за покачување на килограмите?

 

Ако последниов период сте во Македонија, голема е веројатноста најголемиот дел од своето време да го минувате по дома, криејќи се од дождот.

Исто така, многу е веројатно дека апетитот ви е значително зголемен, односно да имате почести неодложни потреби за храна. Но, може ли навистина времето да не натера да јадеме повеќе? Како да го избегнеме прејадувањето?

[Поврзано: Основни принципи на здравото слабеење! Што треба, а што не треба да правиме?]

Дождот го асоцираме со постудено време



Изгледа дека зголеменото чувство на глад кога времето е поладно е нешто биолошки предодредено. Едноставно, луѓето јадат повеќе кога времето е ладно..

Од аспект на физиологија, тоа има сосема добра логика. Јадејќи се топлиме преку постепеното ,,забрзување” на метаболизмот. Така, на некој начин може да се рече дека сме ,,програмирани” при поладно време да бараме потопли оброци што ќе ни обезбедат чувство на топлина.

[Поврзано: Каротенска БОМБА – Есенска ЧОРБА од ТИКВА и МОРКОВИ!]

Сепак, ова важи за периодот на зимата. Најчесто кога надвор врне, температурите и не се навистина толку многу ниски, но и покрај тоа за нашиот мозок врнежите значат ладно и некомотно време, поттикнувајќи нè да јадеме повеќе или да јадеме нешто што ќе нè стопли.

Во суштина, врнежливото време не значи дека ни се потребни екстра калории, посебно земајќи предвид дека додека врне најчесто сме внатре во своите домови.

[Поврзано: Што всушност се калориите и колку ни се потребни дневно за да слабееме?]

Кога врне, повеќе сме внатре

Периодот на карантини поради пандемијата добро нè научи дека колку повеќе сме дома, толку ни е поголема достапноста до храната (фрижидерот) и толку повеќе сме изложени на искушенијата за вкусна и најчесто, обилна и нездрава храна.

Искуствата и анализите укажуваат на тоа дека лесната достапност е еден од најзначајните фактори за препуштањето на т.н. ,,брза храна” со празни калории.

[Поврзано: Што се тоа празни калории и зошто се опасни?]

Тоа би значело дека додека надвор врне, доста ,,попривлечно” ни изгледа теглата нутела, чипсот или пак парчето сирење во фрижидерот.

Како да си помогнеме во оваа смисла? Во кратки црти, многу е важно да си најдеме одредена дигресија, којашто ќе нè држи подалеку од трпезариската маса, кујната и фрижидерот. Најдобра опција би била одењето на прошетка. Но, надвор врне? Пандемијата ни покажа дека сосема можно е и вежбањето од дома: Кои се предностите на вежбањето од дома и што да вежбате?

На тема како да одбегнеме прејадување и емотивно јадење, зборувавме во една од нашите претходни статии. Повеќе на темата прочитајте тука.

[Поврзано:  13 практични совети како да не се прејадеме за време на празниците + за време на карантин?]


Гледаме повеќе телевизија и интересни работи на интернет

 

Додека јадете, не мислете на други работи, не гледајте телевизија, не го чепкајте телефонот и не бидете пред компјутер.

Една студија која се занимавала со оваа тема, утврдила дека за разлика од фокусираните на јадењето, оние со некаква дистракција имале многу поголема желба за довршување на оброкот или празнење на чинијата до крај. Поради ваквите резултати, а и искуствено, експертите велат дека ризикот од прејадување е поголем ако имаме некакви дистракции.

Затоа, додека јадете, фокусирајте се на чинијата и заборавете барем за момент на обврските и електронските уреди. Научете да уживате во храната и ќе јадете помалку, а ќе бидете посити.

Многу повеќе околу тоа како да ја развиете вештината за СВЕСНО да јадете, прочитајте тука.

Кога врне ни е подосадно



Кога сме позафатени, храната паѓа подолу на листата приоритети. Останувајќи дома го зголемуваме ризикот од минување време без никакви обврски. Ова особено важи за празничните периоди, но и периодите кога надвор постојано имаме врнежи.

Многу повеќе околу емотивното јадење и јадењето од досада, како и начините за справување, прочитајте тука.

Дождот е ,,добар” изговор за одложување на физичката активност



Како што веќе зборувавме, кај најголемиот дел од луѓето дождот поттикнува нарушено расположение, па тоа води и кон значително намалена мотивација за вежбање.

[Поврзано: Како претераното седење го УНИШТУВА здравјето? И веројатно е лошо колку и пушењето!]

Од друга страна, најлесниот начин за да си го поправиме расположението е јадењето вкусна храна. Најчесто обемно јадење.

Физичката неактивност во комбинација со нездравата и обемна исхрана со сигурност ќе ни делува на покачување на телесната тежина.

[Поврзано: Враќање на физичката активност ПО прележан Ковид-19. Како и колку?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор