fbpx

ГАДЕЊЕ и ПОВРАЌАЊЕ при ХЕМОТЕРАПИЈA

tonus

Гадењето и повраќањето се меѓу најчестите и најтешките несакани ефекти на хемотерапијата. Се среќаваат кај речиси 2/3 од пациентите. Цисплатин, циклофосфамид, доксорубицин и дакарбазин се особено проблематични од аспект на овие несакани ефекти. Постојат и официјални лекови, но и останати терапевтски модалитети кои можат да го ублажат гадењето и повраќањето. Од официјалните лекови, во употреба се: ондансетрон, апрепитант, гранисетрон, метилпреднизолон комбиниран со дроперидол и прохлорперазин. И овие лекови, од своја страна, може да имаат несакани ефекти, а некои од нив се прилично скапи. Постојат и други начини за соочување со гадењето и повраќањето: 1. Акупунктура – познатиот Мемориал Слоан-Кетеринг центар за лекување на канцер има објавено научни трудови според кои со неделна употреба на акупунктура доаѓа до намалување на болките, дисфункционалноста и ксеростомијата (сува уста). Aко не ви е достапна акупунктура, постои можност и за акупресура, а со тоа сами да си помогнете. Погледнете го следното видео: https://www.mskcc.org/cancer-care/patient-education/acupressure-nausea-and-vomiting 2. Ѓумбир – на посебна презентација на АСКО во 2009та се презентирани придобивките од употреба на ѓумбир за намалување на овие несакани ефекти. Земен пред третманот со хемотерапија, ѓумбирот го намалува гадењето во првиот ден кај 73% од пациентите. Дозата која дава ефект се движи помеѓу 0.5 грама и 1 грам. Може да се подготви и како чај и да се зема повеќе пати во текот на денот.   3. Бета-глукани – ако мукозните мембрани се воспалени, треба да се намали стресот врз нив. Бетаглуканите имаат таков докажан ефект врз гастроинтестиналната мукоза. Извор на бета глукани може да бидат: овесни снегулки или овесно млеко, печурки особено ако се подготвени како крем супа (домашна најдобро). Ова се главните начини за дополнително смирување на несаканите ефекти од хемотерапијата. Интересно, и масажата на стапалата има покажано позитивни ефекти. Значи, им најдовме работа на вашите сакани за вечерва.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор