fbpx

Дали е здраво да се ТУШИРАМЕ секој ден?

tonus

Дали се туширате секој ден? Ако одговорот е потврден, дефинитивно не сте сами. Две третини од Американците и дури 80% од жителите на Австралија секојдневно се тушираат.

Кога доаѓа летото, тополото време и поголемата физичка активност ги поттикнуваат и оние  што претходно не се капеле секојдневно, да почнат да го прават тоа. Непријатноста поради солената пот и чувството на топлина го прават туширањето пријатна активност, па некои луѓе го практикуваат дури и повеќе пати дневно.

Нема дилема дека личната хигиена е особено важна, но дали сте се запрашале дали секојдневното туширање, особено со некакви средства е навистина навика која е толку потребна и дали има повеќе позитивни или повеќе негативни страна? Дали без оваа навика вашата кожа може да остане чиста? Во продолжение нешто повеќе околку ова.

"“Online”/

Дали навистина има причини за секојдневно капење?

Многумина кои редовно ја практикуваат оваа навика ќе забележат дека тоа го прават заради тоа што е ,,поздраво” отколку пореткото туширање. Но, дали сте размислувале дека секојдневното капење можеби е повеќе некаква општествено прифатена, а потоа и наметната норма, отколку навика неопходна за здравјето. Можеби затоа низ различните држави и култури постојат и различни навики за капење.

Дополнително, логично е да се запрашаме дали само неколку генерации пред нас, луѓето имале воопшто можност за секојдневно капење, особено со некакви средства за хигиена?

Покрај тоа што го сметаат за поздраво, луѓето најчесто редовно се тушираат и поради загриженоста да не шират непријатен мирис, да си помогнат за полесно будењето рано наутро или ако наутро имаа редовна физичка активност. Сите причини се релевантни, но како што рековме, она што се смета за прифатливо ниво на хигиена е во голема мера културолошки определено, но и од маркетингот на различните шампони, сапуни, купки итн.

На пример, со не баш позната оправданост, повеќето шампони советуваат нанесување на средството од два, па и три пати и потоа плакнење, иако тоа не е потребно (и едно нанесување е доволно). Следењето на овие препораки продава повеќе шампони, а не ја прави вашата кожа и коса поздрава.

Заклучокот е следен, освен ако немате некаква тешка физичка работа или сте спортист, секојдневното туширање не само што не е неопходно, туку може да биде и штетно.

Какви можат да бидат негативните последици од секојдневното капење?

Нормалната, здрава кожа содржи масен слој и балансирана корисна микрофлора (заедница од корисни микроорганизми). Постојаното отстранување и миење ја отстранува оваа микрофлора, особено ако водата е претопла. Како резлутат на отстранувањето на овие слоеви:

• Кожата станува сува и иритирана (интензивно чешање)

• Сувата и напукната кожа, односно кожата без масниот слој и корисната микрофлора, овозможува навлегување на одредени бактерии и алергени, што може да води кон полесно инфицирање со патогени и појава на алергиски реакции.

• Антибактериските средства ја убиваат корисната микрофлора во голема мера. На тој начин се овозможува поголем простор за патогените микроорганизми кои создаваат различни облици на кожни инфекции.

• Нашиот имун систем има потреба од одредено ниво на ,,стимулираност” или изложеност на микроорганизмите од нечистотиите и другите видови на изложеност на компоненти од средината. Ова води кон создавање на заштитни антитела и создавање на т.н. имунитетна меморија. Токму заради овие причини педијатрите и кожните лекари даваат совети против секојдневното капење на децата. Премногу честото капење на долг рок може да ја намали способноста на имуниот систем правилно да функционира.

• Пречестото капење може да ја влоши и состојбата при дерматитис и псоријаза(но, на долг рок и да поттикне дерматитис или воспаление на кожата), а исто така може да делува лошо на квалитетот на косата и да ја направи сува и кршлива.

Колку е премногу?

Она што досега го зборувавме важни генерално за населението.

Препораките од дерматолозите се дека зачестеноста, односно потребите од капење се индивидуални и зависат, пред сé, од типот на кожата (посува или помасна), потоа од временските услови (сезоната) и од интензитетот и зачестнота на физичките активности.

На пример, кожата е посува во зима, па зачестеното туширање може да ја направи екстремно сува. Истата таа кожа на лето со сличен интензитет на миење, може да нема никаков проблем.

Заради тоа што е тешко да се дадат универзални препораки околу прашањето ,,Колку е премногу?”, важно е подобро да ја познавате вашата кожа и заедно со другите два споменати фактори самите да одлучите колку е премногу и дали ви е потребно секојдневно туширање.

Совети околу капењето што важат за сите:

◦ Капете се на два или три дена(освен ако самите не сте утврдиле според споменатите фактори дека ви е потребно секојдневно капење, но и тогаш немојте да го правите тоа повеќе од еднаш во денот)

◦ Никогаш не се туширајте со претопла вода.

◦ Ограничете го капењето на 5-10минути.

◦ Немојте да нанесувате било какви средства за капење повеќе од 2 пати.

◦ Исплакнете ја добро нанесената пена од средствата за капење пред да излезете од бањата.

◦ Немојте силно да се триете со пешкирот по капењето.

◦ Користете средства за навлажнување по капењето.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор