fbpx

Дали кога се ПОТИМЕ значи дека автоматски трошиме и КАЛОРИИ?

tonus

Потењето е природна реакција на телото при повишена температура и влажност во животната средина или резултат на поинтензивна физичка активност. Целта на потењето е едноставна – разладување на организмот или достигнување на температура која е оптимална за телото.

Потењето е многу важно, но самото по себе не значи губење на плус калории


Доста често сме слушнале дека потењето ги троши калориите, но тоа е само мит. Како што веќе споменавме, целта на потењето е регулација на температурата на телото. Ако поинтензивните физички вежби ви предизвикуваат потење, тогаш најверојатно согорувате значително количество калории, повеќето од маснотии. Значи, потењето може да биде само индикатор за ,,топење на маснотиите”.

Форсирањето да се потите повеќе вежбајќи во екстремно жешки услови, какви што имаме сега или облекувањето на подебела облека, нема да ви помогнат во целта да согорувате плус калории.

"“Online”/

Што е потењето?

Развивањето на оваа уникатната биолошка способност, односно намалената влакнатост и ,,предавањето” на топлината преку поголема површина на телото, бил еден од клучните моменти во еволуцијата на човекот. Иако човекот за разлика од многуте предатори ја нема експлозивната брзина, потењето му овозможило да може да го ,,надтрча” и најбрзиот тигар во однос на дистанцата. Можноста за поминување на огромни дистанци, освен намалениот ризик од опасните животни, довела и до полесно наоѓање на храна.

Во намерата да ја намали телесната температура, мозокот ги активира потните жлезди кои се наоѓаа во кожата. Преку потењето се губи водата заедно со солите, но и помали количества од доста други компоненти, меѓу кои некои и токсични. Телото содржи помеѓу 2 и 4 милиони потни жлезди кои се задолжени за негово ладење. Некои поединци повеќе се потат од другите дури и при исти услови. Главно, потењето е условено од температурата и влажноста на средината, но фактори се и генетиката, полот, возраста и нивото на физичка подготвеност.

Испарувањето на влагата од површината на кожата предизвикува ладење на телото. Повеќе се потиме при потопли и повлажни услови, но тоа не значи дека тогаш согоруваме калории плус, туку тоа значи дека телото се обидува да се олади.

Гојазните луѓе или оние со зголемена телесна тежина се потат повеќе, бидејќи имаат поголема површина на тело која треба да се олади. Поединците кои се ,,фит” исто така имаат тенденција повеќе да се потат, но тоа е поради тоа што нивниот ,,систем за ладење” е особено ефикасен, давајќи им способност за понапорни и подолги активности.


Кога ги топите маснотиите?

Складираните маснотии се ,,складирани” заради тоа што во дадениот момент телото немало потреба од толку енергија колку што била внесена (главно) преку неправилен начин на исхрана. Ова значи дека телото ја чува оваа складирана енергија за моментите кога ќе има потреба од дополнителна енергија или при гладување.

Резервното масно ткиво технички не се ,,согорува” или ,,топи” на самата локација, туку се ослободува и оди до клетките на кои им е потребна енергија. При тоа, маснотиите се разградуваат до масни киселини и глицерол кои потоа се метаболизираат. Значи, додавање на топлина на масното ткиво нема да го ,,согори”.

Со зголемувањето на потребите за енергија, се намалува складираниот вишок енергија во масно ткиво – тоа е единствениот начин за слабеење. Значи, состојбата која го предизвикува телото да употребува енергија од маснотиите функциоnира сосема независно од причината која предизвикува потење. Секако, зголемувањето на потребите од енергија = некаков тип на физичка активност.

Така, вежбањето во жешки и многу влажни услови нема да ве води кон повеќе согорени маснотии. Дополнителното потење ќе дојде од обидите на телото да се олади. Облекувањето на подебели алишта ќе доведе до повеќе потењето и губење на водата од организмот, а не на маснотиите.

Како што споменавме неколку пати, потењето е само индикатор за согорувањето на калориите, односно поинтензивните физички вежби побрзо ја креваат температурата на телото, кое ,,одговара” со поинтензивно потење. Ваквите поинтензивни физички вежби топат повеќе маснотии.


Трошите доволно калории и при физичките активности кои
,,не ве потат”

Трачањето на долги дистанци во зима не предизвикува интензивно потење, а согорува огромен број на калории. Истото важи и за другите поинтензивни активности во поладна средина. Седењето на топла плажа пак, не предизвикува трошење повеќе калории.

И помалку интензивните активности како пешачење, јога, пилатес, истегнување и други, можеби не предизвикуваат потење, но трошат калории, ја подобруваат мускулатурата, флексибилноста, но и менталното здравје. Повеќе за пешачењето прочитајте тука.

Краток заклучок

Постојат повеќе фактори заради кои луѓето во летниот период не ја зголемуваат телесната тежина, па дури најчесто многумина и губат килограми во овој период од годината. Сепак, почестото потење во летниот период не е една од причините. Главните причини се зголемените прилики за физичка активност, помали потреби од енергија – значи храна поради топлото време, поголемата достапност на свежа и здрава храна итн.

По интензивната активност која ви предизвикала обемно потење, помалата тежина која ја покажува вага е поради загубата на течностите од телото, а не од загубеното масно ткиво. Сепак, тоа не значи дека не сте на вистинскиот пат, напротив, губите калории и треба да продолжите во таа насока, но не треба да очекувате на губите по половина килограм на ден или два, бидејќи тоа ќе ве разочара. За да дојдете до намалување на телесната тежина не се неопходни интензивни вежби, туку редовна физичка активност и правилна исхрана.

Важно е загубените течности, да ги надополните со вода и електролити и да не правите поинтнезивни вежби без претходно да сте добро хидрирани. Експертите препорачуваат нешто над половина литар вода два до три часа пред поинтензивната активност; една чаша непосредно пред активноста; една чаша по секои поминати 20 минути од активноста и чаша вода 30 минути по активноста.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор