fbpx

Два рецепта од Тоскана – чорба и салата со тиква!

tonus

Тосканска чорба

Тоскана е позната по своите пејзажи, историја, уметничко наследство и секако, по квалитетната и вкусна храна. Тосканските специјалитети се штедливи, едноставни за правење и свежи, а стилот на готвење е типичен за Медитеранот. Taков е и овој едноставен рецепт за автентична тосканска чорба со грав и печурки.


За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 1 шолја сув бел грав, прво потопен во вода неколку часа, а потоа сварен
  • 1 кафена лажичка маслиново масло
  • 1 голем кромид, ситно исецкан
  • 1 големо чешне лук, ситно исецкано
  • 1 голем морков, изрендан или ситно исецкан
  • ½ страк праз, ситно исецкан
  • 6 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1 кафена лажичка црвен пипер
  • 400g шампињони или други печурки по ваш избор, исечени на мали парченца или четвртинки
  • 8-10 сушени домати
  • 1 кафена лажичка сув или свеж рузмарин
  • сок од ½ лимон
  • 1 кафена лажичка суво оригано
  • ½ кафена лажичка морска сол
  • ½ кафена лажичка мелен црн пипер
  • свеж магдонос, босилек или нане, ситно исецкани

Начин на подготовка:

 

  1. Прво што треба да направите е да го подготвите гравот. За да го направите тоа, прво оставете го покиснат во вода неколку часа (или преку ноќта), а потоа варете го околу еден час, или додека не омекне.
  2. Ставете ги сушените домати во блендер со рузмарин и оригано. Додадете ¼ шоља вода и миксирајте на висока брзина додека не добиете паста.
  3. Во едно тенџере или големо, длабоко тавче загрејте го маслиновото масло и додадете ги кромидот, лукот, празот и морковот. Зачинете со морска сол и мелен црн пипер.
  4. Динстајте ги сите состојки заедно, мешајќи често, додека зеленчукот не омекне и пушти боја (ова би требало да трае околу пет минути).
  5. Додадете една лажичка црвен пипер и пропржете се’ една минута.
  6. Додадете ги печурките и динстајте околу три до четири минути, или барем додека печурките не омекнат малку.
  7. Додадете го сварениот грав и изматената паста од домати и ароматични билки. Добро промешајте за состојките убаво да се комбинираат. Додадете вода или растителен бујон за да ја разредите чорбата ако е премногу густа, или пак оставете ја така ако сакате густа, концентрирана чорба.
  8. Почекајте чорбата да зоврие и оставете ја да врие околу 10 минути за да се спојат сите вкусови.
  9. Додадете го сокот од лимон и ориганото и исклучете го огнот. Послужете топло со кускус, топло пита лепче, или пак медитерански леб со маслинки.

 

  • Овој рецепт прави 4 порции.

Нутритивна вредност

(на 1 порција):

"“Online”/

Калории: 130 Јаглехидрати: 23g од кои растителни влакна: 7.5g и шеќери: 6.3g;  Протеини: 7.4g; Масти: 2g од кои заситени масти: 0.3g; Витамин A: 3220 IU; Витамин Б5: 2.7mg; Витамин Ц: 26mg; Бакар: 0.8mg; Железо: 4.2mg; Калиум: 796mg

Предлог за ручек: Медитеранска туна салата со тиква

Оваа медитеранскатa салата ги комбинира специфичните вкусови, но и хранливи вредности на туната и тиквата кои се надополнуваат. Туната е богата со квалитетни протеини, омега 3 масни киселини и различни микронутриенти, додека тиквата e богат извор на растителни влакна, К витамин и низа други фитохемикалии.
Станува збор за интересен спој на текстури кои придонесуваат оваа салата да има лесен и освежителен вкус.


За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

За основата (салатата):

  • 1 краставица, исечена на тенки тркалца
  • 4-5 ротквици, исечени на тенки тркалца
  • 2 конзерви туна (по можност пакувана во маслиново масло), исцедена
  • 1 кафена лажичка сув копар
  • 1 мал кромид, ситно исецкан
  • 1/3 шоља каламата маслинки, со извадена семка и ситно исецкани
  • 1 кафена лажичка лук во прав (може да користите и свеж лук кој ќе го исецкате ситно)
  • 1 кафена лажичка морска сол
  • ½ кафена лажичка мелен црн бибер
  • сок од 1 лимон
  • 3 супени лажици маслиново масло

За тиквата:

  • мала мускатна тиква од околу 400g, исецкана на крупни коцки и испечена
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 1 кафена лажичка кромид во прав
  • 1 кафена лажичка лук во прав
  • 1 кафена лажичка морска сол
  • ½ кафена лажичка мелен црн бибер

 

Начин на подготовка:

 

  1. Вклучете ја рерната да се загрее на температура од 200°С и обложете еден среден плех со хартија за печење.
  2. Во голем сад измешајте ги заедно парчињата тиква, зачините и маслиновото масло и ставете ги на плехот. Печете околу 30 минути или додека не поруменат.
  3. Додека се пече тиквата, подгответе ја салатата. Почнете прво со правење на туната: во голем, длабок сад ставете ги двете конзерви туна, кромидот, лукот, копарот, маслинките, морската сол и биберот и сето тоа убаво промешајте го.
  4. Потоа, додадете ги краставиците и ротквиците и повторно промешајте, но овој пат многу понежно и помалку енергично.
  5. Извадете ја тиквата од рерна, почекајте да се излади и додадете ја во садот со туната, без да мешате.
  • Овој рецепт прави 4 порции.
  • Остатоците од ова јадење можете да ги чувате во фрижидер во добро затворен сад најмногу 5 дена.


Нутритивна вредност:

(на 1 порција)

Калории: 370 Јаглехидрати: 21g од кои растителни влакна: 3g и шеќери: 3,5g;  Протеини: 31g; Масти: 18g од кои заситени масти: 3g и омега 3 масни киселини: 0,3g; Витамин A: 11 500 IU; Витамин К: 55µg; Витамин Б3: 10mg; Витамин Б12: 2,5µg; Железо: 2,5mg; Фосфор: 272mg; Селен: 90µg; Витамин Д: 350IU; Калиум: 600mg;

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор