fbpx

Две есенски „ИМУНО” салата: црвена и жолта!

tonus

Пред нас се периодите на кратки и студени денови, но и денови кога почнува сезонaта на грип и настинки (да не потсетуваме и дека сè уште сме во пандемија).

Токму затоа, сега е поважно од било кога да го одржиме имунитетот на оптимално ниво. Нераскинлив дел од здравото живеење кое води кон здрав имунитет е и правилната исхрана.

Еден од најдобрите избори на храна, кога станува збор за имунитетот, секако е свежата храна. Таа изобилува со повеќето неопходни микронутриенти (витамини и минерали), но и со низа антиоксидативни компоненти и други корисни фитохемикалии, клучни за оптималниот имун одговор. Покрај тоа, свежата храна е особено добар извор на растителни влакна, кои често се дефицитарни помеѓу населението. Тие имаат различни бенефити (пред сè за контролирање на телесната тежина и здрава дигестија), а за имуниетот се важни од аспект на тоа што претставуваат храна за корисната цревна микрофлора, чиј баланс влијае на имунитетот.

"“Online”/

Заради овие причини, треба максимално да се стремиме приготвената храна периодов да биде што пошарена и разнолика.

Во продолжение два предол-рецепти за хранливи (погледнете нутритивен состав!), но и особено вкусни, крцкави есенски салати, кои сигурно нема да ги направите само еднаш!

[Поврзано: 10 намирници за подобар имунитет
 Како имунитетот е поврзан со животниот стил?]

Жолта есенска ,,имуно” салата

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 1 конзерва наут, исплакнат, исцеден и исушен
  • 1 супена лажица маслиново масло
  • ½ кафена лажичка мелен ким
  • ¼ кафена лажичка цимет
  • ½ кафена лажичка црвен пипер
  • прстофат морска сол и бибер
  • 4 средни моркови, излупени и крупно изрендани
  • ½ мал жолт кромид, ситно исецкан
  • ½ шоља суво грозје, измиено и покиснато (по желба)
  • свеж магдонос, ситно исецкан

    · малку исечкан свеж целер по желба

  • морска сол и бибер по вкус
  • ¼ шоља тахини сос со додадена 1 лажичка куркума и малку бибер


Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200° С. Во длабок сад ставете ги наутот, маслиновото масло и зачините, pa добро промешајте. Вака зачинетиот наут ставете го на плех обложен со хартија за печење и печете во рерна додека не зарумени (15 до 20 минути). Протресете ја тавата неколку пати во текот на печењето. Извадете го од рерна и оставете да се излади.
  2. Додека го печете наутот, подгответе ги состојките за салатата. Најпрвин, подгответе го тахини сосот (нашиот рецепт можете да го погледнете тука) и ставете го во фрижидер за да се излади. Потоа подгответе ги морковите, кромидот, целерот сувото грозје и магдоносот според инструкциите дадени погоре и ставете ги во длабок сад. Добро промешајте и зачинете со сол и бибер.
  3. Извадете го наутот од рерна и почекајте да се излади пред да го ставите во садот со салатата. Целата салата прелијте ја со тахини сосот, повторно промешајте и служете.

–        Овој рецепт прави 4 порции.


Нутритивна вредност:
(на една порција):

Калории: 290 Јаглехидрати: 36,5g од кои растителни влакна: 11g и шеќери: 7g;  Протеини: 12g; Масти: 11,5g од кои заситени масти: 1,5g; Витамин A: 10 250 IU; Витамин Б9: 200mcg; Витамин Б1: 0,3mg; Бакар: 0.6mg; Железо: 4,5mg; Селен: 9mcg; Цинк: 2.3mg; Kалиум: 570mg; Maгнезиум: 70mg

Црвена есенска ,,имуно” салата

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

За салатата:

  • 200g црвена зелка, ситно исечкана
  • 1 главица црвен кромид, со средна големина, ситно исечкан
  • 2 црвени пиперки со средина големина, исечкани на долги парченца (пиперките можат да бидат и печени)
  • Околу 300g црвен грав од конзерва (може да го сварите и самите)
  • 3-4 чери домати или 1 домат со средина големина, ситно исечкан
  • 2 супени лажици ладно цедено маслиново масло (или друго растително масло по избор)

За сосот:

  • 4 супени лажици путер од кикирики
  • ¼ шоља млака вода
  • 1 лажица сусам и 1 лажица ленено семе, претходно малку запечени (заради подобро апсорбирање на нивните нутриенти)
  • 1 супена лажичка Dijon сенф
  • 2 супени лажички бел сенф
  • 1 супена лажица сумак
  • 1/3 лажица куркума и 1/3 бибер
  • Малку буковка и сол

 

Начин на подготовка:

  1. Во подлабок сад за салата ставете ги ситно исечканите свежи намирници, заедно со добро исцедениот црвен грав.
  2. Во друг помал сад, ставете го путерот од кикирики, заедно со сенфовите и сите зачини. Мешајте енергично со лажичка, постојано додавајќи од млаката вода. Додавајте сè додека не добиете течност со густина по ваша желба.
  3. Прелијте го сосот врз свежите намирници и гравот, па нежно промештајте

–        Овој рецепт прави 3 порции.

–        Салатата можете добро да ја комбинирате со нашиот рецепт за хумус и неколку парчиња од Фиброгел лебот


Нутритивна вредност:
(на една порција):

Калории: 270 Јаглехидрати: 37,5g од кои растителни влакна: 11g и шеќери: 12g;  Протеини: 13g; Масти: 9,5g од кои заситени масти: 1,5g; Витамин A: 2900 IU; Витамин Б9: 115mcg; Витамин Б6: 0,6mg; Бакар: 0.4mg; Железо: 3mg; Селен: 5mcg; Цинк: 1,5mg; Kалиум: 800mg; Maгнезиум: 80mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор