fbpx

Дијабетичарите треба да внимаваат на своите бубрези! Зошто?

tonus

Покрај другите чести проблеми кои може да бидат предизвикани од дијабетот, од големо значење е да знаете дека помеѓу нив се и проблемите, односно заболувањата на бубрезите (дијабетична нефропатија).

Дијабетот е всушност една од најчестите причини за бубрежните заболувања. Речиси ¼ од дијабетичарите развиваат некакви бубрежни заболувања.

Главната функција на бубрезите е филтрирањето или ,,прочистувањето” на крвта од различни метаболитички нуспродукти, но и од вишокот на вода. Крајниот продукт е урината. Дополнително, бубрезите помагаат во контролирањето на крвниот притисок и продуцираат одредени хормони неопходни за нормалното функцинонирање на организмот.

"“Online”/

Кога ќе дојде до некакво оштетување на овие важни органи, тие не можат соодветно да ја филтрираат крвта, што може да води кон натрупување на споменатиот ,,метаболитички отпад” низ телото. Така, оштетувањата на бубрезите може да предизвикаат и низа други здравствени проблеми неповрзани со овие органи.

Бубрежните оштетувања предизвикани од дијабетот се развиваат бавно, со години. Во продолжение, на кој начин дијабетот може да им наштети на бубрезите, кои групи луѓе се посебно во ризик, какви се симптомите и совети како да се грижите за здравјето на овие органи доколку сте дијабетичар.

Како дијабетот води кон бубрежни заболувања?

Дијабетот подразбира покачени нивоа на глукоза во крвта кои помеѓу останатото можат да предизвикаат одредени оштетувања во крвните садови на бубрезите. Таквите оштетувања ги пречуваат крвните садови да си ја вршат својата задача, па бубрежните ткива се оштетуваат.

Дополнително, дијабетичарите често страдаат и од висок притисок, што исто така на долг рок ги оштетува бубрезите.

Што го зголемува ризикот од бубрежни заболувања поврзани со дијабетот?

Самата дијагноза дијабет го зголемува ризикот од развивање бубрежни заболувања, но во посебен ризик се дијабетичарите кои не се однесуваат според препораките и нивниот план направен од лекарот кој ги следи, па често имаат неконтролирани нивоа на шеќер, повишен крвен притисок, пушат, премногу користат сол во исхраната итн.

Дополнителен ризик имаат и дијабетичарите кои страдаат од обезност, имаат некакви кардиоваскуларни заболувања или генетска предиспозиција за бубрежни болести.

Како да знаете дали имате проблеми со бубрезите?

За жал, особено во почетоците на заболувањата, не постојат никакви симптоми. Единствениот начин да знаете дали имате некаков проблем е да направите соодветни крвни и тестови на урината. Се проверуваат албуминот од урината, а крвните тестови нѝ даваат информацијата за тоа дали крвта правилно се филтрира од страна на бубрезите.

Препораките за тестирање се: еднаш годишно за пациентите со дијабет тип 2 и за оние кои имаат дијабет тип 1 повеќе од 5 години.

Како дијабетичарите да го одржат оптималното здравје на бубрезите?

Советите се слични како и за превенирањето од другите можни компликации на дијабетот – редовно придржување до планот направен од лекарот кој ве следи, односно редовно контролирање на глукозните нивоа, крвниот притисок, редовно и правилно примање на терапијата (доколку е препишана) и практикување на она што се подразбира под здрав начин на живеење.

Под здрав начин на живот се подразбира правилна исхрана, редовна физичка активност, наоѓање на траен начин за менаџирање со стресот, непушење, избегнување алкохол, квалитетен сон.

Секако, за оптимална превенција потребно е и редовното тестирање на параметрите кои укажуваат во каква состојба се наоѓаат бубрезите (претходно споменатите тестови на урина и крвните тестови).

Ниво на глукоза во крвта

Во зависност од типот на дијабет и индивидуалната состојба на пациентот, крвниот шеќер треба да се мери барем еднаш во текот на денот, а редновно треба да се прави и HbA1c тести (на секои 3-6 месеци). Овој лабораториски крвен тест ја покажува просечната вредност на шеќер во крвта во последните 3 месеци. Зошто е ова важно?

Потребно е да знаете како се движат нивоата на глукоза во крвта со текот на времето. Ако нивоата покажуваат нагорна тенденција, треба да се најдат причините, бидејќи на тој начин се зголемува ризикот од низа дијабетични компликации. Обично посакуваните вредности за овој тест треба да бидат под 7, но сепак тоа е индивидуално.

Крвен притисок

Друг параметар кои треба постојано да го следните е крвниот притисок. Повишениот крвен притисок може да биде знак дека дијабетот значително ги уништува крвните садови.

Липиден профил

Третиот параметар е липидниот профил (триглицеридите и холестеролот). Дијабетот може да доведе до намалување на ,,добриот” HDL холестерол и повишување на нивото на ,,лошиот” LDL холестерол. Дополнително, тој може да води и кон повишување на мастите (триглицеридите) во крвта. Ваквата ситуација дополнително го зголемува ризикот од дијабетични компликации.

Околу тоа кои се оптималните вредности на сите претходно наведени параметри за вашиот случај, консултирајте се со лекарот кој ве води.

Внимавајте со користењето на солта – многу повеќе за солта, како таа влијае на нашето тело, колку е препорачаниот оптимален внес, од што зависи и така натаму, прочитајте тука.

Поврзани теми:

8 извонредно важни тестови кај ДИЈАБЕТЕС
Како до подобра контрола кај дијабет?
Кои се раните симптоми на дијабет?
Дијабет – Како да се грижите за вашите стапала и зошто е тоа толку важно?
Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта
Што секој од нас треба да знае за ДИЈАБЕТЕС?
Инсулинска резистентност
Зошто кај дијабет е неопходна РЕДОВНА грижа за очите?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор