fbpx

„Д-р Митов” е мојата успешна приказна

tonus

Пред осум години, сосема неочекувано, добив инфаркт иако имав  добро здравје, нормален крвен притисок и редовно планинарев и остварував други физички активности.

Некои велеа дека е тоа судбина, други дека е од стрес од новинарската работа (тогаш бев вработен во А-1 телевизија каде што репортерството беше многу захтевна профсија) итн.

За среќа, после брзата интервенција од неколку часа потоа  на д-р Жарко Христовски во Охрид (бидејќи во Битола немаше интервентна кардиологија), бев стентиран и го продолжив својот живот со терапија и лимитите што ми беа поставени.

"“Online”/

За сето тоа време и потоа, воопшто не се исплашив. За жал, не обрнав внимание на најважното – на исхраната.

 

Секоја година започнаа да се трупаат килограмите и пред две години ја заминав “стотката“ и сосема случајно при преглед на крвната слика беше забележено зголемување на нивото на шеќерот, за подоцна да биде дијагностициран дијабет од типот Б.

Метформинот како терапија го прифатив, меѓутоа никако не сакав да се откажам од омилената храна – овчо сирење и кашкавал во големи количества, чварки, тестенини и многу овошје, што ова лето, кога се вратив од САД, на вагата покажа речиси 108 кг телесна тежина.

Квалитетот на животот ми беше сосема изменет, оти тешко пешачев, не можев да си ставам обувки, одбегнував  скали, со еден збор, како што ми велеше сопругата – не можев да си ја владеам снагата. Уште пострашно беше што колку и да јадам, веќе бев влезен во некоја чудна спирала на постојана незаситеност и глад.                

Конечно се исплашив Беше петок на вечер на почетокот на септември, кога почуствував голема мачнотија, лошење и стегање во градите. За разлика од првото искуство со слични симптоми, овој пат сериозно бев загрижен, но ништо не и кажав на сопругата која е д-р стоматолог по ортодонција, од проста причина  да ми вика брза помош на полноќ според лекарските принципи.

Другиот ден, сепак со нејзе, направивме цел еден протокол на дијагностички иследувања дали бил инфаркт, некоја друга кардиолошка тескоба или нешто трето. Се покажа дека повраќањето било од абдоминална природа поради виремични тескоби. Меѓутоа, резултатите од крвните наоди ме шокираа. Се’ беше во нормала, а шеќерот се кренал до 15, дали од стресот, стравот или од повраќањето. Тогаш за прв пат сериозно помислив, што правам со своето здравје и дека морам нешто сериозно да преземам со исхраната да не стасам до инсулинска терапија. Претходно, сопругата како лекар ме убедуваше дека тоа може да се избегне со правилна и одмерена исхрана, а со инсулинот веќе ќе бидам инвалид.                

Средба со д-р Митов 

Истиот ден до вечерта,  сопругата  ми испрати линк со порталот на  д-р Александар Митов во Скопје. Иако со скепса, бидејќи и порано сум имал искуства со нутриционист, сепак го отворив линкот и сe’ прочитав. Едноставно, се препознав себе си со своите проблеми и мојата спирала на полифагија (ненаситност за храна).

Референците на д-р Митов уште повеќе ме охрабрија да го исконтактирам и да се препуштам на неговите знаења и новите најсовремени искуства на науката поврзани со исхраната и здравјето.

Нашата саботна средба во Скопје беше срдечна, непосредна и многу искрена и траеше 90 минути за да ја раскажам својата горчлива приказна, која д-р Митов стрпливо ја слушаше, водејќи белешки.

Јас, се разбира, носев дијагностички протоколи и најсвежи резултати од крвната слика во која тримесечниот просек на шеќерот беше 9. Потоа направивме договор,  да го нападнеме шеќерот и тежината, за што, како што рече, ќе направи целосна анализа и ќе изготви протокол на исхрана според моите потреби и состојби, а ќе бидеме во постојан контакт.                

Два месеца потоа 

Откако го добив протоколот во кој беше исклучено се’ што дотогаш  јадев, во кој целта беше да се обезмасти џигерот и клетките, да јадам вегетарјанска храна и само еднаш неделно риба (заради полесно слабеење), работата си ја сфатив сериозно и со голем елан.

Започнав да пешачам два пати дневно по неколку километри (иако отпрвин „се тркалав”) и да го применувам протоколот според сите детаљи. Единствено не го јадам интегралниот леб на ручек, за да не ја отворам повеќе вратата на мојата слабост – тестенините.

Меѓутоа, ништо не ми фали, не сум повеќе гладен и постојано чуствувам ситост, а шеќерот ми се нормализира.

Го мерам два пати дневно и на вечер на д-р Митов на Вајбер му ги праќам резултати во порака, а потоа тој коментира, главно пофалби и охрабрување кон мене. Значи, за само нецели два месеца, стасав до телесна тежина од  минус 20 кг, т.е. сега имам околу 87 кг.

Се чуствувам многу полесно, Тумбе кафе го искачувам со леснотија, повторно два пати бев на „Пелистер” по 6 часа, на рамно брзо пешачам и „летам” и сега можам да се дотерам и пак да носам одела, бидејќи огромниот стомак се стопи.

Шеќерот како магија, влезе во референтните зони од  5- 5,5, а најважното од се’ е што се чуствувам одлично и физички психички. Едноставно, ми се врати мојот ведар дух, а нервозите ми исчезнаа и животот го гледам со оптимизам, небаре имам само педесеттина година, иако летово ги наполнив 64. 

Долгорочни цели 

На крајот од третиот месец, со д-р Митов ќе имаме квартална  средба, како што се договоривме, а се разбира, ќе го носам и резултатот од просекот на шеќерот за трите месеци, заради продолжување на нашата соработка и што понатаму?!.

Моја и негова цел е да стасам до референтната тежина (според висината и годините нешто под 70 кг) и со негово очекување и моја надеж, да се ослободам од метформинот и со правилниот начин на исхрана, на организмот да му овозможам природна регулација на шеќерот.

Искрено верувам во тоа, а најмногу во знаењето на д-р Митов и научните достигнувања во оваа област, што започна да ги применува кај нас.

И најнакрај, се надевам дека заеднички со овој човек кого го почитувам како вистински мој пријател, ќе го најдеме алгоритмот за надминување на мојата карактерна слабост – да дојдам до целта и да застанам, наместо да продолжам (како што досега сум правел). Сега, цврсто сум решен оваа моја прекрасна приказна да не биде само една етапа по која би се вратил повторно назад. Напротив, силно сакам, таа да остане како моја култура на живеење, а за тоа силната поткрепа доаѓа од д-р Митов!                

Пеце Стефановски, новинар во АЛФА ТВ- Скопје

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор