fbpx

Д-р Митов: Заблуда е дека здравата храна мора да значи дека е и органска

tonus

За­бу­на кај лу­ѓе­то е де­ка тре­ба да се ја­де ор­ган­ска хра­на. Хра­на­та мо­же да би­де ор­ган­ска, но за жал, уште не­ма пре­циз­ни на­уч­ни сту­дии ко­и­што до­ка­жу­ва­ат де­ка е ко­рис­на. Не мо­же­ме да се за­ла­жу­ва­ме де­ка са­мо за­ра­ди тоа што не ја­де­ме ор­ган­ска хра­на, не се хра­ни­ме здра­во, ве­ли д-р Ми­тов

Де­це­ни­ја на­на­зад ин­тен­зив­но се го­во­ри за здра­ва­та хра­на и за здра­ви­от на­чин на ис­хра­на. До­ктор Але­ксан­дар Ми­тов е ма­ги­стер по јав­но здрав­ство, кој во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ ве­ли де­ка е заб­лу­да оти здра­ва­та хра­на мо­ра да зна­чи де­ка е ор­ган­ска. Спо­ред не­го, не мо­же­ме да се за­ла­жу­ва­ме де­ка са­мо по­ра­ди тоа што не ја­де­ме ор­ган­ска хра­на, не се хра­ни­ме здра­во. Нај­важ­но­то пра­ша­ње е ка­ко да се доб­ли­жи­ме до здрав жи­во­тен стил.

Ка­ко одед­наш, во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни ста­на тренд по­сто­ја­но да се го­во­ри за здра­ва­та хра­на и за здра­ви­от на­чин на жи­вот? Да­ли тоа зна­чи де­ка со го­ди­ни­те на­на­зад сме „со­бра­ле“ ло­ши на­ви­ки во жи­во­тот и во ис­хра­на­та?

МИ­ТОВ: Трен­до­ви­те во ме­ди­ци­на­та, за жал, се по­ја­ву­ва­ат цик­лич­но. Од­вре­ме-на­вре­ме не­што ста­ну­ва по­пу­лар­но, се ко­ри­сти и по не­кол­ку го­ди­ни згас­ну­ва. Ме­ѓу­тоа, вре­ме­то по­ка­жа­ло де­ка трен­до­ви­те што се по­ја­ву­ва­ат во ме­ди­ци­на­та, ко­ја јас би ја на­ре­кол по­пу­лар­на­та ме­ди­ци­на, на крај из­ле­гу­ва де­ка не би­ле ба­зи­ра­ни на на­у­ка и от­ту­ка не би­ле точ­ни. Мо­же­ме да прет­по­ста­ву­ва­ме да­ли има­ло биз­нис-ин­те­ре­си, да­ли од не­кои при­чи­ни би­ле фор­си­ра­ни одре­ден тип хра­на или одре­де­ни ди­е­ти, не нав­ле­гу­вам во тој дел. Нај­важ­но е де­ка се по­ка­жа­ло де­ка не се зас­но­ва­ни на на­у­ка. Во еден пер­и­од се ве­ру­ва­ше де­ка ис­хра­на­та ба­зи­ра­на на крв­ни гру­пи е на­уч­на, ме­ѓу­тоа де­нес се знае де­ка тоа не е та­ка. Во мо­мен­тов е мно­гу по­пу­лар­но да се го­во­ри за глу­те­нот. Од на­у­чен ас­пект, ма­кси­мум еден от­сто од свет­ска­та по­пу­ла­ци­ја мо­же да има проб­лем со глу­те­нот. Тоа го ка­жу­ва ста­ти­сти­ка­та и епи­де­ми­о­ло­ги­ја­та. Глу­те­нот, сам по се­бе, не е опас­на ма­те­ри­ја. Тоа е мно­гу при­род­на ма­те­ри­ја што ја има во ис­хра­на­та и што тре­ба да кон­су­ми­ра. По­сто­ја­но се по­ја­ву­ва­ат и за­ми­ра­ат раз­ни трен­до­ви. Трен­дот на здрав на­чин на ис­хра­на и оп­што, здра­ви­те на­ви­ки, ту­ка не е ут­на­та ра­бо­та­та. Ту­ка трен­дот е на ви­стин­ско­то ме­сто. Овој­пат ста­ну­ва збор за тренд кој има цвр­ста ос­но­ва во на­у­ка­та и во на­уч­ни­те фа­кти. Ве­ли­ме, ме­ди­ци­на ба­зи­ра­на на до­ка­зи. От­ту­ка и по­пу­лар­ни­те трен­до­ви би тре­ба­ло да би­дат ба­зи­ра­ни на до­ка­зи. Нај­го­ле­ми­от број од бо­ле­сти­те што пре­диз­ви­ку­ва­ат смрт­ност – кар­ди­о­ва­ску­лар­ни­те, ср­це­ви­от удар, мо­зоч­ни­от удар, ди­ја­бе­тес тип 2, кар­ци­но­ми­те, си­те се по­вр­за­ни со на­чи­нот на жи­ве­е­ње. За­тоа е мно­гу важ­но да жи­ве­е­ме здра­во и да се хра­ни­ме пра­вил­но.

"“Online”/

Ка­ко да се доб­ли­жи­ме до здрав жи­во­тен стил?

МИ­ТОВ: Тоа е клуч­но­то пра­ша­ње. Мно­гу­ми­на мо­же да ја има­ат ви­стин­ска­та ин­фор­ма­ци­ја, но да не мо­жат да ја упо­тре­бат. При­мер за тоа се лу­ѓе­то што пу­шат ци­га­ри. Си­те зна­ат де­ка е тоа штет­но. Но, да се има ин­фор­ма­ци­ја­та и таа да се иско­ри­сти, се две раз­лич­ни ра­бо­ти. Од­лу­ка­та да се про­ме­ни жи­во­тот, на­чи­нот на ис­хра­на, на дви­же­ње, е мно­гу лич­на ра­бо­та и тре­ба да поч­не од­на­тре. Во овој пер­и­од пра­ви­ме ре­ка­пи­ту­ла­ци­ја на го­ди­на­та што из­ми­на, по­тоа пра­ви­ме план ка­ко ќе би­де след­на­та и ед­но од глав­ни­те пра­ша­ња е ка­ко би са­ка­ле да ја жи­ве­е­ме след­на­та го­ди­на од ас­пект на здрав­је­то, но и тие го­ди­ни што до­а­ѓа­ат по оваа. Пра­ша­ње­то е да­ли би са­ка­ле да би­де­ме поз­дра­ви. Ако има­ме се­мејс­тво, да­ли би са­ка­ле да би­де­ме при­сут­ни до­де­ка де­ца­та, вну­ци­те рас­тат. Тоа се тие клуч­ни пра­ша­ња од кои чо­век тре­ба да поч­не на па­тот за про­ме­на на сво­јот жи­во­тен стил. На­јос­нов­но­то пра­ша­ње да­ли са­кам и ка­ко са­кам да жи­ве­ам е тоа пра­ша­ње што чо­век ќе го по­не­се на па­тот за по­до­бру­ва­ње и про­ме­на на сво­јот на­чин на жи­вот. Мо­же­би ова не зву­чи ка­ко со­вет од ме­ди­цин­ско ли­це, но до­ка­жа­но е де­ка не е пра­ша­ње­то на има­ње на ин­фор­ма­ци­ја или на са­ми­те тех­ни­ки, ту­ку пра­ша­ње­то е мно­гу лич­но и че­сто се све­ду­ва на од­но­сот на па­ци­ен­тот со ле­ка­рот. Зна­чи, па­тот е од­на­тре. Про­ме­на­та кон по­до­бар жи­во­тен стил во­ди кон по­ста­ву­ва­ње на пра­ша­ње­то „што тре­ба да на­пра­вам“ и „да­ли са­кам да сум поз­драв“.

Про­ме­на­та кон по­до­бар жи­во­тен стил во­ди кон по­ста­ву­ва­ње на пра­ша­ње­то „што тре­ба да на­пра­вам“ и „да­ли са­кам да сум поз­драв“

Вла­дее мис­ле­ње де­ка здра­ви­те на­ви­ки на жи­вот чи­нат и по­ве­ќе па­ри. Ка­кво е ва­ше­то мис­ле­ње?

МИ­ТОВ: Тоа е го­ле­ма заб­лу­да. Три глав­ни на­ви­ки вли­ја­ат оп­што врз здрав­је­то. Пу­ше­ње­то, фи­зич­ка­та (не)актив­ност и ис­хра­на­та. Ако пре­ста­не­ме да пу­ши­ме, ќе за­ште­ди­ме. Во фи­зич­ка­та актив­ност не тро­ши­ме па­ри, ту­ку ка­ло­рии. Ако поч­не­ме да се дви­жи­ме по­ве­ќе, да пе­ша­чи­ме нај­мал­ку 15 ми­ну­ти днев­но, ќе се на­пра­ви за­бе­ле­жи­те­лен ста­ти­стич­ки ефект врз здрав­је­то на по­е­ди­не­цот и до­да­де­ни­те го­ди­ни во жи­во­тот. Зна­чи, па­ри не се тро­шат. Оста­ну­ва ис­хра­на­та. Ед­на од нај­ска­пи­те на­мир­ни­ци за ис­хра­на­та на чо­ве­кот е ме­со­то. Во исто вре­ме, ме­со­то е нај­по­вр­за­ни­от про­дукт со не­га­тив­ни здрав­стве­ни ефе­кти. От­ту­ка, ло­ги­ка­та е ед­но­став­на. Ако го на­ма­ли­ме ме­со­то, го пре­по­ло­ви­ме или, пак, це­лос­но го исфр­ли­ме што не е проб­лем за на­ше­то здрав­је, гле­да­ме де­ка се соз­да­ва­ат ре­зер­вни па­ри кои мо­же да ги на­со­чи­ме кон овош­је, зе­лен­чук и жи­тар­ки. Ако ја пов­ле­че­ме ли­ни­ја­та, гле­да­ме де­ка за­ште­ду­ва­ме. За­бу­на кај лу­ѓе­то е де­ка тре­ба да се ја­де ор­ган­ска хра­на, но тоа не е точ­но. Здра­ва хра­на не мо­ра да зна­чи де­ка е ор­ган­ска хра­на. Тоа е заб­лу­да. Хра­на­та мо­же да би­де ор­ган­ска, но за жал, уште не­ма пре­циз­ни на­уч­ни сту­дии ко­и­што до­ка­жу­ва­ат ко­рист. Не мо­же­ме да се за­ла­жу­ва­ме де­ка са­мо за­ра­ди тоа што не ја­де­ме ор­ган­ска хра­на, не се хра­ни­ме здра­во. От­ту­ка, здра­ва­та хра­на мо­же да би­де и по­е­вти­на и по­при­стап­на. Во Ма­ке­до­ни­ја здра­ва­та хра­на ја има во изо­билс­тво.

За­вр­ши­ја Бо­жик­ни­те по­сти. Под прет­по­ста­вка де­ка освен те­лес­но, вер­ни­кот ми­нал и низ ду­хо­вен пост, ка­ко да го под­го­тви­ме те­ло­то за след­ни­от пер­и­од?

МИ­ТОВ: Ако чо­век се пре­ја­ду­ва по по­стот, не­ли се по­га­зу­ва смис­ла­та на по­стот? Тре­ба да би­де­ме прет­паз­ли­ви. На­ше­то те­ло е на­вик­на­то на еден друг на­чин на ис­хра­на. И Ве­лиг­ден­ски­от и Бо­жик­ни­от пост тра­ат дол­го и те­ло­то е на­вик­на­то на по­и­на­ков на­чин на ис­хра­на. Пре­о­дот тре­ба да се слу­чи по­сте­пе­но. И не са­мо по пост, ту­ку и во кој би­ло ус­ло­ви, ако се пре­ја­де­ме, на­уч­но е до­ка­жа­но де­ка по еден мно­гу оби­лен оброк, два ча­са по­доц­на за че­ти­ри­па­ти се зго­ле­му­ва ве­ро­јат­но­ста од ср­цев удар. Кр­вта се згус­ну­ва, мас­но­ти­и­те вле­гу­ва­ат во неа, крв­ни­те са­до­ви мо­же да од­го­во­рат со стес­ну­ва­ње и чо­век кој ве­ќе имал пре­дис­по­зи­ции за ср­цев удар, во тој слу­чај мо­же да го за­бр­за тој про­цес. По­стот мо­же да го иско­ри­сти­ме да про­дол­жи­ме да се хра­ни­ме здра­во и да ги сме­ни­ме жи­вот­ни­те на­ви­ки.

По­стот мо­же да го иско­ри­сти­ме да про­дол­жи­ме да се хра­ни­ме здра­во и да ги сме­ни­ме жи­вот­ни­те на­ви­ки

Здра­ви­от на­чин на жи­вот е ва­жен ка­ко за здра­ви­те, та­ка и за оние што се со­о­чу­ва­ат со здрав­стве­ни проб­ле­ми. Мо­же ли хра­на­та да спре­чи по­ја­ва на не­ко­ја бо­лест?

МИ­ТОВ: Мно­гу бо­ле­сти се по­вр­за­ни со ис­хра­на­та. От­ту­ка, по­до­бру­ва­ње­то на ис­хра­на­та мо­же да во­ди кон на­ма­лу­ва­ње на го­лем број бо­ле­сти. Спо­ред СЗО до 80 от­сто од ср­це­ви­те бо­ле­сти, мо­зоч­ни­от удар и ди­ја­бе­тес тип 2, мо­же да би­дат спре­че­ни со про­ме­на на ри­зич­ни­те фа­кто­ри. Под ри­зич­ни фа­кто­ри, пред сѐ, се по­драз­би­ра ис­хра­на и фи­зич­ка актив­ност. Ако се сме­ни на­чи­нот на жи­вот, слу­ча­и­те на ма­лиг­ни бо­ле­сти се спре­чу­ва­ат до 40 от­сто. Огро­мен е по­тен­ци­ја­лот на по­до­бру­ва­ње на жи­во­тот, на на­ма­лу­ва­ње на бо­ле­сти­те. Но, ова се од­не­су­ва са­мо на пре­вен­ци­ја­та. Вто­ра­та ди­мен­зи­ја е ис­хра­на­та ка­ко пр­ва ли­ни­ја на те­ра­пи­ја, би­деј­ќи кај мно­гу бо­ле­сти е до­ка­жа­но де­ка ако се про­ме­ни ис­хра­на­та, се по­до­бру­ва ис­хо­дот од ле­ку­ва­ње­то. Зна­чи, по­крај кон­вен­ци­о­нал­на­та те­ра­пи­ја ко­ја па­ци­ен­ти­те тре­ба да ја при­ма­ат, се ве­ли де­ка пр­ва ли­ни­ја на те­ра­пи­ја е да се сме­ни ис­хра­на­та. То­гаш му се да­ва шан­са на ор­га­низ­мот да го за­бр­за про­це­сот на из­ле­ку­ва­ње.

Мож­но ли е да по­стои по­вр­за­ност ме­ѓу на­чи­нот на жи­вот и по­ја­ва­та на ка­ков би­ло кан­цер во ор­га­низ­мот? Што ве­ли на­у­ка­та?

МИ­ТОВ: Пред по­ве­ќе од еден ме­сец во јав­но­ста из­ле­зе по­да­то­кот што го об­ја­ви СЗО, де­ка про­це­си­ра­но­то или обра­бо­те­но ме­со ја зго­ле­му­ва­ат ве­ро­јат­но­ста за раз­вој на рак на де­бе­ло­то цре­во и на пан­кре­а­сот. Се гра­ди цвр­ста на­уч­на ба­за ко­ја го по­вр­зу­ва ме­со­то со по­ја­ва­та на кан­цер. Или, пак, слу­ча­јот со рак на дој­ка. Во јав­но­ста ва­жи ста­вот де­ка овој рак е ге­нет­ски по­вр­зан, но епи­де­ми­о­ло­шки, по­да­то­ци­те ве­лат дру­го. Од пет до де­сет про­цен­ти од слу­ча­и­те на за­бо­ле­ни од рак на дој­ка се од та­ка­на­ре­че­ни ге­нет­ски при­чи­ни. Де­ве­де­сет до 95 про­цен­ти се дол­жат на оста­на­ти­те ри­зич­ни­те фа­кто­ри. Еден дел од нив се здра­ви­от на­чин на ис­хра­на и фи­зич­ка­та актив­ност. Ла­ни, Ме­ѓу­на­род­на­та аген­ци­ја за истра­жу­ва­ње на кан­цер прв­пат из­ле­зе со пре­по­ра­ки за па­ци­ен­тки кои има­ат ве­ќе ди­јаг­но­сти­ци­ран рак на дој­ка, за тоа што тре­ба да на­пра­ват во ис­хра­на­та за да го про­дол­жат жи­вот­ни­от век. Ед­на од нив бе­ше да се на­ма­ли те­лес­на­та те­жи­на, да се зго­ле­ми фи­зич­ка­та актив­ност се­кој ден, да се зго­ле­ми ко­ли­чес­тво­то на рас­ти­тел­ни влак­на во се­којд­нев­на­та ис­хра­на и да се на­ма­лат за­си­те­ни­те ма­сти, од­нос­но да се исфр­ли ме­со­то од ис­хра­на­та.

Статијата е објавена во: www.republika.mk

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор