fbpx

Едноставни совети за справување со панични напади

tonus

Паничните напади се дефинираат како нагли, неочекувани епизоди на искусување интензивен страв, кога објективно не постои реална потреба или опасност. Овие навистина непријатни чувства можат да поттикнат и силни физички или телесни реакции.

За жал, живееме во време кога хроничниот стрес е сè позастапен, па следствено на тоа и зачестеноста на паничните напади.

Затоа, во продолжение одговараме на прашањата: Како да ги препознаете паничните напади? Кои се ризик-факторите за нивна појава? и Што можете да направите за полесно да се справите со нив?

"“Online”/

Симптоми


Паничните напади можат да бидат навистина застрашувачко искуство. Вообичаено траат од 5 до 20 минути (всушност, подолготрајните најчесто се серија напади, во помал временски интервал).

Најчестите симптоми се:

  • Силно чувство на губење на контролата, двоење од реалноста, во психичка, но и физичка смисла.
  • Чувство на гушење, мачина и вртоглавица.
  • Забрзана работа на срцето.
  • Гадење и повраќање.
  • Потење
  • Тресење на рацете.
  • Главоболки, болки во градите, а некогаш и стомачни болки и грчеви.
  • Збунетост и чувство дека во секој момент можете да изгубите свест.
  • Итна потреба за тоалет.

Овие симптоми се сосема непријатни и често можат да се јават во комбинација. Луѓето кои искусуваат панични напади, велат дека понекогаш симптомите се со толкав интензитет, што можат да водат дури и кон чувство дека е смртта е извесна.

Токму заради ваквите искуства, лицата што страдаат од панични напади се во постојан страв: Kога ќе се случи следниот? Ваквата ситуација ги става овие лица во еден магичен круг (паничен циклус), каде всушност ,,се плашат од стравот”, со што симптомите кога нападот ќе се појави, дополнително се засилуваат.

Сепак, важно е да се каже дека нападите на паника не секогаш се толку интензивни, па многу пати луѓето и не се свесни дека ги доживуваат. Тие не мораат да резултираат со физиолошки последици, па затоа кај лицата кај кои не е утврдена физичка импликација, се препраѓаат на психолог, психијатар, психотерапевт.

Ризик-фактори и можни компликации

 

Проблемите со паничните напади најчесто стартуваат во доцните тинејџерски години или во раната адолесценција, а почесто ги погодуваат жените отколку мажите.

Фактори кои можат да го зголемат ризикот од развивање панични напади се:

  • Семејна историја на панични напади или ментални нарушувања.
  • Неконтролиран, хроничен стрес.
  • Акутен стрес, доживеан поради некој важен животен настан, како смрт (особено неочекувана) или сериозна болест на близок човек.
  • Трауматичен настан, како на пример доживеан грабеж, сексуален напад итн. Тука влегуваат и траумите од раниот период на животот.
  • Пушење и прекумерна употреба на кофеин.

Ако на проблемите со паничните напади не им се пристапи на соодветен начин, односно не се третираат од стручни лица, тие можат значително да го нарушат она што се подразбира под квалитет на живот.

Во можни компликации се вбројуваат:

  • Чувство на вознемиреност и страв кое е постојано присутно.
  • Развивање на различни фобии, како стравот од напуштање на домот.
  • Социјална изолација.
  • Прекумерна употреба на алкохол и користење различни опијати.
  • Развивање депресија, анксиозност и други психијатриски нарушувања.
  • Финансиски проблеми.
  • Зголемен ризик од самоубиство и суицидални мисли.

5 совети за справување со паничните напади

Не постои сигурен начин за превенирање на појавата на паничните напади, но барањето психолошка помош, редовното, планско земање на соодветна терапија и редовната физичка активност, се особено важни елементи кои ќе овозможат превенција.

Што можете самите да направите кога ќе се појават ваквите напади за да си помогнете?

  • Останете таму кај што сте

 

Ако е тоа возможно, за време на паничниот напад добро е да останете на местото каде што сте се нашле во моментот. На пример, ако возите автомобил, веднаш застанете и направете пауза. Движењето, што би подразбирало и повеќе сетилни дразби, може да ви ја зголеми вознемиреноста, но и да ве стави во различни ризични ситуации, имајќи предвид дека во таквите моменти ја немате целосната контрола на себеси.

Обидете се рационално да ги обсервирате мислите кои ви доаѓаат и да заклучите дека тоа што ви се случува е само реакција на телото на анксиозноста и насобраниот стрес. Всушност, овие чувствата се сосема нормални – ,,алармот” на телото се вклучува, но во погрешен момент и доста нагло и одеднаш.

Повторувајте си дека чувството наскоро ќе заврши.

  • Научете да си го контролирате дишењето

 

Обично при паничните напади, луѓето хипервентилираат, односно земаат многу подлабок здив од нормално и тоа го прават на забрзан начин, што резултира со чувство на недостаток од здив. Тоа пак, води кон збунетост, дезориентираност, а некогаш и кон болки во градите.

Со вежбањето техники за успорено дишење и нормализирање на ритамот на дишењето, можете да ги превенирате непријатните физички симптоми на паниката и да го запрете претходно споменатиот паничен циклус.

Обидете се да го стабилизирате дишењето со задржување на здивот 2 секунди и потоа со издишување 3 секунди. При дишењето, внимавајте со секој здив да го ширите и стомакот, со што би се избегнале ,,плитките” вдишувања кои можат да создадат дополнителни проблеми.

 

  • Повторувајте си неколку позитивни реченици кои вам ви помагаат

 

Кога се чувствувате анксиозно и имате претчувство дека следуваат панични напади, можете во себе да си повторувате неколку реченици кои можат да ви бидат од помош, како на пример:

  • Паниката е ,,само” анксиозност со висок интензитет.

 

  • Ако имате искуства со паничните напади, повторувајте си дека и практично сте увиделе дека паниката нема да ви поттикне нешто опасно во физичка смисла.

 

  • Паничните напади поминуваат сами по себе после одреден период. Не траат ,,вечно”.

 

  • Можам да го издржам ова непријатно чувство, без панично да барам нерационални излези.

 

 

Секако, немојте да се потпирате само на овие позитивни реченици како начин за справување со паниката. Ако нападите често ви се повторуваат, задолжително побарајте стручна помош од соодветно медицинско лице, со цел да спречите превенирате од нивно понатамошно појавување.

 

  • Променете го фокусот

 

При паничните напади многу работи ви минуваат низ главата, а најчесто негативни работи. Наместо да се фокусирате на нив, обидете се да се концентрирате на нешто што ве смирува.

Можете да се обидете и со т.н. креативна визуелизација. За да го направите ова, замислете си место или ситуација која ви предизвикува чувство на пријатност и смиреност. Кога ќе успеете да си визуелизирате, фокусирајте го вниманието на овие мисли, па можеби тоа ќе ви овозможи олеснување, па дури и избегнување на непријатните панични симптоми.

  • Водете дневник на искуства

Од секој паничен напад можете да изведете некои заклучоци кои ќе ви бидат корисни при евенуталните следни напади.

Водејќи дневник со искуствата кои сте ги доживеале при нападите на паника, можете да си помогнете и да увидите кои ситуации, состојби или чувства ви се ,,тригер” или ви ги потикнуваат типичните панични симптоми. На тој начин полесно ќе можете да ги избегнувате споменатите тригери и да ги контролирате чувствата.

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!
Дружењето го намалува ризикот од депресија!]

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор