fbpx

Ендометриоза – совети за начин на живот

tonus

Ендометриозата е здравствен проблем со кој се соочуваат голем број на жени ширум светот, па и кај нас во Македонија. Според статистиките од САД, околу 11% од жените помеѓу 15 и 44 години, ја имаат оваа дијагноза.

Ендометриозата е неизлечива гинеколошка состојба, но таа може доста успешно да се менаџира, односно соодветно да се контролира.

Што е ендометриоза, кои се симптомите и можните компликации?

Ендометриоза е нарушување при кое што ткивата слични на оние кои ја ,,прекриваат” матката (ендометриум) ќе почнат да растат надвор од површината на матката.

"“Online”/

Ваквите ткива можат да се ,,најдат” во јајниците, цревата и ткивата кои го покриваат регионот на карлицата. Иако е невообичаено, ендометриозата може да се појави и на други делови од телото.

Хормонските промени кои се случуваат при менструалните циклуси влијаат на ендометријалните ткива, предизвикувајќи нивно воспалување и болки. Ова значи дека ваквите ткива ќе растат, ќе се разиваат и потоа ќе се распаѓаат. Со текот на времето, распаднатото ткиво нема простор каде да ,,оди”, па на еден начин се заглавува во пределот на карлицата каде што се наоѓало и здравото ткиво.

Вака заробеното ткиво ги предизвикува типичните симптоми на ова заболување:

• иритација
• формирање на рани
• адхезија, односно состојба при која сите органи од пределот на карлицата се спојуваат
• екстремно остри болки за време на периодите
хроничен замор


Можни компликации:

• проблеми со неплодност во иднина (според истражувањата кои нѝ се достапни, дури 30-40% од жените со ендометриоза имаат проблеми со забременувањето)
• депресија, анксиозност, безволност
• хронични остри болки

Други симптоми:

• обилни крварења за време на периодот или помеѓу периодите
• грчеви и до 2 недели пред менстурацијата
• болки во текот на сексуалниот однос
• непријатност во цревата
• посилни болки во грбот за време на периодот

Во одредени случаи, можно е пациентките да немаат никакви симптоми, па ова е уште една причина редовно да се посетува матичниот гинеколог кој постојано ја следи вашата состојба.

Што доведува до овој проблем?

Ендометриозата има 4 стадиуми во кои се развива, од најслаб стадиум во кои симптомите се помали, а може и да ги нема, до четвртиот и најтежок, во кој ткивата достигнуваат значителни димензии и секако проблемите се најтешки.

За време на редовните менструални циклуси, телото на жената природно исфрла дел од слузното ткиво на матката. На тој начин, се овозможува менструалната крв да патува од матката низ малите отвори во грлото, надвор до вагиналниот отвор.

Точните причини за ендометриозата не се познати, но постојат неколку теории иако досега ниту една од нив не е соодветно научно потврдена.

Најстарата вели дека ендометриозата е причинета од ретроградната менструација, процес кој случува кога менструалната крв се враќа назад во карличниот предел, наместо да излезе надвор од телото преку вагиналниот отвор.

Друга теорија е дека хормоните ги трансформираат клетките надвор од матката во клетки слични на оние кои ја прекриваат матката – ендометријани  клетки.

Трета пак, вели дека е можно ендометријаните клетки од матката да се пренесуваат до другите органи преку лимфниот систем.

Постојат и низа други теории, но како што споменавме, ниту една не е сосема научно поткрепена.

Ризик-фактори за ова заболување:

Имајќи предвид дека точните предизвикувачи на ова заболување не се јасно познати, медицината не може да утврди повеќе ризик фактори, но одредени се статистички докажани:

Возраст – 25-40 години.
Семејна историја генетскиот фактор.
Историја на бременост – жените кои не биле никогаш бремени, имаат поголем ризик од развивање ендометриоза, но секако, таа може да се јави кај сите жени.
Менструална историја – одредени проблеми со циклусот од најразлична природа.
Прекумерна употреба на алкохол, кофеин и седечки начин на живот


Достапни третмани


Не постои конкретен лек за ова заболување. Третманот вообичаен вклучува операција или медикаменти. Докторите обично се обидуваат да ги менаџираат проблемите преку најразлични терапии кои ќе ви ја олеснат состојбата (симптомите).

Тука спаѓаат лекови за болки, ставање на топли облоги на стомакот, предлози за физичка активност, хормонски третмани итн. Во продолжение, нешто повеќе околу тоа како можете самите да си помогнете при оваа состојба и потенцијални начини за превенирање.

Здравиот начин на живот – потенцијална терапија и за ендометриозата


Иако не постои начин ова заболување целосно да се превенира, здравите животни навики можат значително да ги намалат шансите за развивање ендометриоза и значително да се олеснат симптомите ако веќе го имате заболувањето.

Редовна физичка активност


Редовната физичка активност е одлична за целокупното здравје. Ако речиси секојдневно вежбате најмалку 30 минути ,,кардио”, можете да го намалите и вашиот ризик од ендометриоза.

Вежбањето ќе ви помогне да ја намалите телесната тежина или да го одржите масното ткиво на нивоа кои се оптимални.

Една студија покажува податоци според кои се гледа дека редовната физичка активност може да ги зголеми нивоата на ,,добрите” естрогенски метаболити (компонентите кои се создаваат кога се разградува т.н. женски хормон естроген) и да ги намали нивоата на ,,лошите”.

За тоа во кој обем овие факти придонесуваат за развивањето на ендометриозата, потребни се повеќе клинички истражувања.

Здрава исхрана

Она што општо се подразбира под здрава исхрана може значително да помогне во превенцијата и олеснувањето на симптомите од ендометриоза, особено ова важи за ферментираните продукти – јогурт, кефир, различни видови на ферментиран зеленчук итн.
За повеќе информации околу оваа тема, сепак се потребни повеќе истражувања.


Избегнување алкохолни пијалаци


Студиите покажуваа дека прекумерното пиење алкохол може да ги зголеми нивоата на естроген во телото на жената, што може да го зголеми ризикот од ендометриозата.
Ова би значело дека навиките за умереното консумирање и целосното избегнување на алкохолот добиваат уште една позитивна димензија. Ако сте жена, немојте да пиете повеќе од една чаша алкохол на ден.


На
малување на кофеинот


На тема дали ваквата навика го намалува ризикот од ендометриоза постојат контрадикторни истражувања.

Според една студија, жените кои пијат умерени количества кофеин од газирани пијалаци и зелен чај, имаат поголеми количества на естроген. Сепак, кофеинот не се поврзув со нивоата на естроген кај сите испитанички во студијата. Други студии, не наоѓаат ваква поврзаност.

Сепак и поради други причини добро е да го намалите внесот на кофеин, особено ако сте свесни дека претерувате со кофеински пијалаци, а тие се од газираните сокови.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор