fbpx

Енергетски бомбици во 3 варијанти!

tonus

Денес ви предложуваме 3 типа на енергетски бомбици, подготвени од екстра здрави намирници. Овие ,,бомбици” уште еднаш ќе ни докажат дека здравата храна може да биде и тоа како вкусна!

Подготовката на денешните рецепти не подразбира никакво третирање на состојките со температура (печење, варење итн.), па тоа освен што ќе задржи плус хранливи материи, ќе ни заштеди и многу време, па и пари.

Секако, како што им кажува името, бомбиците се богати со калории (енергија), но во исто време и со растителни влакна, здрави масти и протеини, па лесно ќе ве заситат – ќе изедете помалку.

"“Online”/

Од друга страна, тие ќе ви обезбедат и навистина импресивна хранлива вредност. Бомбиците се особено погодни за најмалите како вкусен и здрав доручек, како ужина за било кој дел од денот, но и здрав енергетски додаток пред или по тренингот за оние кои практикуваат спорт или редовно се рекреираат.

Јаткастите плодови  и семињата кои ги користиме се полни со здрави маснотии и протеини, полнозрнестите житарки со квалитетни јаглехидрати, сезонските овошки и темното чоколадо со антиоксидативни компоненети, а сите заедно се богат извор на фибер, минерали, витамини и различни фитохемикалии.

Енергетски бомбици, варијанта 1

Количините проценувајте ги според тоа за колку луѓе подготвувате. Мерките кои се запишани важат за околу 3-4 бомбици:

• 3-4 урми со претходно извадени семки
• 30g непечени индиски ореви
• 1 банана со средна големина, добро испасирана
• сок од една лимета
• 1 лажица путер од кикирики
• суви кајсии (може и друго суво овошје по избор)
• кокос и малку мед за валкање на бомбиците (најпрво во медот, па потоа во кокосот)

Енергетски бомбици, варијанта 2


• 4-5 суви смокви
• 30g лешници
• сок од една мандарина
• 1 супена лажица таан
• суво овошје по избор (внимавајте да не е премногу засладено)
• 20g темно чоколадо (можете да го ставите во блендерот или да го додадете во смесата како кршено или топено чоколадо)
• ореви како подлога за валкање

Енергетски бомбици, есенска варијанта

За овие бомбици ќе треба да имате претходно испечена тиква.

• 1 парче печена тиква со средина големина
• 30g ореви
• 20g сува брусница + 20g суво грозје
• сок од половина портокал
• мелен сусам, какао прав и цимет како подлога за валкање

Начин на подготвување

1. За да ги направите 3-те типа бомбици, потребно е да имате процесор за храна/блендер.

2. Најпрво добро изблендирајте ги сувите состојки (секако, оние за валкање изблендирајте ги посебно), заедно со сокот од свежото овошје, а потоа измешајте ги со течните состојки – испасираната банана измешана со путерот од кикирики во првиот рецепт, таанот во вториот и испасираната тиква во третиот. .

3. Обликувајте бомбици од смесата и потоа соодветно извалкајте ги во наведените смеси за валкање. Добар апетит!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор