fbpx

Зачинот СУМАК – го има кај нас и е неверојатно корисен!

tonus

Со неговиот специфичен киселкаст-овошен вкус, налик лимон, уникатната црвена нијанса и богатата хранлива вредност, сумак зачинот дефинитивно заслужува посебен простор во вашето орманче со зачини.

Покрај специфичниот вкус кој го додава на различните рецепти, сè поголем број на студии даваат податоци за нови благотворни дејства на овој зачин. Корисните дејства, пред сè, се должат на неговата богата полифенолна и флавонидна содржина. Овие моќни антиоксидативни средства, можат да поттикнат намалување на нивото на холестерол и шеќерот во крвта, па дури и да ги намалат болките во коските.


Што е сумак зачинот?

Името сумак се однесува на секое цветно растение кое припаѓа на родот Rhus или на семејството Anacardiaceae и има плодови кои се светло црвени, налик на праски или кајсии.

"“Online”/

Овие растенија растат скоро насекаде во светот, а особено во Источна Азија, Африка и Северна Америка.

Но, сумак зачинот се добива само од сушени бобинки на специфичниот вид Rhus coriaria. Многу често, овој зачин се додава и во други мешавини од зачини, вкучително и во за’атар зачинот.

Сумакот е многу чест зачин во кујните на Блискиот Исток, каде се употребува во повеќето рецепти кои вклучуваат месо и салати.

Освен што со векови се користел како обојувач и појачувач на вкусот, се употребувал и во традиционалната медицина на далечниот и блискиот исток.

Уште од древните народи биле препознаени некои негови корисни дејства кои пред сè се должат на богатиот антиоксидативен состав, односно моќни полифенолни и флавоноидни соединенија на сумакот како: гална киселина, метил галат, кампферол, кверцетин, па и танините.

Во продолжение, што до денес ни покажале научните студии околу корисните дејства на сумакот:

1) Може да придонесе во регулирањето на шеќерот во крвта

Некои истражувања покажуваат дека сумакот може да помогне во нормализирањето на нивото на шеќер во крвта. Една студија, за испитаници имала 40 пациенти со дијабет. Групата била поделена во два дела. Првите 20 пациенти примале 3g сумак дневно, а останатите плацебо сумак пилула, во период од 3 месеци. Според крајните резултати, групата која примала 3g сумак дневно, во период од 3 месеци, имала намалени нивоа на шеќер во крвта за 13% , за разлика од ,,плацебо” или контролната група.

Дополнително, една студија објавена во списанието Journal of Research in Medical Sciences, укажува дека сумакот делува превентивно во однос на отпорностa на инсулинот.

Инсулинот е хормон кој е одговорен за ,,достапноста” на шеќерот за клетките, односно го обезбедува внесот на глукоза во сите клетки. Кога клетките се замастени, работата на инсулинот е опструирана, што предизвикува негово дополнително лачење кое е залудно, односно се создава т.н. резистентност на инсулин. Всушност, клетките веќе не реагираат на него. Тоа води кон зголемени нивоа на шеќер во крвта.

2) Сумакот делува на намалување на нивоата на холестерол во крвта

Холестеролната молекула е липопротеин, односно комплекс од протеини и маснотии. Оваа молекула има есенцијално значење во човековиот организам (градбена единица за важни хормони, за жолчните киселини итн).

Сепак, телото самото си ги создава потребните количества холестерол, па дополнителниот кој доаѓа од исхраната често може да биде проблематичен. Преголемото количество може да предизвика негово насобирање во крвните садови, создавајќи масни депозити во нив, и на тој начин зголемувајќи го ризикот од најразлични кардиоваскуларни заболувања.

Според една анимална студија на Медицинскиот факултет, при Универзитетот од Техеран, Иран, сумакот не само што има карактеристика да го намали холестеролот, туку и триглицеридите во крвта. Друга студија, на слична тематика, утврдила значително намалување на нивоата на вкупниот холестерол во крвта предизвикана од внесувањето на зачин кој е комбинација од сумак и ѓумбир.

3) Сумакот е извор на особено моќни антиоксиданти!

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички ,,отпад” . Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен стрес, односно да ги оштети различните клетки на организмот. Во спречувањето на овие процеси, клучна улога играат антиоксидантите.

Сумакот е особено богат извор на моќни антиоксиданти, односно моќни полифенолни и флавоноидни соединенија, како: гална киселина, метил галат, кампферол и кверцетин. Дополнително, содржи и танини, кои можат да делуваат како антиоксиданти, па дури и да имаат одредени антиканцерогени својства.

Повеќето од корисните дејства на овој зачин, се должат токму на овие компоненти.

Спречувањето на оксидативниот стрес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за сите хронични заболувања како: рак, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмер итн. Оксидативниот стрес од слободните радикали исто така може да предизвика и катаракта, макуларна деградација, Паркинсонова болест и многу други заболувања.

4) Може да ја намали загубата на коскената маса

Остеопорозата е многу често заболување, особено кај повозразните лица. Се карактеризира со ослабнати, кревки коски и зголемен ризик од скршеници. Ова е случај заради загубата на коскена маса. Според релевантни податоци, дури 25% од жените над 65 години имаат проблем со остеопорозата.

Иако има малку студии на тематиката, оние кои постојат даваат навистина ветувачки резултати во однос на позитивното дејство на сумакот врз здравјето на коските. Имено, една анимална студија од 2015 година, дава податоци според кои може да се забележи дека екстрактот од сумак делувал на неколку специфични протеини инволвирани во метаболизмот на коските, што резултирало со намалена загуба на коскена маса.

5) Сумакот може да придонесе за намалени болки во мускулите

Една студија покажува дека сумаковиот сок, кој се прави од истата билка како и зачинот, може да ја намали мускулната болка при аеробно вежбање кај здрави индивидуи.

Поради богатиот антиоксидативен состав, сумак зачинот, исто така може да го намали хроничното воспаление и на тој начин, дополнително да влијае на олеснување на болките во мускулите.

Студиите покажуваат дека освен што намалувањето на хроничната инфламација придонесува за намалување на ризикот од хронични заболувања, таа може да придонесе и во регулирањето на болката.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор