fbpx

За што помагаат различните СОБНИ РАСТЕНИЈА?

tonus

Сите сме слушнале за извонредните бенефити од исхраната базирана на растенија или на  растителна храна, но дали сте знаеле дека билките кои служат како еден вид декор во домот, исто така се одлични за нашето целокупно здравје?

[Поврзано: Извонредниот ефект на градското ЗЕЛЕНИЛО врз МЕНТАЛНОТО здравје!]

Во продолжение, 7 конкретни корисни ефекти од билките во домот и кои често користени декоративни билки се најдобри за нашето здравје.

"“Online”/

1) Подобар квалитет на воздух во затворените простории

Поголемите зелени површини или шумите се познати како ,,бели дробови” на планетата Земја, односно ни го обезбедуваат неопхониот елемент за живот – кислородот. Зеленилото во домот, исто така делува за подобар квалитет на воздух.

Ова е особено важно за средините со енормно загаден воздух, како што најверојатно ќе биде Скопје и оваа зима која е пред нас. Загадениот воздух за жал не останува само ,,надвор”.

Дополнително, изворите на загадување на воздухот во домот и различните затворени простории можат да бидат навистина најразлични, особено ако проветрувањето е лошо.

Речиси сите елементи во домот, теписите, компјутерите, масите, мебелот и слична покуќнина, со текот на времето се разградува, па често токсични продукти завршуваат во воздухот кој го дишеме. Воздухот во домашни услови го загадуваат и различните спори на мувли, вирусите и најразличните токсични материи (како оние од цигарите и различните бои и лакови, на пример).

Одредени растенијата имаат способност да апсорбираат голем дел од споменатите токсини, разградувајќи ги до помалку опасни бипродукти и притоа ,,складирајќи” ги во почвата на која растат. Вакви растенија се, на пример:

бршлен
аспарагус
▫ бамбус палма
▫ гербер
▫ драцена
▫ алое вера

2) Подобро расположение и релаксација

Добар пример за вакво дејство е билката лаванда, која поседува моќни ароматски карактеристики. Нејзиниот мирис според повеќе истражувања може да делува како ароматерапија, да нè релаксира, опушти и смири.

Многу повеќе за оваа извонредна билка, прочитајте во една од нашите претходни статии: Чудесната билка од Медитеранот – ЛАВАНДА и нејзините лековити својства.

Мирисот од различните цветни растенија исто така придонесува за релаксирање, но и подобрување во расположението. Одгледувањето цвеќиња е добро и за уште една работа: зголемена и поредовна физичка активност.

3) Подобар сон

Како што претходно веќе споменавме, растенијата го прочистуваат, но и збогатуваат возудхот со кислород. Покрај тоа, ја намалуваат и концентрацијата на јаглеродниот диоксид во просториите. Ова е од особена важност и за добриот, квалитетен сон.

Сите билки го применуваат процесот фотосинтеза за да си создадат храна, но како најдобар избор на билки кои ќе го збогатат воздухот во домот со кислород се:

епипремнум ауреум
гербер
,,кинески евергрин
▫ драцена
палма арека

[Поврзано: Како да го подобрите сонот? ]

4) Намален стрес


Повеќе истражувања покажуваат дека поминувањето на подолго време во простор со зеленило, може да го намали ризикот од хорничен стрес и психолошките нарушувања кои одат ,,рака под рака” со него. Покрај тоа што зеленилото потенцијално делува на намалување на нивото на т.н. стресен хормон кортизол, билките во домот можат да придонесат и за понизок крвен притисок и нормален пулс.

[Поврзано: Како да препознаете високи нивоа на КОРТИЗОЛ? ]

Опкружувањето со растенија е природно за човекот и има смирувачки ефект. Затоа, особено ако работите канцелариска работа, набавете си некаква билка, на пример некоја од претходно наведените.

[Поврзано: Извонредниот ефект на градското ЗЕЛЕНИЛО врз МЕНТАЛНОТО здравје!]

5) Подобар фокус и концентрација

Растенијата во домот можат да помогнат и за подобра концентрација. Истражувањата покажуваат дека децата покажуваат подобри резултати на тестовите доколку во училницата има некаков вид зеленило.

[Поврзано: Како до подобра концентрација?]

6) Олеснување на алергиските симптоми

Претходно наведовме билки кои добро ги апсорбираат најчестите ,,онечистувања” од воздухот, кои воедно можат да претставуваат и алергени.

Собите во кои има некакви растенија, имаат многу помалку прашина и спори на мувла.

Најдобар избор за оваа цел (антиалергиско дејство) е споменатиот бршлен, ,,кинески евергрин”, познатите љубичици итн.

Избегнувајте билки кои испуштаат многу полен.

7) Oптимална влажност во затворените простории

Работењето на клима уредите, особено во зимскиот период знае значително да го ,,исуши” воздухот во затворените простории. На тој начин, се обезбедуваат идеални услови за пренесување на различните вирусни инфекции.

Имајќи предвид дека сме во период на пандемија со коронавирусот, многу е важно да најдеме начин да ја одржиме високата влажност во затворените простории. Еден од најлесните и најодржливи начини е засадувањето на повеќе различни билки, особено во собите за дневен престој.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор