fbpx

Здравата храна е вкусна храна – 8 конкретни примери!

tonus

Кога ќе се спомене поимот ,,здрава храна”, голем дел од луѓето веднаш помислуваат на ,,досадна“, еднолична храна со не толку привлечен вкус.

Покрај неинформираноста околку она што значи здрава храна и исхрана, во голема мера тоа што претходно го кажавме е резултат на широката употреба на препроцесираните производи. Нивниот состав (огромен процент на додадени шеќери, заситени маснотии, сол и различни зачини и адитиви), прави тие да имаат исклучително високи вкусови карактеристики.

Но, освен силниот вкус и празните калории, кои покрај на физичкото, делуваат негативно и на менталното здравје, препроцесираните продукти немаат буквално ништо друго да нѝ понудат. Нешто повеќе околу тоа како нездравата храна влијае на менталното здравје, прочитајте тука.

"“Online”/

Различните типови на грицки се пример за препроцесирана храна. За среќа, постојат и здрави грицки, а за нив зборувавме повеќе во една од претходните статии – 10-те најздрави грицки.

Во продолжение, како пример ќе наведеме само 8 здрави производи (од стотиците) кои имаат исклучителни, уникатни вкусови карактеристики и може да се каже дека се повкусни од брзата храна.


1)
Јагоди и други типови на бобести овошки


Јагодите се исклучително сочна и слатка храна со одлична конзистенција или структура. Ова важи речиси за сите други типови на бобести овошки, како малини, капини, рибизли, боровинки итн. Слаткоста се должи на уникатниот баланс на шеќерни и киселински компоненти.

Дополнително на вкусот, оваа група на овошки е можеби најбогатиот антиоксидативен извор на природата. Исто така, тие се извор и на различни минерали, витамини (највеќе на витамин Ц), растителни влакна и останати фитохемикалии.

Повеќе за овие овошки дознајте со кликнување на поставените линкови.


2)
Темна чоколада

Здравите маснотии и протеинскиот состав на какаото, ја прават темната чоколада искучително вкусна ужина. Дополнително, таа важи за извор на многу моќни антиоксиданти (полифеноли, флавоноиди), минерали, растителни влакна итн.

За здрава темна чоколада се смета онаа со над 70% какао маса.

Ова чоколадо е особено вкусно во комбинација со шоља кафе.

Повеќе за корисните дејства на темната чоколада, прочитајте во една од нашите претходни статии – Кога чоколадата е здрава храна?

3) Бадеми


Крцкавите бадеми важат за исклучително вкусни јатки. И останатите јаткасти плодови се вкусни, пред сè заради здравите маснотии и протеините, но кој пробал печени и посолени бадеми, знае дека тој вкус се издвојува.

Покрај силниот вкус кој доаѓа од здравите маснотии и протеинскиот состав, бадемите нѝ обезбедуваат и различни минерали, витамини и антиоксидатни. Повеќе околку здравствените бенефити од овој состав, прочитајте тука.

Неколку бадеми во комбинација со банана или темно чоколадо, се одличен избор за едноставна, но искучително здрава, нутритивна и вкусна ужина.

Можеби се поскапи, но истото важи и за ‘фстаците, кои се исто така богати со високо-квалитетни протеини, здрави маснотии и растителни влакна.

4) Пуканки

Многумина не знаат дека вкусните пуканки кои се можеби најпопуларните грицки во светски рамки, се всушност полнозрнаста храна која е исклучително здрава.

Пуканките се богат избор на растителни влакна, а имаат малку калории. Секако, сето претходно наведено важи доколку пуканките се правилно подготвени, односно со малку масло и други масни додатоци (путер).

Повеќе околку тоа кои се корисните дејства на пуканките и како правилно да ги подготвите, прочитајте тука.

5) Хумус

Традиционален намаз од Блискиот Исток кој полека, но сигурно го освојува светот. Секако, тоа се должи пред сè на неговиот навистина одличен и уникатен вкус и на текстурата, кои потекнуваат од комбинацијата на добро сварен наут и фино сомелен таан. Како плус, доаѓаат лимоновиот сок, маслиново масло и лукот.

Ова е всушност највкусниот здрав намаз кој можете да го најдете на пазарот. Дополнително, постои и во најразлични вкусови комбинации – хумус-киноа, хумус со домати, со ајвар, со семки од тикви, печурки итн.  Одберете според ваш вкус!


6) Сладок компир

Можеби не толку специфичен за нашето поднебје, но овој тип на компир можеме лесно да го најдеме и низ нашите маркети.

Без разлика на кој начин е подготвен, слаткиот компир има фантастичен вкус, особено во комбинација со хумус, некакви кремасти сосови или путер од кикирики, на пример.

Слаткиот компир претставува најбогатиот извор на витамин А (провитамин).  Обезбедува исто така солидни количини на витамин Ц, како и одредени минерали.

Овој тип на компир има и силно антиоксидативно дејство, а помага и во одржувањето на нормланото ниво на глукоза во крвта.


7) Путер од кикирики

Овој тип на путер, за разлика од животинскиот е исклучително здрав, бидејќи е добар извор на незаситени масни киселини, но и сосема солидни количества на протеини и растителни влакна. Токму на ваквиот вкус се должат неговите богати вкусови карактеристики.

Плус на ова, содржи и висок процент витамини од Б групата, витамин Е, бакар, манган, магнезиум, фосфор итн. Исто така, путерот од кикирики е одличен антиоксидативен извор.

Вистина е дека е пребогат со калории, но многу тешко може да претерате со него, бидејќи многу брзо заситува, па низа на студии го поврзуваат со слабеењето, а не со зголемената телесна тежина.

8) Лубеница


Лубеницата обезбедува освежување и разладување во летниот период и е омиленото овошје на многумина. Благиот и освежителен вкус на лубеницата ретко кој чоколаден бар или колаче може да го замени.

Освежителноста се должи на високиот процент вода, па лубеницата е одличен избор и за добро хидрирање во периодот кога тоа е од особена важност – летото. Слаткиот вкус пак, е резултат на уникатниот шеќерен состав.

Токму овој период ја има во изобилие, па треба максимално да ја искористиме.

Повеќе за бенефитите од лубеницата прочитајте тука.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор