fbpx

Здрави домашни ГРАНОЛА плочки (ПОСНИ) + Смути

tonus

Немате идеја за појадок? Постојано имате монотони појадоци? Не сакате да губите многу време за готвење, а да подготвите вкусен и здрав доручек што може да го користите во најразлични комбинации и да го користите повеќе денови, без дa изгуби од квалитетот?

Ви предложуваме да ги направите нашите вкусни, домашни гранола плочки!

Овие гранола плочки со путер од кикирики се извор на низа здрави состојки (погледнете подетално во нутритивната табела дадена најдолу) и за разлика од многуте ,,купечки” гранола производи, немаат додадени шеќери и маснотии, односно не се извор на празни калории.

"“Online”/

Покрај тоа што домашните гранола плочки ќе ви понудат низа хранливи материи, тие ќе можат и соодветно да ве заситат, пред се поради присуството на солидни количества растителни влакна и на путерот од кикирики.

За целосно уживање, искомбинирајте ги домашните гранола плочките со чаша бадемово млеко, или пак со нашиот рецепт за овошно смути кој може да го прочитате подолу.


За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 3 чаши овесни снегулки
  • 8-10 полни супени лажици путер од кикирики (можете да користите и путер од семки од тиква на пример)
  • 5 кафени лажички мед
  • ½ чаша семки од тиква (може да користите и семки од сончоглед, јатки од бадеми, ореви или суво овошје)
  • 2 супени лажици ленено семе + 5 супени лажици вода

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на температура од 180°С и обложете една поголема коцкаста тава со хартија за печење.
  2. Измешајте го лененото семе со 5 лажици вода и оставете го да отстои 10-тина минути додека ја подготвувате смесата за гранола плочките. Лененото семе треба да пушти гел, така ќе знаете дека е готово.
  3. Комбинирајте ги сите состојки во еден подлабок сад и добро измешајте. Додадете ја и мешавината од лененото семе по изминатото време.
  4. Префрлете ја комбинираната смеса во обложеното тавче и цврсто притиснете ја.
  5. Одозгора ставете дополнителни семки доколку сакате. Притиснете во тестото.
  6. Печете 15-тина минути, или додека добро не се испече и централниот дел на смесата. Започнете со проверка по околу 10 минути, за да бидете сигурни дека гранола плочките нема да ви се препечат.
  7. Откако ќе ги извадите од рерна, оставете ги гранола плочките целосно да се изладат пред да ги исечете на 16 квадрати.
  • Овој рецепт прави 16 гранола плочки, но во зависност од големината на сечење може да излезат и нешто повеќе или помалку.

  • Откако плочките ќе се изладат целосно, чувајте ги во затворен сад во фрижидер 7-10 дена.

 

Нутритивна вредност:
(на 1 плочка)

Калории: 93 Јаглехидрати: 5.5g од кои растителни влакна: 1g и шеќери: 2.6g;  Протеини: 3.2g; Масти: 6.3g од кои заситени масти: 1.1g и Омега-3: 0.4g; Железо: 0.5mg; Магнезиум: 40mg; Манган: 0.3 mg; Витамин Б3: 1.5mg

Додаток: Смути со смрзнато овошје

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 1 замрзната или свежа банана, излупена и исечена на тркалца
  • 2 чаши замрзнати јагоди/малини/цреши (може да користите и микс од замрзнати бобести овошки)
  • 1 чаша бадемово или овесно млеко
  • 1/2 чаша обичен јогурт
  • 1/2 чаша свежо исцеден сок од портокал (сок од 1 поголем портокал)
  • 2 до 3 лажици мед или по вкус

Начин на подготовка:

  1.  Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете течна, хомогена смеса.
  • Овој рецепт прави 2 чаши.

Нутритивна вредност:
(на 1 чаша)

Калории: 180 Јаглехидрати: 33g од кои растителни влакна: 4.4g и шеќери: 17g;  Протеини: 8.7g; Масти: 2.2g од кои заситени масти: 0.2g; Калциум: 327mg; Манган: 0.6mg; Витамин Ц: 50mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор