fbpx

Здрав десерт: печени јаболка полнети со ореви, сируп од урми и гоџи бери!

tonus

Сакате вкусен, хранлив и здрав зимски десерт кој можете да го подготвите за доста брзо време? Продолжете да читате 🙂

Нема дилеми дека јаболките се здрава храна, исто така веројатно нема некој што не ги сака во нивната печена форма. Сепак, печените јаболки многумина ги имаат подзаборавено уште од детството. Порано тешко можеше да се замисли зимата без печените јаболки, па затоа денешниот предлог-рецепт ќе го наречеме: Носталгични печени јаболка.

[Поврзано: ЈАБОЛКА – зошто мора барем едно на ден?]

"“Online”/

Овој рецепт ќе биде малку покреативен од типичните печени јаболки: јаболките ќе ги наполниме со исклучително хранливите намирници: гоџи бери бобинки, урми и ореви. Вкусот ќе биде дополнет и финиширан од циметот и лимоновиот сок.

Гоџи бери бобинките се познати по својата потентна антиоксидативна содржина, но и искулителниот протеински и микронутритивен состав (витамини и минерали). Повеќе околу тоа зошто овие овошки се сè попопуларни, прочитајте во една од нашите претходни статии.

За урмите доволно е да се каже дека се најприродниот и најздрав начин да се заблажите! Зошто е тоа случај, подетално прочитајте тука.

Нутритивноста на нашите носталгични јаболки е надополнета и од оревите, веројатно најдобрите јаткасти плодови на природата.
Тие претставуваат богат извор на различни здрави маснотии, помеѓу кои и омега 3 масните киселини, но и на: најразлични потентни антиоксидативни компоненти, минерали (манган, цинк, магнезиум, железо, бакар, калиум итн.), витамини (пред сè витамини од Б групата) и фитохемикалии.

Многу подетално околу нутритивноста на овој рецепт, информирајте се од нутритивната табела дадена подолу.

[Поврзано: Зошто треба секојдневно да јадете ореви?]

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. Најпрво ставете ги гоџи бери овошките во една чаша со топла вода. Откако ќе отстојат 15-20 минути, добро исцедете ги.
  2. Во меѓувреме пуштете ја рерната да се загрева на 180°C и почнете со подготовката на ,,филот”: ставете ги исцедените гоџи бери бобинки заедно со сирупот од урми, циметот, оревите и сокот од лимон во блендер. Кога смесата ќе се хомогенизира, извадете ја.
  3. Добро измијте ги и пресечете го врвот на секоја од јаболките, а потоа внимателно со лажица исчистете го делот под дршката, така што нема да остане ништо од семето и цврстиот дел. Немојте да ги лупите плодовите! Празниот простор наполнете го со смесата која претходно ја подготвивте, ставајќи ¼ од неа во секоја од јаболките.
  4. Кога рерната ќе се загрее, поставете ги јаболките во тава за печење и печете околу 1 час.
  • Овој рецепт прави 4 порции или 2 поголеми.

Нутритивна вредност:

(на една полнета јаболка)

Калории: 225 Јаглехидрати: 38g од кои растителни влакна: 6g и шеќери: 27g;  Протеини: 3g; Масти: 8,5g од кои заситени масти: 0.6g и омега 3 масни киселини: 1,2g;; Витамин Б1: 0.1mg; Витамин Б6: 0.2mg; Витамин А: 310 IU; Витамин Ц: 5mg; Железо: 0,7mg; Калиум: 400mg; Манган: 0,6mg; Магнезиум: 40mg; Бакар: 0.3mg

 

Како да го подготвите сирупот од урми?

Потребно ќе ви биде:

 

  • Една чинија или околу 140g урми, со претходно извадени семки.
  • Врела вода (секогаш исто количество колку што ќе ставиме и урми)
  • 1 лимон со средна големина (1 лажица лимонов сок)

Начин на подготовка:

 

  1. Најпрво внимателно ги вадиме семките од секоја урма.
  2. Потоа, ги потопуваме урмите во врела вода и ги оставаме околу 1 час да отстојат за да омекнат.
  3. Ја отстрануваме кората на лимонот и неговите семки, а потоа го ставаме во блендер. Откако ќе се изблендира, оставаме само една лажица од овој сок во блендерот, а останата содржина ја тргаме на страна.
  4. Во блендерот со една лажица сок од лимон, ги додаваме урмите заедно со водата во која претходно стоеле 1 час. Блендирајте додека целосно не се соедини смесата.

    – Ако сакате погуста или поретка смеса, додадете или одземете малку од водата.

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор