fbpx

Здрав ДОРУЧЕК или ВЕЧЕРА: ОВЕСНИ БОМБИЦИ со ВАНИЛА!

tonus

Денес ви предложуваме рецепт за овесни бомбици, подготвени од екстра здрави намирници. Овие ,,бомбици” уште еднаш ќе ни докажат дека здравата храна може да биде и тоа како вкусна!

Подготовката на денешниот рецепт не подразбира никакво третирање на состојките со температура (печење, варење итн.), па тоа освен што ќе задржи плус хранливи материи, ќе ни заштеди и многу време, па и пари.

[Поврзано: КОНЕЧНО – Кој начин на ГОТВЕЊЕ ги УНИШТУВА хранливите материи? А кој не?]

"“Online”/

Овесните бомбици се богати со калории, односно со енергија, но важно е да се каже дека тие во исто време се одличен извор и на растителни влакна, здрави масти и протеини, па лесно ќе ве заситат – ќе изедете помалку. Станува збор за храна со понизок гликемиски индекс, иако е толку слатка!

[Поврзано: Што треба да знаете за ГЛИКЕМИСКИ ИНДЕКС?]

Од друга страна, тие ќе ви обезбедат и навистина импресивна хранлива вредност. Бомбиците се особено погодни за најмалите како вкусен и здрав доручек, како ужина за било кој дел од денот, но и здрав енергетски додаток пред или по тренингот за оние кои практикуваат спорт или редовно се рекреираат. Можеби најпозитивното кај рецептот за овие бомбици е што тој може да се изведе на безброј начини, односно според најразлични комбинации – различни јатки, семиња, житарки, зачини, суви овошки итн.

Јаткастите плодови  и семињата кои ги користиме се полни со здрави маснотии и протеини, полнозрнестите житарки со квалитетни јаглехидрати, сезонските овошки и темното чоколадо со антиоксидативни компоненети, а сите заедно се богат извор на фибер, минерали, витамини и различни антиоксидативни фитохемикалии.

[Поврзано: Не се доволни само витамините и минералите, ни требаат ФИТОХЕМИКАЛИИ!]

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. Во процесор за храна додајте го овесот, заедно со индиските ореви (семките од тиква) и циметот. Блендирајте додека овесот и јатките не станат брашно.
  2. Следно, додајте ги урмите со извадени семки во процесорот. Блендирајте додека не се хомогенизира смесата.
  3. Додајте го ванила екстрактот и блендирајте со пулсирање. Ако смесата или тестото не е доволно лепливо, додајте неколку лажички вода (1-5 лажички). Започнете со една лажичка, па ако има потреба додавајте. Немојте да ги додавате сите 5 лажички вода одеднаш. Блендирајте додека смесата потполно не се хомогенизира.
  4. Изавадете ја смесата од блендерот и извалкајте ја во рамна чинија со суво грозје и кокос. Можете да користите и стопено темно чоколадо!

 

  1. Од тестото можете да замесите 12-15 топчиња или бомбици. Поставете ги бомбиците во поголем, подлабок сад. Веднаш се спремни за консумирање, а ако сакате да ги јадете подоцна, ставете ги во фрижидер.

 

Нутритивна вредност:

(на еден оброк или на 5 овесни бомбици)

Калории: 320; Јаглехидрати: 50g, од кои растителни влакна: 6g и шеќери: 24g; Протеини: 8g; Масти: 12g, од кои заситени: 3g; Витамин Б1: 0,2mg; Витамин Б6: 0,2mg; Витамин Б5: 0,6mg; Витамин Б9: 20mcg; Витамин Е: 0,3mg; Витамин К: 10mcg; Калциум: 40mg; Железо: 3mg; Цинк: 2,2mg; Фосфор: 250mg; Мангнезиум: 110mg; Манган: 1,4mg; Бакар: 0,6mg; Селен: 13mcg

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор