fbpx

Изобилство на витамини – подгответе вкусни и брзи рецепти со ЗЕЛКА!

tonus

Овој период од годината зелката е еден од зеленчуците што се најзастапени и најдостапни на нашите пазари. Поради тоа, денес издвојуваме два интересни рецепти со кои ќе подготвите една поинаква Медитеранска салата и посна чорба од зелка.

Зелка – зеленчук кој изобилува со витамини и минерали

Бидејќи во најголем процент зелката е составена од вода, таа има ниска калориска вредноста, но сепак претставува и богат извор на низа микронутриенти.

"“Online”/

Во 100g зелка се содржи:

25 калории

– 5,5g јаглехидрати

– 1g протеини

– 2,1g растителни влакна

– 87% од Дневно Препорачаниот Внес за витамин К

– 55% од ДПВ за витамин Ц

– 11% од ДПВ за витамин В9

Зелката исто така содржи во помал процент и витамин А, железо и витамин В2. Зелката е богата и со растителни влакна како и антиоксиданти како што се полифенолните, некои сулфурни соединенија и витаминот С. Антиоксидантите го штитат организмот од штетното дејство кое може да го предизвикаат слободните радикали.

Медитеранска салата од зелка

За овој рецепт потребни ќе ви бидат околу 20 минути за подготовка, а истиот е доволен за околу 8 лица.

Потребни намирници:

За салатата:

  • Околу 500g рендана или ситно исецкана свежа зелка
  • 2-3 моркови, изрендани
  • 2 парчиња млад кормид, исецкано на кругови
  • 1 црвена пиперка, исецкана на ленти
  • 4 големи ротквици, исецкани
  • Малку свеж магдонос
  • Сол, бибер и зачини по желба

За преливот:

  • 2 лажички сенф
  • 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • Сок од 2 лимони
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер
  • Мелен црвен пипер

Подготовка:

  1. Во мал сад измешајте ги состојките за преливот.
  2. Исецканите зеленчуци ставете ги во сад за салата и малку промешајте ги. Потоа додајте го преливот и повторно промешајте.
  3. Ваквата салата искористете ја како прилог на главното јадење или како опција за вечера во комбинација со парче интегрален леб и малку урда.

Посна чорба со зелка

За овој рецепт потребни ќе ви се само околу 30 минути, а истиот е доволен за 6 лица.

Потребни намирници:

  • Маслиново масло
  • 1-2 моркови, исецкани
  • 1 главица кромид, исецкана
  • 2-3 чешниња лук, ситно исецкани
  • Половина лажичка коријандер
  • Сол, бибер и мелен црвен пипер
  • Околу 1300ml растителен бујон
  • 2 свежи домати
  • Една мала зелка, исецкана
  • 1 конзерва грав
  • Малку сушено оригано и босилок
  • 2 мали лажички шеќер

Подготовка:

  1. Во големо тенџере загрејте малку маслиново масло. Додајте ги морковите и кромидот и оставете ги да се готват околу 5 минути. Потоа додајте го лукот, коријандерот и малку сол. Гответе уште 2-3 минути, а потоа додајте го бујонот и доматите. Доведете ја смесата до вриење, а потоа додајте ја зелката и на среден оган, оставете ја чорбата да врие околу 20-25 минути, односно додека зелката не омекне.
  2. Потоа, додајте го гравот, шеќерот и ориганото и гответе околу 3-4 минути.
  3. Послужете додека чорбата е топла, со парче интегрален леб. По желба, додајте неколку капки сок од лимон.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор