fbpx

Зошто лицата со ДИЈАБЕТ треба да се пазат од СОЛТА?

tonus

Diabetes mellitus е хронично заболување кое се карактеризира од абномалните нивоа на шеќер во крвта. Овие абнормалности се предизвикани заради тоа што телото или не може да создаде доволно инсулин или заради неможноста веќе создадениот инсулин да се искористи соодветно (дијабет тип 2 – до 95% од сите случаи на дијабет).

Статистиките во однос дијабетичните заболувања се сè позагрижувачки. Бројот на заболени секојдневно вртоглаво расте, во светски рамки, но и кај нас во Македонија.

Пред сè, ова се должи на лошите животни навики за исхрана и физичката неактивност. Во претходните статии зборувавме општо околу дијабетот, кои видови постојат, како рано да го препознаете, кои луѓе се во посебен ризик и кои се начините за негово превенирање и природно контролирање.

"“Online”/

Денес, нешто повеќе околу употребата на солта во исхраната на лицата кои страдаат од дијабетот. Дали солта може да го зголеми ризикот од дијабет? Дали влијае на ризикот од неговите компликации и на кој начин? Што можете да превземете за да ја намалите употребата на солта во вашето секојдневние?

Солта ни е неопходна, но во ограничени количества!

Организмот на човекот има потреба од мали количини на натирум (составен елемент на солта) кој е значаен за пренесување на нервните импулси, за контракциите и релаксирањето на мускулите, како и за одржување на правилен баланс на вода и минерални материи во организмот.

[Поврзано: 6 лесни совети за ЕЛЕКТРОЛИТЕН БАЛАНС!]

Се проценува дека секој човек има потреба од околу минимум 500mg натриум на дневна база за одржување на споменатите витални функции.

Дополнително, солта е јодирана, односно има солидни количества од неопходниот минерал за нашето здравје – јодот.

СЗО препорачува внес до 4g во текот на еден ден.

[Поврзано: Минералот кој не смее да биде заборавен – КЛУЧЕН за цел метаболизам!]

Сепак, прекумерниот внес на солта станува голем проблем во модерниот начин на живеење заради сè поголемиот пробив на процесираните и готови јадења, кои се особено богата храна со т.н. скриена сол.
Така, со денешниот вообичаен начин на исхрана, невнесувањето на повеќе од 4g сол преку исхраната, претставува вистински предизвик. Според одредени истражувања на американскиот CDC, дури 90% од возрасните лица внесуваат повеќе сол од што им е потребно.

Кога натриумот е внесен преку исхраната во доста поголеми количини, може да создаде проблеми како што се покачен висок притисок, заболувања на срцето и срцев удар. Исто така, може да предизвика губење на калциумот, кој најчесто се губи од коските со што доаѓа до зголемен ризик од различни заболувања на коските.

[Поврзано: Наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот!]


Каква е релацијата помеѓу дијабетот и солта?

Сите добро знаеме дека дијабетичните нарушувања во најголема мера се развиваат како резлутат на лошите животни навики, како лоша исхрана, седечки начин на живот, гојазност и слично. Често може да прочитаме и дека количината на внесена сол исто така игра важна улога во развојот на дијабетот. Сепак, меѓусебната врска на солта и дијабетот е доста покомплексна.

Претерувањето со солта не води директно кон дијабет. Всушност, проблемите од претерувањето со солта настануваат индиректно и се движат во 3 главни насоки:

  1. Зголемен ризик од кардиоваскуларни болести

Како што претходно наведовме, натирумот е одговорен за контролирањето на балансот на течности во организмот, што е многу важно и за регулацијата на крвниот волумен и притисок.

Претерувањето со солта води кон флуидна ретенција (задржување на течностите во организмот), што неминовно го покачува крвниот притисок. Сите знаеме дека високиот крвен притисок е директно поврзан со зголемениот ризик од повеќето кардиоваскуларни болести.

[Поврзано: Основни, а пресудни инфромации за крвниот притисок!]

Лицата со дијабет имаат значително поголем ризик од срцеви болести, во споредба со здравите лица. Одредени истражувања велат дека лицата со дијабет, имаат дури 4 пати поголем ризик од смртност од некаква кардиоваскуларна болест, во однос на лицата кој го немаат ова заболување. Ова е случај, бидејќи пациентите со дијабет тип 2 најчесто имаат барем еден од следните здравствени проблеми: метаболeн синдром, гојазност, покачен крвен притисок, нарушен липиден статус (покачени триглицериди и холестерол), физичка неактивност и слично.

Овие силни ризик-фактори за дијабет, во исто време се поеднакво силни и во однос на зголемувањето на опасноста од срцеви заболувања.

[Поврзано: МЕТАБОЛЕН СИНДРОМ – секој би требало да знае за овој поим!]

Така, кај лицата што страдаат од дијабет, самото постоење на дијагнозата веќе претставува проблем. Заради овие причини, тие треба да бидат посебно внимателни, односно максимално да ги избегнуваат другите ризик-фактори за срцеви болести, особено оние кои можат полесно да бидат контролирани, помеѓу кои и консумирањето на солта.

 

  1. Зголемен ризик од компликации со стапалата

Зголемениот притисок поттикнат од прекумерната употреба на солта, може да води кон отоци на стапалата. Секоја повреда на овој дел од телото претставува сериозна опасност за лицата со дијабет.

Зошто стапалата се доста осетлив дел од телото на кој треба посебно да внимаваат лицата со дијабет, прочитајте во една од нашите претходни статии: Како да се грижите за вашите стапала и зошто е тоа толку важно?

  1. Зголемен ризик од бубрежни нарушувања

Дијабетот е всушност една од најчестите причини за бубрежните болести. Речиси ¼ од дијабетичарите развиваат некакви бубрежни заболувања.

Главната функција на бубрезите е филтрирањето или ,,прочистувањето” на крвта од различни метаболитички нуспродукти, но и од вишокот на вода. Крајниот продукт е урината. Дополнително, бубрезите помагаат во контролирањето на крвниот притисок и продуцираат одредени хормони неопходни за нормалното функцинонирање на организмот.

Дијабетот подразбира покачени нивоа на глукоза во крвта кои помеѓу останатото можат да предизвикаат одредени оштетувања во крвните садови на бубрезите. Таквите оштетувања ги спречуваат крвните садови во вршењето на својата задача, па бубрежните ткива остануваат без крв и неопходни нутриенти, што значи на подолг рок и тие се оштетуваат.

Општо е познато дека солта е исто така доста лоша за здравјето на нашите бубрези.

Како што натриумот се акумулира или се таложи, така телото задржува повеќе вода за да го раствори. Ова предизвикува состојба во која имаме покачување на течноста која ги опкружува клетките и зголемување на волуменот на крвта која струи во крвните садови. Зголемувањето на волуменот на крвта значи повеќе работа за срцето, односно потреба од поголем потисок за движење на крвта, а со тоа и зголемен крвен притисок.

Со текот на времето, ваквиот зголемен обем на работа на срцето може да ги ослабе крвните садови и срцето, да доведе до хронична хипертензија или покачен притисок и во крајна линија да води до срцев удар и мозочен удар. Секако, зголемен е обемот на работа и на бубрезите, па и тие се поподложни на оштетувања.

Постојат докази дека претераното внесување на сол може да го оштети срцето, аортата и бубрезите, дури и без зголемениот крвен притисок.

[Поврзано: Лицата со дијагностициран дијабет треба да внимаваат на своите бубрези! Зошто?]

Како краток заклучок:

Ако постојат дилеми околу тоа дали здравите лица треба строго да го контролираат внесот на сол и околу тоа која е точната строга граница на максимален внес на сол, можеме да кажеме дека кај заболените од дијабет ситуацијата е ,,почиста”. Тие дефинитивно треба посериозно да ја сфатат потребата од контролиран внес на солта.

Кој е најдобриот совет кој ќе ви помогне да внесувате помалку сол?

Наједноставниот совет од кој можете да почнете е: Почесто јадете храна која самите ќе ја подготвувате дома и максимално избегнувајте процесирани прехранбени производи.

Истражувањата покажуваат дека огромниот процент од прекумерно внесената сол најчесто доаѓа од јадењето ,,купечка” и било каква процесирана храна од маркетите, а не од честото употребување на домашниот соларник.

Ова не значи дека не треба да внимавате и на соларникот! Внесувајте од половина, до максимум лажичка сол дневно (тоа е веќе над 5g!).

Солта е силен појачувач на вкус, па затоа честото и пообемно користење на различните зачини (исто така појачувачи на вкусот) кои најчесто се и доста здрави, може да води кон драстично намалена потреба од сол!

[Поврзано: БИБЕР – 6 причини за да го користите секој ден!]

За да ги искоритите бенефитите на јодот од солта, односно тој да не испари или да не сублимира, не купувајте премногу сол која ќе ја складирате и додавајте од солта при крајот на готвењето, а не на почетокот.

Дополнително, исто така многу битен аспект од контролирањето на внесот на солта е и препознавањето на храната со т.н. скриена сол.
Дури до 80% од солта која ја внесуваме е скриена во секојдневните производи. Добри примери за прехранбени производи со скриена сол се:

  • Лебот – една кришка и до 0,5g сол. Тоа би значело дека само со неколку кришки леб, внеуваме доволно сол за целиот ден!
  • Најразлични видови сирења, но и млечни производи.
  • Било каков вид на храна во конзерва.
  • Кисели краставички.
  • Месни производи.
  • Различни сосови и салатни дресинзи (преливи, како мајонезот).
  • Брза храна.
  • Смрзнати оброци.
  • Пици
  • Сендвичи
  • Лиснати теста.
  • Гранола мусли и колачиња.
  • Саламурени производи.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор