fbpx

Зошто ОБИЧНИОТ сапун е подобар од АНТИБАКТЕРИСКИОТ?

tonus

Кога купувате сапуни или други средства за хигиена, дали барате да бидат означени како ,,антибактериски”, недевајќи се дека тие ќе ве заштитат вас и вашето семејство повеќе од ,,обичните”? Дали сметате дека ваквите продукти значително ќе ви го намалат ризикот од разболување, ширење и инфицирање со микроорганизми?

Според Американската агенција за храна и лекови (FDA), не постојат доволно податоци врз основа на кои би можеле да заклучиме дека продуктите означени како ,,антибактериски” ќе нé заштитат повеќе од инфицирање со патогените микроорганизми (бактерии и вируси, помеѓу кои и новиот коронавирус), во однос на оние производи на кои не се така означени.

Дополнително, постои одредена заснована загриженост дека продолжената употреба на некои антибактериските ,,производи” може да има одредени негативности. Заради ови причини, FDA веќе има забрането одредени антибактериски препарати кои се употребуваат со нанесување на кожата.

"“Online”/

Што го прави одреден сапун ,,антибактериски”?


Антибактериските сапуни, некогаш наречени и антисептични, содржат одредени хемикалии кои ги нема во обичниот сапун. Тие состојки се додаваат со намера дополнително да се придонесе во превенцијата од микробните инфекции.

Многу од течните сапуни кои се обележани како ,,антибактериски” содржат компонента наречена триклосан, хемикалија која предизвикува загриженост кај екологистите, но и кај медицинските лица. Оваа компонента денес на широко се применува во најразличните индустрии – за облека, кујнски материјали, мебел, играчки итн – за превенција од микробна контаминација. На тој начин, луѓето многу често се изложени на него.

Анималните студии покажуваат дека триклосанот го менува начинот на делување на одредени хормони во организмот, што предизвикува загриженост дали оваа компонента ќе делува на ист начин и кај луѓето. Дополнително, студиите велат дека е сосема веројатно зголемената употреба на средствата со оваа и слични хемикалии да води и до создавање на резистентни бактерии (бактерии кои нема да реагираат на антибиотска терапија).

Од една страна постои ваква загриженост, додека од друга страна не постојат цврсти докази дека додавањето на триклосанот и слични компоненти (бензалкониум хлорид, хлороксиленол итн) дополнително ќе го намали ризикот од инфекција.

Можеби најголемата штета која можат да ја предизвикуваат ваквите ,,антибактериски” производи според експертите е дадевањето на лажно чувство на сигурност кај луѓето кои ги користат. Ако ги користите овие производи и мислите дека тие ќе ве заштитат повеќе од обичниот сапун, најверојатно сте во заблуда.

Правилната употреба на најобичниот сапун е доволна


Од сето претходно наведено, може јасно да се заклучи дека најпаметно е одбирањето на ,,обичните” сапуни.

Експертите од FDA потврдуваат дека и сапуните во најосновните форми, значи сапуните кои се едноставно производени, без никакви додавања на различни парфеми или антибактериски компоненти, се во најмала рака исто ефикасни како останатите ,,специјани сапуни”. За разлика од специјалните, обичните сапуни немаат утврдено несакани дејства.

Дека е најпаметно да одбереме обичен сапун ќе докажеме и преку објаснувањето како сапунот ни помага да се ослободиме од патогените микроби:

Сапунот содржи компоненти кои се налик масни супстанции, познати како амфифили, структурно слични на масната компонента која е присутна кај вирусната мембрана. Moлекулите на сапунот се составени од хидрофобен и хидрофилен дел, односно дел кој има тенденција да се врзе со вода и дел кој има тенденција да се врзе со масна компонента.

Мембраната на вирусот е масна компонента, па така хидрофобниот дел од молекулата на сапунот се врзува за него и на еден начин го разорува од струкурата во која е поставен кај вирусот. На тој начин, внатрешноста на вирусот останува незаштитена, па неговиот генетски материјал навлегува во околната вода. Така, генетскиот материјал и другите разорени компоненти остануваат заробени во мицелите на сапунот. По плакнењето на рацете сите овие компоненти се отстрануваат.

Ова се постигнува со било кој вид на сапун

Како правилно да ги миете рацете, погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=y7e8nM0JAz0

Повеќе за подобрата хигиена и информираноста околу неа во време на пандемијата со коронавирус, прочитајте со клинк на следниот линк: Поголема хигиена и информираност наместо паника – заштита од корона во домот

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор