fbpx

Зошто се јавуваат непријатните ,,болки од страна” при ТРЧАЊЕ и како да се справиме со нив?

tonus

Без разлика дали се работи за подготовки за некаква трка, маратон, полумаратон или  сосема рекреативен џогинг, секој внимава да биде целосно подготвен пред да излезе и да трча. Планираме кога и колку време ќе трчаме, со кој интензитет, кои денови од неделата ќе нѝ бидат наменети за одмор, потоа внимаваме да јадеме полесно сварлива храна пред тренингот, внимаваме какви патики ќе одбереме, како ќе се облечеме во зависност од времето итн. Всушност, изгледа дека ништо не може да тргне наопаку, нели?

Сепак, секој што барем некогаш во животот трчал, барем еднаш ја има почувствувано непријатната болка во десниот дел на абдоменот, под ребрата – попозната како ,,болка од страна”. Сте се запрашале ли зошто таа се јавува? Од каде потекнува? Што би можеле да сторите за да ја спречите?

Во продолжение, неколку корисни совети на оваа тема.

"“Online”/

[Поврзано: Што треба да знаете пред да почнете со џогирање? Корисни совети за почетници]

Како всушност се развива оваа непријатна болка?


Постојат повеќе теории околу тоа зошто и кога при трчањето се јавува болката од страна, која некогаш го зафаќа и поголемиот дел од абдоменот. Одредени објаснувања велат  дека болката се должи на влошената циркулација и зголемениот притисок над дијафрагмата, што води кон грчеви во абдоминалните мускули. Оваа теорија се смета за најприфатлива. Други теории пак, велат дека за болките е одговорна иритацијата на перитонеумот (серумската обвивката на абдоминалната празнина).

Како и да е, постојат низа дополнителни причини кои можат да ги поттикнат страничните болки, при поинтензивната физичка активност и тоа:

неправилно дишење
нервоза
проблеми со позиционираноста – неправилно трчање (лош стил)
пребрз старт
слаби стомачни мускули
полн стомак – обемен оброк пред трчањето

[ваквите болки се можни и при неконтролирано смеење, а се смета дека и тука главна улога игра притисокот и лошата циркулација кон дијафрагмата]


Безопасни, но сепак болки кои знаат да бидат доста непријатни и остри


Иако страничните болки не можат да нѝ предизвикаат некаква штета по здравјето, сепак тие се голем проблем, заради тоа што можат да бидат и особено болни.

Всушност, ваквите болки се помеѓу главните причини зошто тркачите се откажуваат од трките или подолготрајните тренинзи.

Совети за превенирање на страничните болки:


• Имајте лесен доручек, без животински производи (без многу маснотии) и без големи количества растителни влакна.

• Јадете 2-3 часа пред тренингот. Користете мали ужини непосредно пред тренинзите, како банана на пример.

Особено внимание посветувајте на дишењето – тренерите советуваат вдишувањата да бидат преку носот и да не бидат ниту многу плитки, ниту пак предлабоки, а издишувањата да се целосни и преку устата.

Загревајте се доволно! – Ова е можеби најважниот совет. Загревањето освен што ќе ги ,,подготви” мускулите за активноста која следува, ќе го оптимизира и дишењето.

• Поченете со поспоро темпо – потоа може и да забрзувате со градација.

• Вежбајте ги стомачните мускули, но и сите други мускули во горниот дел од телото


Совети за справување со акутните странични болки под ребрата:

• Дишете свесно – 2 средно-длабоки вдишувања на нос, едно издишување од устата.

• Притисок – обидете се да го притиснете со рацете болното место и ослободувајте го притисокот при издишувањата. Во меѓувреме, вдишувајте длабоко.

• Запрете за момент и направете неколку вежби за истегнување – истегнувањата на горниот дел од телото ќе ја ослободат тензијата во дијафрагмата и ќе помогнат полесно да се ослободите од непријатната болка.

• Успорете – успорувањето на темпото секогаш може да биде од помош при ваквите болки, особено ако сте на некакво натпреварување и не сакате да запирате целосно. Болките најчесто исчезнуваат со правилното дишење, притисокот и практикувањето на другите наведени совети.

• Кренете ги рацете додека трчате – можете да се обидете да ги релаксирате дијаграгмата и сите абдоминални мускули со кревање на рацете над главата, додека вдишувате правилно и длабоко, а потоа полека да ги спуштате додека издишувате.

На крајот, најдобриот начин да ги превенирате овие болки е да создадете добра кондиција, односно почесто да трчате. Со текот на времето, нема да имате никаков проблем со болките од ваков тип


Поврзани статии и видеа:

Што се всушност калориите и колку дневно треба да се внесат за да слабеете?
10 совети како да слабеете преку пешачењето
Што треба да знаете за вежбите со тежина?
Придобивки од физичката активност
Физичка активност и срцеви заболувања
Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта
Кој начин на пешачење најбрзо ги согорува мастите?
5 изненадувачки придобивки од пешачењето!

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор