fbpx

Изгубен апетит? Некогаш може да е сериозен знак

tonus

Секому му се има случено некогаш да го загуби апетитот од најразлични причини.

Апетитот или желбата за храна е доста субјективна работа, односно зависи од индивидуата. Сепак, сите во нас го имаме она што еволуцијата го создала – специјален механизам кој нè поттикнува да внесуваме хранливи материи, неопохдни за опстанокот.

Затоа, хроничната загуба на апетитот посочува на некаков проблем, особено ако е пропратена и со други симптоми. Тој проблем може да биде од психолошка или физиолошка природа. Долгорочно нарушениот апетит, води кон хроничен замор, слаба концентрација, нарушени когнитивни способности, нагло намалување на телесната тежина итн.

"“Online”/

Во продолжение, нешто повеќе околу тоа што може да предизивика нарушен/намален апетит, кои се можните опасности и како да си помогнете.

Губењето на апетитот на подолг рок може да биде индикатор на опасни заболувања

Како што рековме, причините за губење на апетитот можат да бидат физички и психолошки. Најчесто загубата е привремена и предизвикана од некакви инфекции (вирусни, бактериски), дигестивни проблеми, мамурност, гадење од одредна храна и слични ситуации. При вакви ситуации, со опоравувањето и апетитот се враќа на она што претходно било нормално.

Хронично намалениот апетит може да биде симптом на одредено заболување, а во некои ситуации и на доста опасни заболувања, како малигните на пример. Исто така, на долг рок, значајното губење на апетитот може да биде и симптом на некои психолошки нарушувања.

Дијагнози кои можат да предизвикаат нарушен апетит:

синдром на нервозни црева
хормонски дисбаланс
дијабет
• астма
• хронични оштетувања на црниот дроб и бубрезите
• преголеми количества калциум во крвта
• нарушувања на тироидната жлездахипо и хипертироидизам
• малигни заболувања
• ХИВ вирус и сида

Како причини за губењето апетит, често се јавуваат и психолошките нарушувања, како депресија, анксиозност, панични напади, хроничен стрес, булимија, анорекција.

Долготрајното губење на желбата за храна почесто се јавува кај повозрасните лица и тие треба да бидат особено внимателни и да не го занемаруваат нарушениот апетит, посебно ако е проследен со некакви други пропратни симптоми – тоа е потенцијална индикација за некакво заболување. Ако апетитот ви е нарушен подолго време, консултирајте се со вашиот лекар.

Сепак, најчестите причини за губење на апетитот не се толку опасни


Честите бактериски или вирални инфекции, како настинките и грипот, се дефинитивно најчестата причина за намалена желба за храна. Сепак, со закрепнувањето, најчесто апетитот целосно се враќа.

Други чести причини за ,,акутно” губење на апетитот:

▫ респираторни заболувања
▫ констипација (запек)
▫ болки во стомакот и дијареа – стомачни инфекции
киселини
▫ други чести дигестивни проблеми
▫ алергии – особено на храна
▫ некакви оперативни зафати
▫ бременост
▫ стрес
▫ одредени медикаменти (губењето апетит може да биде и заради некакви несакани ефекти од одредени медикаменти, како седативи, антибиотици, имунотерапија, хемотерапија, радиотерапија итн.) – притоа најчесто се јавува и дијареа.
▫ алкохол или дрога
▫ проблеми со забите, со афти и различни инфекции во усната празнина

Нарушениот апетит не треба да се игнорира

Иако во модерното живеење, неспоредливо поголем е проблемот со прекумерното јадење кое води кон гојазност, сепак нејадењето и избегнувањето на храна не е решение, па така намалениот апетит е исто така проблем.

Апетитот треба да се сфати сериозно. И на најмалите и најкратки негови нарушувања треба да им се обрнес соодветно внимание. Несоодветната исхрана, односно невнесувањето на доволно храна (нутриенти), може да создаде проблеми и кога трае само неколку денови.
Здравата и разновидна исхрана е нешто што треба постојано да се применува.

Доста често губењето на желбата за храна се јавува кај малите деца. Имајќи предвид дека тие имаат зголемени енергетски и нутритивни потреби, особено кај нив овој проблем мора навремено да се адресира и доколку често се јавува, да се направат консултации со стручни лица.

И малите промени можат да направат разлика: 10 кратки совети како да го зголемите апетитот:

1) Јадете повеќе храна која има вистинска хранлива вредност, а не празни калории

Луѓето кои често имаат проблеми со апетитот, најчесто посегнуваат по храна со празни калории, како чипсови, разни процесирани слатки, лиснати теста итн., во целта да покачат килограми. Килограмите не секогаш се мерка за тоа колку сме здрави.

Иако ваквата храна има висока калориска вредност, и висок вкусов интензитет, таа секогаш е лош избор.

Таа поседува исклучително ниска хранлива вредност, па затоа се вели дека содржи само празни калории.

Наместо брза храна, изберете здрава храна, која во исто време е и вкусна храна. Прочитајте 8 конкретни примери дека здравата храна е истовремено и вкусна.

2) Јадете почести, но помали оброци, наместо неколку големи

3) Јадете високо-калорична здрава храна, како што се јатките и нивните продукти

4) Направете го ручекот ,,социјален настан


Учествувајте и во приготвувањето на јадењата. На тој начин ќе си овозможите поголемо уживање во храната и процесот на јадење. Според одредени истражувања, јадењето во друштво и со дистракции, како гледање ТВ, го зголемува внесот на храна.

5) Не го прескокнувајте доручекот

Едно истражување вели дека прескокнувањето на доручекот може да води кон избегнување на храната во текот на денот.

6) Почесто имајте здрави и вкусни ужини

7) Октријте која храна најмногу ја сакате

Секако не брзата и нездрава храна.

8) Користете повеќе зачини и сол

На тој начин храната ќе ја направите попривлечна, односно со подобра арома и вкус.

9) Бидете физички поактивни

Логиката вели дека зголеменото трошење калории, подоцна ќе води кон зголемена ,,побарувачка” на енергија – храна. Низа студии го потврдуваат ова. Редовната физичка активност е еден од најдобрите начини за регулирање на апетитот.

10) Избегнувајте да пиете додека имате оброк

Полниот стомак со течности, особено непосредно или за време на оброците, поттикнува чувство на ситост.
Зошто воопшто не треба да пиете пијалаци со додадени шеќери, прочитајте тука.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор