fbpx

Интересен рецепт за ПОСНА МУСАКА

tonus

Мусаката е популарно обележје на нашата традиционална кујна и општо на Балканската.

Во најразлични облици рецептот за муска се сретнува и низ повеќето кујни на Медитеранот! Состојките што ги содржи обичната мусака многу лесно можат да бидат заменети со други похранливи и полесни состојки, а притоа вкусот да остане сличен, па и побогат.

Денес ви предложуваме да го пробате нашиот рецепт за посна мусаката со модри патлиџани и леблебии.

Овој рецепт на интересен начин го заменува месото и ни обезбедува здрав, хранлив и полесен оброк со уникатен вкус.

"“Online”/

Многу повеќе информации околу хранливата вредност и здравствените придобивки од компирите, модрите патлиџани, наутот и леќата, прочитајте на линковите во продолжение:
Компирот е здрава храна!
Придобивки од модриот патлиџан
5 причини за редовна употреба на наутот!
7 причини зошто леќата се смета за   супер-храна?

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 1 голем модар патлиџан, исечен на кругови
  • 300ml растителен бујон
  • 1 ловоров лист
  • 2 кафени лажици маслиново масло (доколку не постите)
  • 1 мал кромид, ситно исецкан
  • 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • 70g зелена леќа
  • 150g шампињони, исечени на кришки
  • 200g леблебија во конзерва, исцедена и измиена
  • 200g домати, исецкани на коцки (може да користите и сецкан домат во конзерва)
  • 3 супени лажици вода
  • 1 кафена лажичка оригано
  • 1 кафена лажичка сува мајчина душичка
  • 3 супени лажици пире од домати

За преливот (по желба):

  • 1 големо јајце
  • 2 кафе
  • ½ шоља кисело млеко
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

  1.  Модриот патлиџан исечете го на кругови, посолете го и оставете го да отстои 30-тина минути за да исчезне горчливиот вкус.
  2. Во едно тенџере зовријте ја леќата заедно со растителниот бујон и еден ловоров лист. Кога ќе зоврие, оставете ја да крчка уште 20 минути со повремено мешање. По  20 минути, тргнете ја леќата од оган и исцедете ја.
  3. Во едно тавче загрејте  2 лажици маслиново масло и запржете ги (или издинстувајте ги со вода!) кромидот и лукот околу 5 минути.
  4. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 180°С.
  5. Во едно поголемо тенџере ставете ги леќата, печурките, леблебијата, пирето од домати, сецканите домати, ориганото, мајчината душичка и едната лажица вода – сето тоа ставете го да се зготви. Кога ќе почне да врие, намалете го оганот и оставете ги да се готват уште најмногу 10-тина минути. Тргнете од оган и додадете сол и бибер по вкус. Додадете ги и пржениот кромид и лук и промешајте.
  6. Во една поголема тава, почнете со подготвување на мусаката. Наредете ги прво модрите патлиџани, а потоа еден слој од мешавината од зеленчуци, и продолжите да редите додека имате состојки.
  7. Во помало садче, изматете го јајцето и додадете го кашкавалот заедно со киселото млеко. Промешајте, додадете сол и бибер и прелијте ја мусаката. (ако не постите)
  8. Мусаката печете ја во претходно загреаната рерна околу 45 минути, или додека не добие златна боја.
  • Овој рецепт прави 4 поголеми порции.

Нутритивна вредност:
(на 1 порција, без преливи)

Калории: 260, Јаглехидрати: 45g од кои растителни влакна: 13g и шеќери: 15g; Протеини: 14g, Масти: 4,5g од кои заситени масти близу 0g, Витамин Б1: 0,4mg; Витамин Б5: 2mg; Витамин Б6: 0,5mg; Витамин Б9: 250mcg ; Витамин Е: 3mg ; Бакар: 0,7mg; Калиум: 1250mg; Цинк: 2,5mg; Фосфор: 250mg Магнезиум: 85mg; Железо: 4,5mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор