fbpx

Искуство на пациентка со ПОЛИЦИСТИЧНИ јајници

tonus

Мојата приказна со д-р Митов започна на 22.11.2017 два дена од кога бев на интернист и со поставена дијагноза замастен црн дроб, со речиси тројно покачени вредности на АСТ и АЛТ (резултатите со слики се во прилог ) и килажа од 108.5 кг. Патем, имав и други дијагнози, пред се’ полицистични јајници, а имам и хашимото. Започнав со промена на мојот животен стил и нашата првична цел беше да се нормализираат вредностите на ензимите на црниот дроб. Како што минуваше време (иако јас бев скептик во секој момент за било што!)  вредностите се намалуваа, за на крајот на третиот месец  да бидат целосно нормализирани (а беа три пати над горната граница, да повторам). Но, не само ензимите, кога започнав со здравата исхрана, примав еутирокс  од 100, за да сега ми се намали на 50. Дијагнозата полицистични јајници и добивањето на месечен циклус на три месеци е минато, сега добивам редовно секој месец, и дури јајниците не со под класификација полицистични. И крајно со 84 кг, значи минус 24 кг, но со тенденција да намалам  уште 10 кг. Бескрајно му благодарам на д-р Митов, за неговото трпение за неговата поддршка, зошто без него ништо од ова немаше  да се смени!   (ПРИТИСНЕТЕ НА БРОЈКИТЕ НА СЛИКАТА ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ПРЕД И ПОТОА, ОД МЕДИЦИНСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА ПАЦИЕНТКАТА).   /текстот е објавен со дозвола на пациентката, без објавување на нејзиниот идентитет.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор