fbpx

ИСХРАНАТА при ТРЕТМАНОТ НА БОЛЕСТИ

tonus

Како се храниме не е сеедно кога сме здрави, а камоли пак кога сме болни. Исхраната кај различни болести може да помогне, а може и да одмогне. Може дури и целосно да влијае на текот на болеста…  

ДИЈАБЕТЕС

Еден таков драстичен пример е дијабетесот. Кај дијабетес, не само што не е сеедно, туку целосниот тек на болеста може да зависи од дисциплинираноста во исхраната. Нашето искуство при промена на исхраната со пациенти со дијабетес јасно го докажува овој факт. За кратко време, не само што шеќерот во крвта почнува да се стабилизира, туку и значителни подобрувања се случуваат кај тромесечниот просек (гликолизиран хемоглобин), а многу често се намалува или губи потребата од терапија. На пациентите им се препорачува  соодветен режим на исхрана, редовна физичка активност и одредени додатоци во исхраната кои имаат научно докажан ефект.  

ПОКАЧЕН КРВЕН ПРИТИСОК

Според реномираните NICE препораки за лекување на хипертензија, најнапред кај пациентите се препорачуваат промени на животниот стил (lifestyle). Центарот за медицина на животен стил („лајфстајл” медицина) на д-р Митов ги нуди токму тие иницијални интервенции во животниот стил за намалување на покачениот крвен притисок. Вреди да се спомне дека покачениот крвен притисок не е наивна работа, туку една од водечките причини за смрт во светот и кај нас. Исхраната, физичката активност и навиките имаат огромно влијание врз крвниот притисок. За кратко време по почеток на програмата вообичаено се случува да има потреба од намалување на медикаментозната терапија за притисокот да не паѓа премногу ниско.  

"“Online”/

ПОКАЧЕНИ МАСТИ ВО КРВТА

Покачените масти во крвта може да се намалат со лекови (статини), но подобро е да се намалат на природен начин – со исхрана и природни намирници. Притоа, соодветната исхрана нема споредни несакани ефекти. Статините имаат многу несакани ефекти. Оттука, секогаш силно ги охрабруваме пациентите нормализирањето на мастите во крвта да се потрудат да го постигнат пред се` со промените во животниот стил.  

СРЦЕВИ БОЛЕСТИ

Со соодветна исхрана, за 24 дена, кај 90% од пациентите со ангина пекторис (болка во градите) доаѓа до намалување на симптомите и до подобрување на циркулацијата во срцевиот мускул. Се разбира, ова е податок од научни студии и од пракса со пациенти, не е паушална информација. Дури и ако веќе е направен стент или операција, потребата од правилна исхрана не се губи. Напротив, тогаш има и докази дека мора особено да се внимава на исхраната и животниот стил.  

ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ

Синдромот на полицистични јајници е под силно влијание на животниот стил. Намалување на телесната тежина и од само 5% може да даде видни подобрувања на симптомите кај пациентката. Додатно, постојат додатоци на исхрана кои влијаат поволно на работата на јајниците и го забрзуваат процесот на нивно нормализирање.  

ОСТАНАТИ БОЛЕСТИ

Списокот на болести каде исхраната може да помогне, за среќа е долг. Има и такви кај кои се’ уште нема докази дека исхраната и природните намирници може да доведат до подобрување. Но, трендот во науката е дека се’ повеќе болести на еден или друг начин се поврзуваат со исхраната и животниот стил.   Центарот за медицина на животен стил на д-р Митов им нуди поддршка на пациентите кои ќе одлучат да поминат низ промена на навиките, и кои преку природни интервенции сакаат да го зачуваат или подобрат своето здравје. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор