fbpx

Ишијас – како може сами да си помогнете, пред да треба стручна помош

tonus

Ишијасот, народски кажано, е навистина чест проблем. Се претпоставува дека тој ќе се јави кај дури 40% од населението, во одреден период од животот. Пациентите што страдаат од некаков облик на хронична болка, ретко се движат, имаат проблеми со обезноста или се пушачи, се во поголем ризик од ова заболување.

 

[Поврзано: 5 правила за самопомош кога сме соочени со ХРОНИЧНИ БОЛКИ]

 

Всушност, станува збор за поим кој реферира на болката што ,,се движи” по должината на скијатичниот (ишијадичен) нерв (дебел колку малиот прст). Поставеноста на овој нерв, инаку најдолгиот во периферниот нервен ситем, се протега од задникот или од долниот дел на грбот, кон нозете, па сè до стапалата.

"“Online”/

 

Болките што се јавуваат ретко се слични една на друга. Тие се движат од тапа до поостра болка, вкочанетост, пецкање, трнење и електрицитет, пулсирачка болка, чувство на топлина на болното место итн. Најчесто, болката се ,,спушта” по должината на едната нога.

Интензитетот на болките пак, се движи од непријатни до болки кои врзуваат за креветот.

 

Можни причини

 

Утврдени се повеќе различни причинители за оваа состојба, а најчесто се работи за:

  • Хернија на интервертебралниот диск во лумбален дел – внатрешниот дел на дискусот може да хернира, па да врши притисок врз скијатичниот нерв.
  • Дегенеративно заболување на интервертебралниот диск – нормален процес што се јавува како резултат на стареењето, но кај одредени луѓе прави иритација на скијатичниот нерв.
  • Инфекција
  • Повреда
  • Бременост – поради одредени хормонални промени
  • Многу поретко, но ишијасот може да се јави и како резултат на зголемувачки тумор или на заболување, како дијабетот.

За утврдување на причините поради кој е настанат ишијасот, потребни се детални физикални и невролошки прегледи, а во одредени случаи и електромиограм, рендген, компјутерска томографија и магнетна резонанца,

 

 

Дали и кои промени во животниот стил можат да помогнат при ишијас?

 

Секако, постојат различни опции за справување, односно третман на ишијасот (аналгетици, мускулни релаксанти, кортико, физикална терапија, специјални вежби, па во краен случај и хируршки третман) и сите тие се во доменот на специјалисти во соодветната област на медицината, но во продолжение ќе се фокусираме на она што може да направиме самите ние, за да си помогнеме во превенцијата и при појавата на ишијасот.

 

  1. Немојте да се плашите од раздвижувањето

 

Многумина што го имаат овој проблем се во страв дека ако повеќе се движат, болките ќе се влошат. Всушност, обратното е случај. Самото движење може значително да ви помогне во намалувањето на болките, преку опуштањето на нервот кој е компресиран или притиснат.

 

Секако, најдобро е физичката активност да биде умерена, па обидете се со прошетките. Тие не само што ќе го ,,подослободат” нервот, туку ќе ви овозможат и подобра циркулација, а ќе го намалат и воспалението.

 

Ова е особено важно ако имате навика постојано да седите или пак имате работа која ви налага долго стоење.

 

  1. Контролирајте ја вашата телесна тежина

 

Веќе споменавме дека обезноста е ризик-фактор за ишијас. Така, водењето здрав живот, пред сè практикувањето здрава исхрана и претходно споменатото редовно движење, се клучни во одржувањето на нормалната телесна тежина.

[Поврзано: Имате хронични болки? Губењето килограми може значително да Ви помогне!]

 

  1. Прaктикувајте вежби за истегнување

 

Уште еден добар начин за справување со болките на ишијасот е редовното истегнување. Без разлика дали станува збор за наједноставни вежби или практикување јога, вежбите за истегнување се добри за мускулните грчеви кои се поврзани со ишијасот и помагаат полесно да се одвива процесот на ,,самоизлекување”.

[Поврзано: Видео со вежби за истегнување за ишијас]

  1. Практикувајте и масажи

 

Масажите можат да ни понудат повеќе бенефити кога станува збор за ишијасот:

 

  • Ја олеснуваат мускулната тензија
  • Промовираат создавање на ендрофини (природни аналгетици на организмот или ,,убијци на болката”)
  • Поттикнуваат подобра циркулација

 

Наизменичното ставање на топли и ладни облоги на половината (10-15 минути мраз за намалаување на воспалението, а потоа 20-30 минути пенетрирачка топлина), повеќе пати во денот, може исто така да биде од голема помош за намалување на болките.

 

[Поврзано: Видео со масажи за ишијас]

 

  1. Одморајте доволно

 

Ако не спиете доволно, процесите на ,,обновување” на телото ќе успорат, па тоа негативно ќе се одрази и на ишијасот. Дополнително, ова посебно важи ако имате потешка физичка работа.

 

Добриот сон, дава можност инфламаторните агенси на телото побрзо и поефикасно да си ја завршат работата, овозможувајќи намалување на болката во текот на утрото и денот.

[Поврзано: Како да го подобрите сонот?]

 

  1. Немојте да седите и стоите предолг период

 

Една од најлошите работи што можете да си ја направите ако имате ишијас е предолго да седите или стоите. Ако веќе морате подолго да седите или стоите, бидете особено внимателни на правилната позиционираност на телото – бидете исправени и правете паузи за раздвижување и истегнување.

 

Долгото седење или стоење го зголемува притисокот и го иритира скијатичниот нерв.

 

[Поврзано: Како претераното седење го УНИШТУВА здравјето? И веројатно е лошо колку и пушењето!]

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор