fbpx

И силните луѓе плачат…

tonus

Првото нешто кое го правиме по доаѓањето на овој свет е плачењето. Плачењето е навистина енигматична тема. Сè уште не можеме целосно прецизно да објасниме што е и зошто се случува.

Децата плачат отворено и без срам, но како што минува времето плачењето станува ,,неприфатливo”, па најчесто се сокрива. Особено мажите  чувствуваат дека не е прифатливо да плачат, додека жените често се обвинувани дека се преемотивни. Од каде ваквите заклучоци? Зошто воопшто плачеме и кога плачењето е симптом на некакво нарушување?

Катазична улога – ,,Сега се чувствувам подобро


Речиси сите знаеме каква ,,исцелувачка” моќ има плачењето. Неретко сме ја чуле и фразата: ,,Исплачи се, ќе ти олесни!”.

"“Online”/

Интересно, но ова е вистина и на (био)хемиско ниво. Емотивните солзи се различни од оние кои имаат задача да ги заштитат очите. Тие имаат поголеми концентрации на стресни хормони, содржат природни аналгетици (ублажувачи на болките) и стимулираат продукција на ендрофини – хормони кои играат клучна улога во предизвикувањето на среќа и задоволство. На тој начин, емотивните солзи може да служат како олеснувачи на емотивната болка – да имаат катарзична функција.

Во едно истражување дури 85% од жените и 73% од мажите изјавиле дека се чувствуваат значително подобро по плачењето. Ова води кон заклучокот дека плачењето има ,,исцелувачки” ефект кој помага да се надмине патењето, болката и да се најде нешто позитивно за да се продолжи напред.

Социјална улога – ,,Утешете ме

Веројатно сите сте ја почувствувале потребата да утешите некој што плаче. Или пак сте почувствувале колку е значајно кога некој вас ве теши.
Емотивните солзи имаат поголема густина од другите, па поспоро ,,паѓаат” по образите. Некои начуници во ова гледаат доплнителен доказ дека плачењето има и социјална димензија.

Според нив, плачењето може да биде и начин за комуникација помеѓу членовите на заедницата, односно покажување дека во моментот одреден поединец има потреба од поголемо внимание, поддршка и интимност. Оние кои ја имаат улогата на ,,утешители” чувствуваат емпатија, сочувство, но и чувство на благодарност ,бидејќи оној кој страда видел во нив човек со кој може да сподели некаква интимност. Споделувајќи ги проблемите кој нè тиштат, односно покажувајќи ја нашата ранливост пред другите, значително ги зајакнуваме врските со другите луѓето и си помагаме полесно да ги надминеме тешките периоди.


Емотивен баланс

Покрај претходните две теории, постои и теорија дека плачењето е клучен елемент за постигнување на емотивен баланс или уште наречен емотивна хомеостаза.

Според ова, плачењето, исто како и смеењето на пример, е дел од она што нè прави луѓе и го оддржува нашето ментално здравје. Според оваа теорија срамењето и чувството на вина поради потребата за плачење се сосема непотребни, па дури и контрапродуктивни. Ако нѝ се плаче, има причина иако можеби не е видлива на прв поглед итреба да си ,,дозволиме” да се исплачеме – да нѝ олесни.

Плачењето не можеме да го контролираме и тоа не е секогаш мерка за тагата

Некогаш луѓето сакаат да се исплачат, но солзите не доаѓаат. Други пак, лесно се расплакуваат дури и кога не се тажни. Може да биде доста фрустрирачки кога нашите чувства не се на линија со она што го експресираме.

Но залудно е да се оптеретуваме со работи кои не се во наша контрола.Тагата извира од внатре и никој не може да го измери нејзиниот интензитет ,,однадвор”.

Мажите не плачат?

Еден од најраспространетите митови (и табуа) е дека мажите не плачат, а погрешно мислење е и тоа дека тие не треба воопшто да плачат и да покажуваат ранливост. Истражувањата на оваа тема покажуваат дека насекаде во светот жените повеќе плачат отколку мажите, а причините се главно културолошки и социјални. Зошто? Децата под 12 години плачат подеднакво без разлика на нивниот пол.

Важно е да се каже дека мажите не треба да ги потиснуваат своите емоции и дека тоа на долг рок може да има негативни ефекти, особено врз нивното ментално здравје.

Кога е премногу?

Често се поставува прашањето: Дали може да се определи кога плачењето е ,,премногу”? Кога станува збор за некакво нарушување?

Не постои универзално правило за определување кога плачењето е ,,премногу” , бидејќи екстремно важна улога има контекстот. На пример, ако сте во огромна тага поради загубата на блиска личност, постојаното плачење не е нужно симптом на нарушено ментално здравје. Клучно е да се познаваат разликите помеѓу тагата и депресијата.

Тагата е една од базичните човекови емоции (чувства), односно природна реакција на одредена ситуација која ви предизвикала некаков вид на непријатност. Таа може да биде со различен интензитет. Сепак, ова е привремено чувство и ,,избледнува” со текот на времето. Вообичаено за неколку часови или денови, па можеби и недели, но природно минува сама по себе.

Депресијата од друга страна, претставува долготрајно ментално заболување. Таа води кон целосно менување состојбата во која се наоѓа личноста. Има потенцијал да влијае негативно на сите аспекти од живеењето, со други зборови, ги нарушува врските и општо гледано социјалните односи помеѓу луѓето, перформансот на работното место. Накратко кажано, депресијата ја убива вољата за живеење.

Чувствтото на депресивност е постојано со личноста која страда од депресија. На некој начин, депресијата е хронично чувство на тага, потиштеност и безволие.

Плачењето може, но и не мора да биде симптом на депресијата. Дополнително, зачестеноста на плачењето исто така не мора да значи дека се работи за депресија или друго ментално нарушување.
Можеби не плачете толку често, но постојано се чувствувате лошо, безенергично, немате апетит, постојано чувствувате необјаснива вина и помалку уживате во работите кои претходно сте ги обожавале. Во тој случај иако отсуствува плачењето, најверојатно се работи за депресија.
Ако пак плачете многу често и без очигледна причина, исто така тоа треба да биде едно од предупредувањата дека можеби се соочувате со депресија.

Во споменатите случаи (депресија), плачењето веќе ја губи својата позитивна смисла за која претходно зборувавме и станува дисфункционално.

Како краток заклучок

Плачењето е далеку од бесмислена активност. Емоциите се многу важен и прекрасен дел од она што нè прави луѓе. Затоа, немојте да се срамите да пуштите солза и да се исплачете кога знаете дека тоа ќе ви помогне да се справите со некаква стресна ситуација или општо со притисокот од секојдневниот стрес.

Во исто време, важно е да го препознаете плачењето и како симптом на одредени ментални нарушувања, како што се депресијата и анксиозноста. Во овие случаи, плачењето најчесто доаѓа во комбинација со претохно споменатите останати симптоми.

Секој петти човек во одреден период од животот искусува депресија.

Затоа е многу важно плачењето, но и ментални нарушувања општеството да ги детабуизира, бидејќи нивното прикривање и избегнување (кога станува збор за плачењето), нема воопшто да нѝ помогне, сосема напротив. Негативните импликации од нетретирањето на менталните заболување се доста сериозни, почнувајќи од нарушениот општ квалитет на живот, па се до сериозни здравствени и социјални проблеми.

Користен извор:

https://mymoodpath.com/

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор