fbpx

Како АЛКОХОЛОТ го покачува КРВНИОТ ПРИТИСОК?

tonus

Покачениот крвен притисок или хипертензија е нажалост еден од најчестите ризик фактори по кардиоваскуларното здравје. Проценките се дека речиси половина од возрасната популација во САД (околу 108 милиони луѓе) има до одреден степен покачен крвен притисок. Само еден од четири луѓе (или околу 25%) го држи под контрола својот крвен притисок. Ваквата алармантна бројка не е само во САД, туку важи и за многу други држави. Поради тоа, денес ќе зборуваме накратко за една можеби навидум невоочлива поврзаност, а тоа е влијанието на алкохолот врз крвниот притисок.

Што претставува хипертензијата и зошто доаѓа до истата?

Крвниот притисок е мерка за силата (притисокот) со кој крвта притиска врз ѕидовите на крвните садови. Тој се мери преку две вредности:

–       Систолички или т.н горна вредност за крвниот притисок, ја покажува вредноста за притисокот во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул

"“Online”/

–       Диастолички или долната вредност при мерењето, го покажува притисокот во артериите измеѓу две срцеви контракции.

Висок крвен притисок или хипертензија, е состојба кога ваквото притискање врз крвните садови е прекумерно, за време на подолг временски период. Притисокот подложи на промени во текот на денот, во зависност од нашите активности. Но, доколку преку целиот ден имаме покачени вредности за крвен притисок, тоа значи дека е можно да имаме состојба на хипертензија. Најчесто вредносите при кои се смета дека има покачен притисок се 140/90 mmHg.

Постојат две форми на хипертензија:

  • Примарна – се појавува со стареењето и за неа нема очигледна причина.
  • Секундарна – се јавува побрзо и нагло и може да биде поизразена и опасна од примарната. Како главни ризик фактори за нејзина појава се:

 

  • Бубрежни заболувања
  • Опструктивна спиечка апнеа
  • Вродени срцеви заболувања
  • Проблеми со тироидната жлезда
  • Честа употреба на алкохол
  • Проблеми со надбубрежните жлезди

На кој начин може алкохолот да доведе до покачување на крвниот притисок?

Повремената, умерена консумација на алкохол се смета за здрава. Добро е познато дека виното, особено црвеното е корисно доколку се консумира умерено. Антиоксидативниот состав на црвеното вино впрочем може да го подобри кардиоваскуларното здравје, да ја намали инфламацијата во телото и да го намали оксидативниот стрес. Но, доколку алкохолот се внесува пречесто и во поголеми количини, тој може да направи низа на проблеми. Еден од тие проблеми е и покачувањето на крвниот притисок. Самиот внес на алкохол придонесува за акутно покачување на притисокот, што не е проблематично доколку е ретко. Но, честото консумирање може да доведе до долгорочни проблеми. Ваквиот проблем секако ќе биде нагласен врз основа на количеството алкохол кое се внесува.

Се смета дека алкохолот делува на повеќе начини врз крвниот притисок. Првиот е преку директно влијание на алкохолот врз бубрезите и создавањето на хормонот ренин, што предизвикува стеснување на крвните садови. Вториот начин е преку дејство врз хормонот вазопресин, кој што претставува антидиуретичен хормон. Тој помага телото да ги задржи течностите, со што индиректно се покачува и крвниот притисок. Друг можен начин на кој алкохолот го покачува притисокот е преку покачување на нивото на хормонот кортизол. Кортизол претставува хормон кој се асоцира првенствено со стресот. Тој исто така помага при регулацијата на метаболизмот, функцијата на имуниот систем и сл. Кортизолот се смета дека делува врз создавањето на соединенија познати како катехоламини – кои го регулираат задржувањето на водата во организмот.

Постојат уште бројни други механизми преку кои се смета дека алкохолот негативно влијае на притисокот. Токму затоа, се препорачува умерена, ретка консумација на алкохол. Тука е важно да разграничиме и правилно процениме што се смета за ретка и умерена консумација. За ниска, здрава консумација се смета –  околу  4-5 чаши (175ml по чаша) вино неделно, секако, распределено на 4-5 денови во неделата. Алкохолот е особено штетен кога се внесува во големи количини, одеднаш, најчесто поради некоја пригода, прослава и сл. Тогаш тој може навистина штетно да влијае на здравјето, особено доколку тоа често се повторува.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор