fbpx

Како да јадеме почесто, а да слабееме?

tonus

Кога зборуваме за слабеењето како процес, општо познати се неговите главни принципи, како калориски дефицит и редовна физичка активност.

Сите знаеме дека за да се слабее, потребно е помалку да се јаде и притоа да се ,,трошат” повеќе калории. Ова звучи доста едноставно, но секому му е јасно дека во праксата тоа не оди така лесно. Причините се бројни, а во денешниот текст ќе се посветиме на разјаснувањето на еден распространет мит во однос на исхраната за слабеење – почестите оброци дебелат.

[Поврзано: Што се всушност КАЛОРИИТЕ и колку дневно треба да се внесат за да слабеете?]

"“Online”/

Јадењето повеќе оброци нема да ви ги покачи килограмите, туку напротив, ќе ви помогне да ја намалите телесната тежина!

 

Многумина изведуваат навидум логичен заклучок – ако јадам повеќе оброци, ќе внесам повеќе калории, што секако нема да ми помогне да ослабам. Ова е неточно, секако доколку самата содржина на оброците е здрава и балансирана.

Искуствата покажуваат дека луѓето доста тешко прифаќаат дека е можно да ослабат со зголемување на бројот на оброците во текот на еден ден. Во продолжение ќе се обидеме да укажеме дека ваквиот пристап навистина може да биде успешен.

 

Истражувањата сугерираат дека лицата со нормална телесна тежина во просек јадат повеќе оброци во текот на денот, за разлика од обезните поединци. Па кои се можните причини заради кои е ова случај?

 

[Поврзано: Диетите не се решение, диетите се ПРОБЛЕМ!]

 

Почестите оброци допринесуваат за намалување на глукозните пикови во крвта, а потоа и наглите падови! Ова овозможуваа ситост на подолг период и следствено – полесно слабеење!

 

Кога внесуваме било каква храна, тоа неминовно има влијание на нивото на шеќерот во крвта, односно нивото помалку или повеќе се зголемува. Секако, највеќе се зголемува по консумирање на храна која има највеќе јаглехидратна содржина.

Тука се наметнува еден термин – гликемиски индекс (ГИ).

Гликемискиот индекс е бројна вредност, која означува колку брзо телото ги конвертира или преобразува јаглехидратите во глукоза. Два типа храна со потполно иста јаглехидратна содржина, можат да имаат различни вредности за гликемискиот индекс.

Колку што е помала вредноста на гликемискиот индекс, толку консумираната храна има помал импакт врз нивоата на шеќер во крвта.

 

  • 55 или помалку – низок или добар гликемиски индекс
  • 56-69 – среден
  • 70 или повеќе – висок гликемиски индекс

Генерално важи следното правило: Храната која што е поблиску до нејзината природна форма, односно е што помалку процесирана, има тенденција да има помал гликемиски индекс.

[Поврзано: Овошје кај ДИЈАБЕТ: да или не?]

Шеќерот во крвта има свои нормални граници (од 4 до 6,6) во кои треба да се движи, па секое негово одење над горната или долната граница ни создава проблеми (споменатите пикови и нагли падови). Почестите оброци овозможуваат шеќерот постојано да се движи во тие граници, со што освен што постојано сме сити, превенираме од честиот проблем наречен прејадување. Дополнително, кога глукозата се движи во ова нормално ниво, нашето тело ги троши масните резерви и ги заштитува мускулите!

Значи, храната со повисок гликемиски индекс ни создава шеќерни пикови, а потоа и нагли падови, што нè остава постојано гладни.

Мора да се има предвид дека квалитетот на исхраната која се практикува е клучен

Секако, на крајот на денот во однос на успешното слабеење, клучни се калорискиот дефицит и квалитетот на храната што секојдневно ја внесуваме. Ако јадеме почесто, а притоа на менито имаме храна богата со калории, но со ниска хранлива вредност, тогаш ќе ги покачиме килограмите и ќе си го зголемиме проблемот. Затоа, како нужен предуслов за искористување на бенефитите од почестите оброци, треба да ни биде усвојувањето на здравите навики за исхрана.

 

[Поврзано: Што се тоа ПРАЗНИ КАЛОРИИ и зошто се толку опасни?]

Погоре видовме дека секоја храна си има свој гликемиски индекс, а  најчести примери за храна што треба да се избегнува поради високиот ГИ е:

 

[Поврзано: Горчливата вистина за благите сокови!]

Можност за внесување на повеќе здрава храна

 

Поголемиот број на оброци ни овозможува да внесуваме повеќе здрава храна, односно храна богата со сложени јаглехидрати, растителни влакна, квалитетни протеини, здрави маснотии итн. Ваквата храна има бројни корисни ефекти врз нашиот организам, а меѓу нив и ,,способност” добро да нè засити, што е од особена важност за процесот на слабеење.

Значи покрај главните 3 оброци во денот, здравите ужини помеѓу нив можат да играат доста битна улога во процесот на слабеење.

[Поврзано: Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?]

 

Поретките оброци можат да ја зголемат психолошката потреба за храна

Сите сме свесни дека ако подолго време сме без оброк, кога ќе дојде време да ручаме/вечераме, ќе изедеме многу повеќе отколку што објективно му е потребно на нашето тело.

Виновникот за оваа лоша навика, освен објективната потреба за храна е и психолошкиот момент на дополнителна потреба за храна.

При критично високите нивоа на инсулин, поттикнати од шеќерните пикови после обемните оброци, започнуваат процесите на складирање на енергијата, односно формирање на масните ткива – дебелеење.

 

[Поврзано: Инуслинска резистентност – сè почест проблем!]

Дополнителни совети за полесно губење на телесната тежина

  • Изберете храна која заситува! – свежа храна (овошје и зеленчук), полнозрнесата храна, протеинска храна итн.
  • Балансирајте ги оброците и ужините внимавајте на порциите и количините. Јадете почесто, по помали порции здрава храна.

  • Не ги следете само калориите, туку и типот на храна кој го јадете

  • Јадете ,,свесно”. Што се подразбира под овој поим, прочитајте тука.

  • Имајте план и не прескокнувајте оброци.

  • Максимално избегнувајте секакви сокови.

  • Побарајте поддршка од блиските!

Секако, ова се генерални совети во однос на слабеењето, но секој човек е различен, има различни животни навики, ритам на живеење и медицинска историја. Така, ако имате проблеми со килограмите или со заболувања кои се поврзани со животниот стил, добро е да консултирате професионалец:

ПРОГРАМА на Д-р Митов за здраво слабеење
ПРОГРАМА на Д-р Митов за справување со хипертензија
ПРОГРАМА на Д-р Митов за намалување на покачените масти и холестерол
ПРОГРАМА на Д-р Митов за лица со дијабет

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор