fbpx

Како да ја надминеме склоноста кон негативното размислување?

tonus

Дали некогаш сте забележале дека негативните емоции, како што се разочараноста и нервозата, знаат да имаат поголем импакт врз нас и да траат доста подолго од позитивните емоции?

Ако поголемиот дел од времето размислувате од негативна перспектива за животот и она што ви се случува, дефинитивно не сте сами. Иако фокусирањето на негативностите (проблемите и тешките предизвици) знае да биде и добра работа, односно нешто што ќе ви помогне пообјективно да ги согледате работите и да најдете начин да надминете некои тешкотии, сепак ако сакате да бидете среќни, големите ,,концентрации на негативна енергија”, можат сериозно да ве спречат во оваа намера.

Бидејќи нашиот мозок природно има тенденција да се ориентира кон негативностите, односно кон постојаното барање на решенија за проблемите, потребно е ние константно да стремиме кон позитивноста, со цел остварување на еден вид ,,баланс”.

"“Online”/

Но, како да го направиме ова? Во продолжение, разгледуваме повеќе начини за контролирање на негативните мисли!.

Песимизам и ризиците од него

 

Песимисти се луѓето кои на еден начин се ,,надвладеани” од негативните емоции, предизвикани од негативни настани и ситуации. Тие имаат склоност многу повеќе да им обрнуваат внимание на негативните работи, отколку на позитивните.

[Поврзано: Дали ОПТИМИСТИТЕ се поздрави?]

Со текот на времето, овие луѓе почнуваат да го перцепираат светот, односно сето она што ги опкружува, од негативната страна, а речиси никогаш не ги согледуваат евентуалните позитивни моменти.

Ваквиот начин на живот води кон постојано каење за грешките од минатото, постојано себепрекорување за сите лоши исходи, константна загриженост за иднината, стрес, депресивност, анксиозност итн.

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!]

Негативните емоции можат да бидат:

  • Несигурност
  • Тага
  • Лутина
  • Неволност
  • Срам
  • Вина
  • Разочарување
  • Паника
  • Хронична загриженост

Кога луѓето постојано се измачувани од наведените емоции:

  • повеќе ги паметат навредите, отколку комплиментите од опкржувањето.
  • постојано ,,бараат” нешто негативно во секоја работа.
  • многу почесто размислуваат за грешките во минатото и притоа изведуваат необјективни, престроги заклучоци кон себеси.
  • чувствуваат страв да не ги загубат врските и луѓето околу себе поради своја вина.
  • чувствуваат вина и срам за грешките кои ги направиле во минатото.
  • ги преувеличуваат своите грешки.
  • имаат големи проблеми со самодовербата.
  • не обрнуваат внимание на својата вредност.
  • почесто се лути и нервозни.
  • им се зголемува склоноста кон депресија, анксиозност, кон заболувањата кои се поврзани со стресот, како кардиоваскуларните болести, проблемите со дигестијата, апетитот, заморот, спиењето, концентрацијата итн.
  • им се зголемува ризикот од посегнување по различни опијати и ризикот од различни социјални нарушувања.

 

Од каде доаѓа ,,негативноста”?

 

Одредени експерти од областа на психијатријата, сугерираат дека склоноста кон негативното размислување е нешто што им помогнало на нашите претци да преживеат, односно дека ваквото размислување е еволутивно детерминирано.

Логиката зад овие тврдење е следната: Фокусирањето на негативностите, односно проблемите кои ни создаваат негативни емоции, како на пример лутина или беспомошност, како резултат на гладот или страв, како резултат на опасностите од предаторите, поттикнувало зголемување на стресот и итна акција кај нашите претци со една единствена цел – преживување.

Мозокот и ден денес им дава приоритет на негативните мисли, информации и ,,закани”. Ова ни помага уште од најмала возраст, кога се адаптираме на околината, односно учиме да ги избегнуваме работите кои би можеле да нè повредат физички, но и емотивно.

 

Кој дел од мозокот е одговорен за негативноста?

 

Истражувањата покажуваат дека негативните емоции ја активираат амигдалата, структура во лимбичниот систем на мозокот, која е одговорна за контролирање на емоциите помеѓу кои на пример и стравот од различните закани и лошите вести.

Лимбичниот систем игра значајна улога во контролирањето на многу когнитивни процеси, а амигдалата се смета за ,,најпримитивниот” или најпримарниот дел на овој систем кој е задолжен за контролирање на повеќе емоции, како и за мотивацијата.

Кога имаме некакво посилно негативно искуство, тоа многу полесно се ,,складира” во меморијата, отколку позитивното. Исто така, негативните искуства остануваат подолго во меморијата, што му овозможува на мозокот да ги процесира и учи од нив.

 

Како да ја надминеме склоноста кон негативно размислување?


Што можеме да направиме за негативните мисли да не ни станат приоритет?

 

Фокусирање на позитивно размислување:

Можете да научите како да ги ,,претворите” негативните мисли во позитивни. Процесот е едноставен, но потребно е време и вежбање – сепак креирате некаква нова навика.

Во продолжение, неколку совети за тоа како да размислувате попозитивно и да се однесувате оптимистички:

  • Пронајдете одредено поле во кое сакате промена. Ако сакате да размислувате и да се однесувате пооптимистично, најпрво идентификувајте некој област од животот за која најчесто имате песимистички став. Дали ќе биде тоа работата, некоја навика или врска, сеедно. Почнете полека и фокусирано:
  • Неколку пати во текот на денот, застанете и проценете какви мисли имате во дадениот момент. Ако забележите дека поголемиот дел од мислите се негативни, обидете се да ги изнесете на површината и позитивните мисли, кои скоро секогаш се исто така присутни, иако можеби ,,на прва” не ги забележувате.
  • Дозволете си да се насмеете, особено при тешки моменти. Обидете се хуморот да ви стане навика. Докажано, тоа го намалува стресот.
  • Размислувајте на работите за кои сте благодарни. Можеби ви изгледа дека се е црно, но со кратко размислување ќе забележите дека постојат барем неколку многу позитивни работи за кои сте бескрајно благодарни. Секогаш фокусирајте се на нив, ако треба запишувајте ги.
  • Бидете физички активни, најмалку 30тина минути, секој ден во неделата!

  • Обидете се да се опкружите со повеќе позитивни луѓе, кои не се двоумат да ви дадат поддршка, совет и разговор. Негативното опркужување може да предизвика зголемен стрес и да ви ја намали способноста за справување со стресот.
  • Секогаш однесувајте се љубезно со луѓето, односно не го правете на другите тоа што не сакате да ви биде направено вам. Но, бидете и љубезни кон себеси. Размислeте во ,,разговорите” со себеси, дали вашите заклучоци се донесени врз база на факти, врз база на дезинформации или пак недостаток од информации.
  • Не очекувајте дека ќе станете оптимист преку ноќ. Сепак, за тоа е потребно време. Дајте си време. Со секојдневно практикување на овие неколку скромни совети, за одредено време многу е веројатно дека ,,разговорите со себеси” ќе ви станат многу попозитивни, односно ќе бидат помалку самокритични, а повеќе во насока на себе-прифаќање. Исто така, можеби ќе станете и помалку критични спрема средината.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор