fbpx

Како исхраната може да помогне кај ГИХТ?

tonus

Гихтот е тип на артритис, инфламаторно или воспалително заболување на зглобовите. Тоа е еден од најчестите типови на артритис и погодува милиони луѓе ширум светот.

Луѓето со гихт имаат воспаленија, отоци и остри болки во зглобовите кои неретко се случуваат одеднаш, или ,,без предупредување”.

За среќа, за овој тип на артртис значително можат да помогнат промените во животниот стил, а постојат и соодветни медикаменти.

"“Online”/

Во продолжение, на кој начини самите можеме да си помогнеме при гихт.

Што претставува гихт?

За разлика од ревматоидниот артритис, гихтот не е автоимуно заболување, односно симптомите не се предизвикани од самонапаѓањето на организмот преку имуниот систем. Овој тип на артритис е предизвикан од високите концентрации на урична киселина во крвта. На тој начин уричната киселина може да се акумулира или да се насобере во зглобовите при што се создаваат кристали, предизвикувајќи воспаленија, чувство на непријатност, па и остри болки.

Гихтот се смета за помалку опасна состојба од ревматоидниот артритис, бидејќи при ревматоидниот артрит се можни и кардиоваскуларни и респираторни проблеми.

Ризик-фактори за појава на гихт и негови симптоми

Гихтот повеќе ги ,,напаѓа” мажите во однос на жените, а симптомите се разликуваат во зависност од индивидуата. Вклучително, се разликуваат и локациите во телото кои се зафатени од заболувањето.

Други ризик-фактори за гихт се:

◦ генетиката
◦ некои здравствени состојби поврзани со лошата исхрана, како метаболен синдром или само некои негови поединечни симптоми  – дијабет тип 2, повишени масти и холестерол, повишен крвен притисок, гојазност.
◦ употребата на некои медикаменти
◦ лоши навики, како алкохолизам

Класичните симптоми на гихт најчесто се акутни, односно се јавуваат како ,,напади” или поостри болки и отоци во зглобовите поради насобирањето на уричната киселина. Најчесто погоден предел од гихтот се зглобовите на големиот прст на стапалата, а нападите најчесто се случуваат во текот на ноќта и тоа само на еден зглоб, во почетните фази. Заради тоа што не е автоимуно заболување, гихтот не предизвикува и треска или главоболки и збунетост, како што тоа е случај при ревматоидниот артрит. Во одредени ситуации гихтот може да води кон создавање на камчиња во бубрезите.

Исхрана при гихт

Ако имате гихт, одредени прехранбени продукти можат да ги повишат нивоата на урична киселина и на тој начин да бидат тригер за ,,нападите”.

Ваквата храна најчесто е богата со пурини, супстанции кои природно се присутни во одредена храна. Ова не треба да биде причина за загриженост кај здравите индивидуи, бидејќи тие ефикасно ја исфрлаат од организмот формираната урична киселина.

Истражувањата покажуваат дека здравиот начин на живот и исхраната со намалени количества пурини можат значително да ги намалат нападите на гихт и ризикот од него.

Било каков тип на месо и животински продукти, односно високо-протеинска храна, алкохол и пиво се прехранбените продукти кои при гихт, треба по можност целосно да се избегнуваат. Интересно, истото не важи и за растителната храна богата со пурини.

Храната богата со фруктоза и засладената храна и пијалаци, исто така го зголемуваат ризикот од гихт и напади од гихт. Ваквата храна ги зголемува нивоата на урична киселина преку забрзувањето на одредени клеточни процеси.

Медитеранска исхрана – најдобар избор при артритис

Можеби најчесто поставуваното прашање од луѓето со артритис е каква исхрана треба да имаат и дали постои ,,специјална” исхрана за нивната состојба. Таква специјална исхрана не постои.

Но, според повеќе експерти на тема артритис и според Американската фондација за артритис, убедливо најдобрата исхрана за оваа состојба е Медитеранската.

Таа може да ви помогне и во намалувањето на килограмите (уште еден битен ризик-фактор за гихт), но треба да се знае дека ова не е диета, туку начин на исхрана, што значи усвојување на трајни навики. Ваквиот начин на исхрана е добар за секого, а во продолжение, зошто е најдобар за пациентите со артритис.

 

Низа студии потврдуваат дека Медитеранската исхрана може да:

◦ го намали ризикот од гихт, преку намалувањето на ризикот од хиперурикемија (енормно зголемени вредности на урична киселина во организмот) кај повозрасните лица.
◦ делува на намалување на високиот крвен притисок
◦ делува заштитувачки од инфламаторните хронични заболувања, помеѓу кои освен артритис и канцер, кардиоваскуларни заболувања итн.
◦ делува еднакво корисно на зглобовите како и на срцето
◦ делува на намалување на телесната тежина

Зошто Медитеранската исхрана е најдобра и при артритис?

При артритис, најважно е да јадеме ниско-калорична храна богата со растителни влакна и антиоксиданти – витамини, минерали, масни киселини (омега 3,6) и некои други специфични компоненти со антиоксидативно дејство. Всушност, храна која може да се бори со хроничната инфламација – прв ризик-фактор за артртис.

Најчестите намирници на Медитеранската исхрана се богати токму со овие компоненти, односно тоа се свежите овошки и зеленчук, полнозрнастите житарки, мешунките, рибата, јогурт и здравите маснотии, како маслиново масло и јаткасти плодови итн.

Едноставни промени во вашата постоечка исхрана можат значително да ве доближат до оваа исхрана. Ова вклучува:

  • јадење повеќе храна богата со растителни влакна, скробна храна, компири, грав, грашок, леќа и полнозрнасти житарки, интегрален леб и паста.
  • јадење повеќе свежа храна – овошки, зеленчук
  • што е можно поминимално консумирање на месо и млечни производи
  • избегнување на било каква процесирана храна (храна богата со додадени шеќери, заситени маснотии и многу сол)

 

Некои суплементи кои можат да бидат од помош:

 

Пред земањето на било каков суплемент, треба да се консултирате со лекарот кој будно ја следи вашата здравствена состојба. Тоа е пред сé важно заради дозирањето, но и можната интеракција на различните суплементи со одредени медикаменти кои често се употребуваат. Според истражувањата, суплементи и типови храна кои дале некакви позитивни резултати во однос на артритис се:

 

  1. Босвелиа серата– активната компонента на оваа билка има силни антивоспалителни и аналгетски својства.
  2. Капсицин– оваа компонента од пиперките може да делува на намалување на една супстанца која учествува во пренесувањето на сигналите на болка – аналгетско дејство.
    3. Куркума
     – се покажала како добра во намалувањето на отоците преку блокирањето на инфламаторните цитокини и ензими.
    4. Авокадо и соја ладно цедено масло
     – можат да делуваат антиинфламаторно.


    5. Омега 3 масни киселини– делуваат на инхибирањето на воспалителните протеини – цитокини, а се трансформираат од организмот и во одредени моќни компоненти со антивоспалително дејство.
    6. Гама линоленска киселина– омега 6 масна киселина која исто така телото ја трансформира во моќно антиоксидативно средство.
    7. Ѓумбир– во студиите, неговото суплементирање покажало слично ефекти како на ибупрофенот.

Други ,,лајфстајл” промени кои можат да помогнат:


Пијте доволно вода
за намалување на отоците. Пиењето на вода со лимон, исто така може да биде од помош за намалувањето на уричната киселина.

Ставајте мраз на болните зглобовинанесете тенки слоеви од мраз околу 15тина минути за да ја олесните болката.

Најдете начини за менаџирање со стресот хроничниот стрес може да ја влоши состојбата при гихт.

Подигнувајте ги болните зголбови благото подигнување може да доведе до подобра циркулација на крвта и флуидите во телото. Комбинирајте го ова со ставањето на мраз.

Пијте кафеспоред некои студии кафето може да делува на намалување на нивото на урична киселина.

Немојте да пиете алкохолособено пиво, кое е богато со пурини.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор